Соопштение

Соопштение

Тим од обвинители од Јавното обвинителство во текот на вчерашниот ден беше во косовското Обвинителство и оствари директна средба за обезбедување докази во врска со предистрагата поврзана со работата на Клиниката за радиотерапија и онкологија. Од косовските органи, преку контакт-точките во Европската правосудна мрежа, се побарани конкретни податоци неопходни за проверка на наводите врз основа … Повеќе

Истрага за двојно убиство во Гевгелија

Oсновното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои сомнение дека сторил две кривични дела  -Убиство од член 123 од Кривичниот законик. Осомничениот 69-годишник, на 24 септември, со умисла ги лишил од живот сопствениот брат и неговата сопруга, со кои живееле во иста семејна куќа со различни влезови. … Повеќе

Откриен предизвикувач на тешка сообраќајна несреќа во Скопје, за половина час сторил три кривични дела   

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 18-годишен скопјанец, за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Одземање на моторно возило од член 242, со одземеното возило сторил кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 2 во врска со … Повеќе

Откриен сторител на тешки кражби во Дојран, поведена постапка

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија поведе постапка против едно лице кое е осомничено за продолжено кривично дело – Тешка кражба од член 236 став 1 точка 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик. Во периодот од мај 2021 до 19 септември 2023 година, искористувајќи исти прилики кога оштетените не престојувале во … Повеќе

Притвор за дилер на дрога од Гевгелија

Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривични дела – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори член 215 став 1 и Овозможување употреба на наркотични дроги од член 216 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот, во … Повеќе

Дрзок напад врз полициски службеници во Струга

Основното јавно обвинителство Струга поднесе предлог за определување мерка притвор против двајца осомничени од селото Велешта, за кои постои основано сомнение дека сториле кривични дела – Спречување на службено лице во вршење службено дејствие по член 382 и Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста по член 383 од Кривичниот законик. Двајцата осомничени … Повеќе

Истрага за обид за убиство во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поведе истражна постапка против 33-годишник од Арачиново, бидејќи постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Убиство според член 123 став 3 во врска со член 19 (во обид). Освен тоа, за осомничениот е поведена постапка и за – Предизвикување општа опасност по член 288 став 1 од Кривичниот законик. На … Повеќе

Предложен притвор за осомничен за силување во струмичко

Основното јавно обвинителство Струмица донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 25-годишник за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Полов напад и силување од член 186 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот го сторил делото на 13 септември, во раните утрински часови, кога влегол во домот на … Повеќе

Соопштение

Тим од јавни обвинители и истражители од Основното јавно обвинителство Скопје преземаат дејствија за испитување на наводите кои првично упатуваат на основи за сомнение за сторени кривични дела против здравјето на луѓето и проневера во службата на Клиниката за радиотерапија и онкологија. Со цел испитување на ваквите наводи, до овој момент од Клиниката е обезбеден … Повеќе

Обвинителствата ефикасни и покрај недоволните човечки и материјални ресурси во 2022 година

Годишниот извештај за работата на јавните обвинителства во 2022 година го анализира обемот на работа на обвинителствата, кои и со намалени човечки ресурси, но со добра организација, не само што го совладаа приливот на нови предмети, туку го намалија заостатокот на нерешените. Така, во извештајната година биле примени пријави против 19.934 познати сторители на кривични … Повеќе

Соопштение

Имајќи го предвид фактот дека со предметот кој се води во врска со Клиниката за онкологија се испитува евентуална повреда на највисокото уставно загарантирано право на здравствена заштита, Основното јавно обвинителство Скопје ќе преземе дополнителни чекори за обезбедување максимална транспарентност и отчетност на постапката. Врз основа на барањето на онколошките пациенти изнесено на средбата која … Повеќе

Откриено автоматско оружје и муниција, истрага против три лица

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица, од кои едно во моментов е недостапно на органите на прогонот. Постои основано сомнение дека тие сториле кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и трговија со оружје или распрскувачки материјали од член 396 став 2 во врска со став 1 од … Повеќе

Поднесено обвинение за грабнување

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против две лица, од кои едното е обвинето за кривично дело – Грабнување од член 141 став 2 во врска со став 1, сторено во соизвршителство, додека второто е обвинето за помагање при извршувањето на кривичното дело. За истиот настан, постапката против уште едно … Повеќе

Скопјанец осомничен за разбојништво

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 47-годишник за кого постои основано сомневање дека сторил кривично дело – Разбојништво според член 237 став 4 во врска со став 1 од  Кривичниот законик. На 4 септември, осомничениот влегол во маркет на булеварот „АСНОМ“ и веднаш се упатил во просторот … Повеќе

Јавното обвинителство – потписник на Декларацијата за формирање на регионална компонента на GlobE-мрежата за Западен Балкан

Делегација на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, составена од јавните обвинители Ферат Елези и Анита Тополова Исајловска, денеска во Виена учествуваше на регионалниот настан по повод формирањето на регионалната компонента на GlobE – Глобалната оперативна мрежа на антикорупциски органи. „Важна придобивка од воспоставувањето на регионалната компонента на мрежата ќе биде поставената цел за подигање … Повеќе

Предложен притвор за двајца осомничени за изнуда

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело – Изнуда по член 258 став 1 во врска со член 22 од Kривичниот законик. Двајцата браќа од скопско Ржаничино, на возраст од 27 и 22 години, како соизвршители, во … Повеќе

Соопштение

Јавното обвинителство и Министерството за внатрешни работи, врз основа на своите законски надлежности, интензивно преземаат дејствија за испитување на наводите за евентуално сторени кривични дела поврзани со третманот на пациенти и работата на Клиниката за онкологија. Во континуитет сe издаваат наредби и се обезбедуваат докази кои треба да ја проверат вистинитоста на наводите изнесени во … Повеќе

Соопштение

Во текот на вчерашниот ден, врз основа на судска наредба, по насоки на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, припадници на МВР извршија претреси на Клиниката за онкологија, како и на уште две локации во приватни станови во Скопје. Притоа беа одземени компјутери, компјутерски податоци и друга документација, кои ќе бидат предмет на анализа … Повеќе