Перо Коробар

Перо Коробар

korobarПрв јавен обвинител на Македонија. Роден 1916 година во Велес. Дипломирал на Правниот факултет во Белград 1939 година.

Во неговото богато работно искуство се вбројуваат следните работни задачи што ги извршувал – помошник на Повереникот за внатрешни работи при АСНОМ, војно судски истражител – обвинител во Вишиот воен суд при Главниот Штаб на НОВ и ПОЈ на Македонија, како и во Врховниот штаб на НОВ и ПОЈ во Белград.

На 31.03.1945 е назначен за Главен обвинител на Македонија, но за кратко време бил избран за помошник на Јавниот обвинител на ФНРЈ.

Во 1947 година е назначен за началник на Одделението за законодавство и организација на Државната управа, по што следуваат неговите работни ангажмани во Сојузното одделение за изградба на власта, Секретар за законодавство во Владата на Македонија, пратеник во АЗТ, Претседател на Уставниот суд на Република Македонија и Претседател на Сојузниот суд на Југославија, началник на Одделот за надворешни работи во ЦК на КПМ, управник на Македонскиот народен театар, член на Ревизионата комисија на ЦК на КПМ, член на Културно-просветниот одбор на Југославија и потпретседател на Културно-просветниот собор на Југославија и потпретседател на Културно-просветната заедница на Македонија, член на Главниот одбор на Социјалистичкиот сојуз, член на Претседателството на Сојуз на борците од НОВ на Македонија и член на Советот на Република Македонија. Починал во Скопје во 2004 година.