Јавното обвинителство и МВР потпишаа протокол за соработка

Јавното обвинителство и МВР потпишаа протокол за соработка

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска потпишаа Протокол за соработка со кој се уредуваат клучни области на заедничкото постапување на двете институции. Протоколот е изготвен на иницијатива на Здружението на јавните обвинители, а со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје. Протоколот дополнително ќе ја … Повеќе

Се подготвува алатка за мерење на перформансите на јавните обвинителства

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески денеска се обрати на конференцијата „Подобрување на ефикасноста, транспарентноста и отчетноста на Јавното обвинителство“ на која беше презентирана алатката во изработка за мерење на перформансите на јавните обвинителства. Во своето обраќање, Јовески потенцираше дека јавните обвинители не бегаат од отчетност и одговорност за својата работа, но и … Повеќе

Двајца возрасни и еден малолетник од струшко осомничени за полови дејствија со деца

Поради основано сомнение дека сториле кривични дела – Силување на дете кое не наполнило 15 години согласно член 188, Прикажување порнографски материјал на дете по член 193 и Задоволување на полови страсти пред друг согласно член 190 од Кривичниот законик, Основното јавно обвинителство Струга денеска поведе истрага против две лица, на возраст од 56 и … Повеќе

Запленето поголемо количество марихуана на патарина на автопатот Гостивар-Тетово, двајца осомничени

Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик. Покрај ова, против првоосомничениот е поведена постапка и за кривично дело – Предизвикување … Повеќе

Тројца обвинети за илегална трговија со дрога и амфетамин во Скопје

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против три лица за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Двајца од обвинетите се гонат за продолжено извршување на кривичното дело, бидејќи во временскиот период од почетокот … Повеќе

Притвор за осомничен за кражби на мобилни телефони во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 43-годишен скопјанец за кого постои основано сомнение дека сторил три кривични дела – Тешка кражба по член 236 став 1 точка 3 од Кривичниот законик. Во текот на претходната постапка беа обезбедени докази дека осомничениот на 20 и 26 октомври 2022, во продавница за облека во Градскиот трговски … Повеќе

Истрага против дилер на марихуана и психотропни супстанции

Основното јавно обвинителство Кочани донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори според член 215 став 1 од Кривичниот законик. Во семејна куќа во Виница, во сопственост на неговиот дедо, осомничениот кочанец држел 104,54 грама наркотична дрога марихуана … Повеќе

Странски државјанин осомничен за криумчарење златен накит, цариник осомничен дека му помагал

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица, од кои едното е осомничено за кривично дело – Криумчарење од член 278 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик, а второто за помагање при извршување на кривичното дело. На 20 март, на граничниот премин Аеродром Скопје, на влез … Повеќе

Предложен притвор за петмина дилери на дрога и психотропни супстанции од Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поведе истражни постапки против петмина осомничени за продолжено кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 во врска со член 22 и член 45 од Кривичниот законик. Во периодот од крајот на јануари до средината на март, осомничените четворица … Повеќе

Се преземаат дејствија за расчистување на кражба на монитор од бугарскиот Културно-информативен центар во Скопје

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, постапувајќи по поднесено известување од Министерството за внатрешни работи за извршена кражба во просториите на бугарскиот Културно-информативен центар во Скопје, ги издава сите потребни насоки и наредби за откривање на сторителите. Настанот се случи ноќта меѓу 15 и 16 март, кога непознати сторители со употреба на сила, освен … Повеќе

Скопјанец осомничен за два обиди за полов напад и силување

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 26-годишен скопјанец за кого постои основано сомнение дека се обидел да стори две кривични дела – едно кривично дело Полов напад и силување од член 186 став 3 во врска со став 1 и со член 19 од Кривичниот законик и едно кривично дело … Повеќе

Средба на Јавниот обвинител Јовески со шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје амбасадорот Вал

Досегашната и идната соработка во насока на подобрување на состојбите и зајакнување на капацитетите на Јавното обвинителство беше во фокусот на средбата меѓу Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески и шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје амбасадорот Килиан Вал. Јовески го запозна Вал со состојбите во Јавното обвинителството и со активностите кои … Повеќе

Тетовското обвинителство води истрага за недозволена трговија со марихуана и напад врз полицаец

Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 во врска со член 22, додека за едното од нив и за кривично дело – Напад врз службено лице при вршење … Повеќе

Две лица осомничени за грабнување, ОЈО Скопје предлага мерка притвор

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека извршиле дејствија на кривично дело –  Грабнување од член 141 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик. Тие на 3 март заедно учествувале во дејствија на грабнување на едно лице во Кисела Вода. … Повеќе

Истрага за тешка сообраќајна несреќа кај клучката Стенковец

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 43-годишен тетовец за кого постои основано сомнение дека сторил – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 2 во врска со член 297 став 1, како и кривично дело – Неукажување помош на лице повредено во сообраќајна … Повеќе

Издадени наредби по вчерашниот оружен инцидент на улицата „Самоилова“ во Скопје

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска издаде повеќе наредби во насока на расчистување на синоќешниот оружен инцидент во близина на Старата скопска чаршија, во кој две лица беа лишени од живот, а едно беше повредено. По наредба на јавниот обвинител ќе биде извршена обдукција на телото на починатите. Сите обезбедени и подигнати траги … Повеќе

Во тек увид за оружен инцидент во близина на Старата скопска чаршија

Дежурен јавен обвинител заедно со полициски увидни екипи вечерва врши увид на лице место во угостителски објект во кој во оружен инцидент убиени се две лица, додека едно е повредено. Според првичните информации, неколку маскирани лица со огнено оружје пукале кон двајцата кои починале на лице место, додека повредениот е пренесен во болница за да … Повеќе

Истрага за уништување на археолошкиот локалитет Влаху во Живојно

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно физичко и едно правно лице за кривично дело – Оштетување или уништување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости од член 264 од Кривичниот законик. Во периодот од ноември 2022 година до 03.03.2023, во селото Живојно, општина Новаци, првопријавениот … Повеќе

Двајца браќа од Батинци осомничени за насилство

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против двајца браќа за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело – Насилство од член 386 од Кривичниот законик. Двајцата осомничени, на возраст од 40 и 44 години, на 2 март во кафе бар во селото Батинци, извршиле грубо насилство и телесно повредиле едно лице. … Повеќе

Истрага против дилер на марихуана од Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наротични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Обвинителството постапува по кривична пријава против 25-годишник од Скопје, кај кого биле пронајдени 156,77 грама наркотична дрога – марихуана и две … Повеќе