Ставре Џиков

Ставре Џиков

dzikovРоден е во 1952 година во градот Џорџонов во Полска. Дипломирал на правниот факултет во Скопје.

По завршувањето на високото образование повеќе години работел како истражен судија во Основниот суд Скопје-2. Во 1999 година е  именуван за Јавен обвинител на Република Северна Македонија. Оваа функцијата ја извршувал до 2002 година. Како Јавен обвинител на Република Северна Македонија во периодот на воениот конфликт во 2001, ги покренал истрагите и обвиненијата за воени злосторства против т.н. ОНА и ја започнал соработката со трибуналот во Хаг. По заминувањето од функцијата Јавен обвинител на Република Северна Македонија, се вклучува во адвокатурата, каде работи и денес.

Автор е и на повеќе стручни научни статии од областа на судството, обвинителството и адвокатурата.