Односи со Јавноста

Тројца албански државјани илегално влегле во земјава и го прекршиле полицискиот час

Постапувајќи по поднесена кривична пријава, Основното јавно обвинителство Гостивар поведе постапка против три лица, државјани на Република Албанија, заради сторено кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетите, на 24 мај, на подрачјето на општина Маврово и Ростуше, ги прекршиле правилата за ограничување … Повеќе

Побарани парични казни од по 2000 евра за две лица во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе предлози за издавање казнени налози против две лица кои не го почитувале полицискиот час. Спротивно на Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија, лицата биле затекнати како се движат на различни локации без да поседуваат дозвола за тоа. На овој начин тие го … Повеќе

Парични казни за десетмина во Битола

Основното јавно обвинителство Битола до Основниот суд Битола поднесе  предлози за издавање на казнени налози за вкупно 10 лица, сите поради сторено кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетите во деновите од  22 до 25 мај 2020 година, биле затекнати надвор од … Повеќе

Четири лица во Скопје обвинети за непочитување на полицискиот час

Основното  јавно обвинителство Скопје денеска поднесе три предлози за издавање казнени налози со кои се опфатени вкупно 4 лица, осомничени за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетите го прекршиле полицискиот час, односно спротивно на Одлуката за забрана и посебен режим за … Повеќе

Парични казни за непочитување на полицискиот час во Прилеп и Крушево

Основното јавно обвинителство Прилеп денеска до Основниот суд Прилеп поднесе предлози  за издавање казнени налози против 24 лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Обвинителството поведе постапка и против едно лице од Крушево, па до Основниот суд Крушево поднесе предлог за … Повеќе

Тетовското обвинителство поведе постапка против 17 лица

Основното јавно обвинителство Тетово поднесе предлози за издавање казнени налози против 17 лица за сторено кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетите го прекршиле полицискиот час и за време на забраната се движеле на различни локации во градот, со што постапиле спротивно … Повеќе

Парични казни за петмина во Струга

Основното јавно обвинителство Струга поднесе предлози за издавање казнени налози за пет лица кои во одделни кривично правни настани го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Еден од нив во Република Македонија пристигнал од Република Австрија, по што согласно донесените здравствени … Повеќе

Предложени казнени налози за 10 лица во Велес

Против 10 лица Основното јавно обвинителство Велес до надлежен суд денеска поднесе предлози за издавање казнени налози за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Сите обвинети го прекршиле полицискиот час, односно постапиле спротивно на Одлуката за забрана и посебен режим за движење … Повеќе

Шестмина обвинети во Ресен заради непочитување на полицискиот час

Основното јавно обвинителство Ресен достави предлози за издавање казнени налози против шест лица заради непочитување на полицискиот час. Обвинетите не постапиле според прописите и наредбите со кои се определуваат мерки за сузбивање или спречување на заразна болест, односно според Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија. Тие биле … Повеќе

Притвор заради поседување оружје

Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против скопјанец на возраст од 26 години, поради постоење на основано сомнение дека го сторил кривичното дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот на 19.05.2020 година во својот патнички автомобил … Повеќе

Скопјанец обвинет за полов напад врз дете

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе Обвинителен акт против едно лице на возраст од 39 години  за кривично дело – Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години од член 188 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот, на 10 февруари, во напуштен објект позади прифатниот центар за бездомници „Ранка Милановиќ“ … Повеќе

Обвинение за скопјанец кој за време на полициски час нападнал полицајци

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе Обвинителен предлог против едно лице кое се товари за кривични дела – Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста од член 383 став 2 во врска со став 1, како и Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 … Повеќе

Поведени постапки против 23 лица во Скопје заради непочитување на полицискиот час

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе предлози за издавање казнени налози против 23 лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетите не постапиле согласно Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија и за време на … Повеќе

Предлог за казнени платни налози за 23 лица и за две лица условни осуди за непочитување на полицискиот час во Гевгелија

Основното јавно обвинителство-Гевгелија до Основниот суд во Гевгелија достави предлози за издавање на казнен налог против 25 лица кои спротивно на забраната за движење за време на полицискиот час, без дозвола пеш или со возила се движеле низ Гевгелија, Нов Дојран, Богданци и нивната околина. Во 21 одделен кривично правен настан, непочитувајќи ја забраната за … Повеќе

Едно обвинение, 16 парични казни за непочитување на полицискиот час во Гостивар

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен предлог против едно лице, државјанин на Република Албанија, заради сторено кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот 25-годишник, на 16 мај во 04:15 часот, за време на полицискиот час, бил затекнат како се движи со коњ … Повеќе

Предложени парични казни за три лица во Штип

Основното јавно обвинителство Штип до Основниот суд Штип достави предлози за издавање казнени налози против три лица за сторено кривично дело – Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија, предвидено и казниво по член 206 став 1 од Кривичниот законик. Со предлогот, обвинителството побара судот обвинетите да ги оглеси за виновни и да им … Повеќе

Петмина од Дебар со казнени налози

Основното јавно обвинителство – Дебар постапувајќи по примените кривични пријави, денеска до Основниот суд во Дебар достави предлози за издавање на казнен налог за пет полнолетни лица. Лицата се обвинети дека непочитувајќи ја забраната за движење сториле кривично дело Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија, предвидено и казниво по член 206 став 1 … Повеќе

Едно лице осомничено за разбојништво во Битола

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Разбојништво од член 247 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот, на 17 мај, ја пресретнал оштетената на улица и силно ја турнал со рацете. Кога оштетената паднала, удирајќи директно со главата на земјата, осомничениот ѝ го одзел паричникот … Повеќе

Обвинети 19 лица во Скопје заради непочитување на здравствените прописи

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка пред надлежен суд против вкупно 19 лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Имено, 18 од обвинетите биле затекнати при непочитување на Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна … Повеќе

Тројца скопјани, две лица од Пробиштип и една штипјанка обвинети за непочитување на полицискиот час

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство-Штип, денеска до Основниот суд во Штип поднесе предлози за издавање казнени налози против шест лица. На лицата им се става на товар дека не ги почитувале мерките за забрана за движење и во време на полициски час, две лица без дозвола се движеле низ Пробиштип, едно лице за … Повеќе