Мерки на претпазливост за осомничени за учество во физичка пресметка со бугарски навивачи во Чаир

Мерки на претпазливост за осомничени за учество во физичка пресметка со бугарски навивачи во Чаир

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје денеска поднесе Предлог за определување мерки на претпазливост против четири лица за кои е поведена постапка за учество во инцидентот кај трговскиот центар „Чаирчанка“ во кој беше повреден еден бугарски државјанин. Постои основано сомнение дека лицата на возраст од 28 до 32 години учествувале во физичка … Повеќе

Предложен притвор за осомничен за обид за убиство на полициски началник во Струга

Основното јавно обвинителство Струга донесе Наредба за спроведување истражна постапка против лице на возраст од 44 години, за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Убиство според член 123 став 2 точка 8 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик. Осомничениот се обидел да лиши од живот лице кое врши … Повеќе

Две лица осомничени за недозволена трговија со марихуана

Поради основано сомнение дека сториле кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик, Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица. На 26 јули, осомничениот 47-годишен жител на струмичкото село Банско договорил со пријател да … Повеќе

Стружанец нападнал полицајци во полициска станица, предложен притвор

Основното јавно обвинителство Струга поведе постапка против 30-годишник осомничен за кривично дело – Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста согласно член 383 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот, на 26 јули, влегол во просториите на ОВР Струга и на полициските службеници започнал да им вика и да … Повеќе

Се постапува за расчистување на настанот со повреден бугарски навивач кај ТЦ “Чаирчанка”

Основното јавно обвинителство Скопје е известено за настанот и ги издава сите потребни наредби и насоки за идентификација на лицата кои учествувале во инцидентот во кој вчера беше повреден еден навивач на фудбалскиот клуб “Левски” од Софија. Според првичните сознанија, до настанот дошло додека навивачи на ФК “Левски” со две возила со бугарски регистарски ознаки … Повеќе

Четворица членови на едно семејство обвинети за држење и пренесување марихуана

По спроведена истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против четири лица за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик. Еден од обвинетите се гони и за кривично дело … Повеќе

Еден осомничен за нанесување тешка телесна повреда во Битола

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Тешка телесна повреда од член 131 став 3 од Кривичниот законик. Осомничениот, на 24 јули пред куќа на улицата „Сотир Брбевски“ во Битола, без особен повод или причина, со нож прободел и расекол едно лице во абдоменот, нанесувајќи … Повеќе

Истрага за задоволување полови страсти пред друг

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 63-годишен скопјанец за кого постои основано сомнение дека сторил три кривични дела – Задоволување полови страсти пред друг од член 190 од Кривичниот законик, од кои едното полово дејствие го извршил пред дете кое наполнило 14 години. На 24 јули, патувајќи со воз, во близина … Повеќе

Извршен увид на местото на тешка сообраќајна несреќа кај Битола

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола изврши увид на местото на тешка сообраќајна несреќа со смртни последици на патот Прилеп-Ресен. Според првичните наоди при увидот, до несреќата дошло при директен судар на автомобил Опел корса со битолски регистарски ознаки и товарно возило со штипски регистарски ознаки. Во сударот животот го загубил 24-годишниот возач … Повеќе

Предложен притвор за лице барано со меѓународна потерница

Основното јавно обвинителство Струга до Основниот суд во Струга достави предлог за определување притвор против 35-годишен државјанин на Република Албанија за кого од 31 мај е издадена меѓународна потерница со барање за апсење од Интерпол Брисел, Белгија. Странскиот државјанин на 22 јули бил лишен од слобода на граничниот премин Ќафасан-Струга. Белгиските власти го бараат за … Повеќе

Расчистени кражби во цркви, поведена постапка против едно лице

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 22-годишен скопјанец за кого постои основано сомнение дека сторил три кривични дела – Тешка кражба по чл.236 ст.1 т.1, едно кривично дело – Тешка кражба по чл.236 ст.1 т.3  и едно кривично дело – Кражба по чл.235 ст.1 од Кривичниот законик. Осомничениот, во периодот од 19.06.2023 до 16.07.2023 … Повеќе

Договорена потесна координација на активностите меѓу јавните обвинителства и финансиската полиција

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески денеска оствари средба со директорот на Управата за финансиска полиција Горан Иванов со кого разговараше за потесна соработка и координација на дејствијата меѓу обвинителството и финансиската полиција во насока на обезбедување ефикасен кривичен прогон. На средбата присуствуваа и основниот јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Скопје Гаврил … Повеќе

Истрага за убиство во велешко

Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 25-годишен жител на селото Виничани за кого постои основано сомнение дека со умисла лишил од живот едно лице, со што сторил кривично дело – Убиство од член 123 став 1 од Кривичниот законик. На 19 јули настанала вербална расправија за водоводна цевка во селото … Повеќе

Годишна сметка на Основното јавно обвинителство Штип за 2022 година

Годишна сметка на Основното јавно обвинителство Штип за 2022 година – 1  Годишна сметка на Основното јавно обвинителство Штип за 2022 година – 2 Годишна сметка на Основното јавно обвинителство Штип за 2022 година – 3 Годишна сметка на Основното јавно обвинителство Штип за 2022 година – 4

Координативна средба меѓу Јавното обвинителство и МВР

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески денеска организираше координативна средба со претставници на Министерството за внатрешни работи, предводени од директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски. Целта на средбата, на која присуствуваа јавни обвинители од неколку јавни обвинителства и шефови на повеќе оддели во МВР, беше дополнително интензивирање на соработката и забрзување … Повеќе

Соопштение

Јавното обвинителство ја оценува како целосно беспредметна и непотребна иницијативата на Државната комисија за спречување на корупцијата во врска со конфискацијата на имотот во предметот „Труст“. Иако Јавното обвинителство ќе ја прими иницијативата како и секоја друга претставка, крајно е нецелисходно ДКСК да поднесува иницијативи за кривично гонење за предмети во кои обвинителството веќе постапува. … Повеќе

Еден обвинет за разбојништво и тешка кражба во Скопје  

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против 29-годишник против кого се води постапка за кривични дела – Разбојништво од член 237 став 1 во врска со член 22 и Тешка кражба од член 237 став 1 точка 3 од Кривичниот законик. Обвинетиот, на 13 април, заедно во договор со непознато женско лице, со употреба … Повеќе

Јовески на средба со членовите на ДКСК

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески денеска, на сопствена иницијатива, оствари средба со членовите на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК). На средбата, во рамките на активностите за зајакнување на националниот фронт за борба против корупцијата, двете институции ги разгледаа можностите за дополнително унапредување на меѓусебната соработка. Притоа, Јовески оцени дека по … Повеќе

Издадени наредби за испитување на несреќата во Шипковица во која загинаа двајца работници

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово изврши увид на лице место во Шипковица, каде при изградба на потпорен ѕид вчера загинаа двајца работници. Издадена е наредба за обдукција на телата на починатите, а јавниот обвинител нареди да се обезбеди и целокупната документација од правниот субјект кој ги ангажирал работниците, како и документацијата од општината … Повеќе