Предложен притвор за осомничен за силување во струмичко

Предложен притвор за осомничен за силување во струмичко

Основното јавно обвинителство Струмица донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 25-годишник за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Полов напад и силување од член 186 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот го сторил делото на 13 септември, во раните утрински часови, кога влегол во домот на … Повеќе

Соопштение

Тим од јавни обвинители и истражители од Основното јавно обвинителство Скопје преземаат дејствија за испитување на наводите кои првично упатуваат на основи за сомнение за сторени кривични дела против здравјето на луѓето и проневера во службата на Клиниката за радиотерапија и онкологија. Со цел испитување на ваквите наводи, до овој момент од Клиниката е обезбеден … Повеќе

Обвинителствата ефикасни и покрај недоволните човечки и материјални ресурси во 2022 година

Годишниот извештај за работата на јавните обвинителства во 2022 година го анализира обемот на работа на обвинителствата, кои и со намалени човечки ресурси, но со добра организација, не само што го совладаа приливот на нови предмети, туку го намалија заостатокот на нерешените. Така, во извештајната година биле примени пријави против 19.934 познати сторители на кривични … Повеќе

Соопштение

Имајќи го предвид фактот дека со предметот кој се води во врска со Клиниката за онкологија се испитува евентуална повреда на највисокото уставно загарантирано право на здравствена заштита, Основното јавно обвинителство Скопје ќе преземе дополнителни чекори за обезбедување максимална транспарентност и отчетност на постапката. Врз основа на барањето на онколошките пациенти изнесено на средбата која … Повеќе

Откриено автоматско оружје и муниција, истрага против три лица

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица, од кои едно во моментов е недостапно на органите на прогонот. Постои основано сомнение дека тие сториле кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и трговија со оружје или распрскувачки материјали од член 396 став 2 во врска со став 1 од … Повеќе

Поднесено обвинение за грабнување

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против две лица, од кои едното е обвинето за кривично дело – Грабнување од член 141 став 2 во врска со став 1, сторено во соизвршителство, додека второто е обвинето за помагање при извршувањето на кривичното дело. За истиот настан, постапката против уште едно … Повеќе

Скопјанец осомничен за разбојништво

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 47-годишник за кого постои основано сомневање дека сторил кривично дело – Разбојништво според член 237 став 4 во врска со став 1 од  Кривичниот законик. На 4 септември, осомничениот влегол во маркет на булеварот „АСНОМ“ и веднаш се упатил во просторот … Повеќе

Јавното обвинителство – потписник на Декларацијата за формирање на регионална компонента на GlobE-мрежата за Западен Балкан

Делегација на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, составена од јавните обвинители Ферат Елези и Анита Тополова Исајловска, денеска во Виена учествуваше на регионалниот настан по повод формирањето на регионалната компонента на GlobE – Глобалната оперативна мрежа на антикорупциски органи. „Важна придобивка од воспоставувањето на регионалната компонента на мрежата ќе биде поставената цел за подигање … Повеќе

Предложен притвор за двајца осомничени за изнуда

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело – Изнуда по член 258 став 1 во врска со член 22 од Kривичниот законик. Двајцата браќа од скопско Ржаничино, на возраст од 27 и 22 години, како соизвршители, во … Повеќе

Соопштение

Јавното обвинителство и Министерството за внатрешни работи, врз основа на своите законски надлежности, интензивно преземаат дејствија за испитување на наводите за евентуално сторени кривични дела поврзани со третманот на пациенти и работата на Клиниката за онкологија. Во континуитет сe издаваат наредби и се обезбедуваат докази кои треба да ја проверат вистинитоста на наводите изнесени во … Повеќе

Соопштение

Во текот на вчерашниот ден, врз основа на судска наредба, по насоки на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, припадници на МВР извршија претреси на Клиниката за онкологија, како и на уште две локации во приватни станови во Скопје. Притоа беа одземени компјутери, компјутерски податоци и друга документација, кои ќе бидат предмет на анализа … Повеќе

Скопјанец осомничен за неколку кривични дела против имотот

Против 19-годишен скопјанец Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка, бидејќи постои основано сомнение дека сторил две тешки кражби, една кражба, еден обид за тешка кражба и едно одземање моторно возило. Согласно доказите обезбедени до овој момент, осомничениот на 14 јуни, од ресторан на булеварот „Словенија“ одзел 700 евра и 11.000 денари. Искористувајќи ја околноста што … Повеќе

Двајца браќа осомничени дека изнудиле повлекување жалба на јавна набавка

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против двајца браќа, на возраст од 23 и 25 години, за кои постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело – Изнуда од член 258 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Со намера да прибават противправна имотна корист за правно … Повеќе

Јавниот обвинител на РСМ испрати писмено барање до Судскиот совет

Во врска со информациите од 452-та седница на Судскиот совет на Република Северна Македонија, на која беше разгледан и усвоен извештај од работна посета на Основен кривичен суд Скопје, Јавниот обвинител на Република Северна Македонија испрати писмено барање до Судскиот совет. Барањето го објавуваме интегрално:

Гостиварец осомничен за производство на детска порнографија

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 30-годишен гостиварец, затоа што постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Производство и дистрибуција на детска порнографија од член 193-а  став 1 од Кривичниот законик. Во периодот од 2022 година до 26.06.2023 година во Гостивар, осомничениот произведувал детска порнографија, снимајќи во повеќе наврати … Повеќе

Албански државјанин осомничен за напад врз полициски службеници на ГП „Блаце“

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 44-годишен државјанин на Република Албанија, осомничен за кривично дело – Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста од член 383 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. На 25 август, на граничниот премин „Долно Блаце“, осомничениот физички нападнал полициски службеници кои вршеле проверка … Повеќе

Татко и син од Скопје осомничени за илегална трговија со дрога и психотропни супстанции

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица – татко и син, за кои постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори според член 215 став 1 од Кривичниот законик. Во нивниот дом, … Повеќе

Истрага за напад врз службено лице во Струмица

Основното јавно обвинителство Струмица донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 13 лица за кои постои основано сомнение дека во соизвршителство сториле кривично дело – Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста според член 383 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Сите осомничени заедно, на 18 август, нападнале службено … Повеќе