Годишен извештај за работата на јавните обвинителства во 2024 година
ЦЕЛОСЕН ТЕКСТ НА ИЗВЕШТАЈОТ
ЦЕЛОСЕН ТЕКСТ НА ИЗВЕШТАЈОТ
Против 28-годишен скопјанец е поведена постапка за нанесување – Телесна повреда согласно член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Основното јавно обвинителство Скопје ја иницираше постапката поради основано сомнение дека тој, во семејниот дом во населбата Драчево, при вршење семејно насилство, телесно ја повредил неговата малолетна ќерка родена 2021 година. … Повеќе
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице кое е осомничено за нанесување телесна повреда согласно член 130 став 2 од Кривичниот законик. Во семејниот дом на улицата “Бутелска”, на 20 јуни, осомничениот 54-годишник, во алкохолизирана состојба, ja навредувал својата сопруга, а потоа и физички ја нападнал, удирајќи ја со чадор по телото и … Повеќе
Основното јавно обвинителство Скопје итно постапи за проверка на наводите изнесени од обвинет во текот на вчерашното рочиште од судењето за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. По наредба на јавен обвинител едно лице е лишено од слобода и против него е поведена истрага за – Помагање на сторител по извршено кривично дело согласно … Повеќе
Основното јавно обвинителство Охрид донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 2 лица за Тешки дела против безбедноста на луѓето имотот во сообраќајот од член 300 став 2 од Кривичниот законик, во врска со синоќешната сообраќајна несреќа на булеварот “Туристичка” во која едно лице го загуби животот, а уште едно беше тешко повредено. Првиот осомничен … Повеќе
Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност на јавен обвинител во вршење на јавнообвинителската функција при Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, по целосно спроведени две дисциплински постапки и испитани факти и околности, ги прифати предлозите поднесени од Јавниот обвинител на Република Северна Македонија и одлучи дека Вишиот јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство Скопје и … Повеќе
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице на возраст од 18 години, поради основано сомнение дека сторил кривично дело – Тешка телесна повреда од членот 131 став 6 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Постапката е поведена против едно од лицата инволвирани во вчерашниот инцидент во Чаир, додека … Повеќе
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице поради основано сомнение дека извршило кривично дело – Тешка кражба од член 236 став 1 точка 1 од Кривичниот законик. Осомничениот 23-годишник, на 02.01.2024 година, провалил во куќа на улицата „Востаничка“ во Скопје, така што со помош на пластична маса се качил на балконот од првиот … Повеќе
Поради основано сомневање дека сторил кривично дело – Загрозување на безбедноста на сообраќајот од член 297 став 1 од Кривичниот законик, Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 32-годишен скопјанец. Осомничениот, на 16 јуни во вечерните часови, под дејство на алкохол од 1.34 промили, управувал туѓ автомобил „Фолксваген пасат“ на улицата “Христо Татарчев” во Кисела … Повеќе
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. При вршење семејно насилство осомничениот 41-годишник телесно ја повредил неговата сопруга. Најпрво, во алкохолизирана состојба, ја натерал веднаш да одат и од банкомат да … Повеќе
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 40-годишен скопјанец за кого постои основано сомнение дека извршил кривично дело – Телесна повреда според член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Во семејниот дом на 8 јуни, во алкохолизирана состојба, осомничениот вршел семејно насилство и телесно ја повредил неговата мајка. Најпрво почнал … Повеќе
Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски и основниот јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Ислам Абази денеска учествуваат на вториот годишен Конслутативен форум на шефови на државни и специјални обвинителства во Западен Балкан, што во организација на Европравда се одржува во Тирана, Република Албанија. На состанокот … Повеќе
Основното јавно обвинителство Велес поведе постапка и предложи определување мерка притвор за едно лице осомничено за кривично дело – Насилство врз дете од член 201-а и шест кривични дела – Напад на службено лице при вршење работи на безбедноста согласно член 383 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Постои основано сомнение … Повеќе
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение за кривично дело – Разбојништво од член 237 став 1 од Кривичниот законик. На 10 јуни, двајцата соизвршители одзеле пари од човек кој забележале дека разменува девизи. Го следеле и кога наближил кон неговата … Повеќе
Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот 53-годишник, на 29 ноември 2024 година, неовластено продал 994,8 грама кокаин … Повеќе
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривични дела – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи од член 396 од Кривичниот законик. При претрес во домот во кој престојувал осомничениот 29-годишник на улицата “Благоја Паровиќ” во Скопје, било пронајдено поголемо … Повеќе
Со истражната постапка за пожарот во кочанската дискотека “Пулс” е опфатено уште едно лице за кое е поведена истрага за – Тешки дела против општата сигурност од член 292 во врска со член 288 од Кривичниот законик. Во текот на досегашната постапка се обезбедија докази согласно кои за сега осомничениот се утврди дека е одговорно … Повеќе
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 20-годишник за кого постои основано сомнение дека во само неколку дена во мај извршил четири кривични дела – Тешка кражба од член 236 став 1 точка 1 од Кривичниот законик. На 6 мај со алат и физичка сила ја скршил вратата од кафе бар во еден трговски центар … Повеќе
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица за кои постои сомнение дека како соизвршители се обиделе да сторат кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 3 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик. Осомничените, од кои двајца браќа и нивен … Повеќе
Постапувајќи по кривична пријава од група граѓани, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје изврши проверки и донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Бесправно градење од член 244-а од Кривичниот законик. Објектот почнал да се гради во 2024 година, без одобрение и на државно земјиште на улицата “Кемал … Повеќе