Психотропни супстанции пронајдени во стан во Скопје, поведена истрага

Психотропни супстанции пронајдени во стан во Скопје, поведена истрага

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 38-годишен тетовец со непријавено престојувалиште во Скопје, кој е осомничен дека сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори  од член 215 став 1 од Кривичниот законик. На 9 септември, по пријава за … Повеќе

Истрага за убиство во Кочани

Основното јавно обвинителство Кочани донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица, кои се осомничени дека како соизвршители извршиле кривично дело – Убиство според член 123 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик. Двајцата осомничени, по претходна расправија, лишиле од живот едно лице, нивен сосед, удирајќи го повеќе пати со тврди … Повеќе

Побарана подготвителна постапка спрема дете за предизвикување пожар во Расадник

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до судијата за деца во Основниот кривичен суд Скопје поднесе барање за поведување подготвителна постапка спрема дете во судир со законот кое презело дејствија кои со закон се предвидени како кривично дело – Предизвикување општа опасност по член 288 став 1 од Кривичниот законик. На 3 септември во … Повеќе

Две лица осомничени за илегална трговија со дрога во Велес

Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори според член 215 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик. Осомничените, велешанец и велешанка, во … Повеќе

Скопјанец осомничен за обид за силување

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Полов напад и силување од член 186 став 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик. На 5 септември, осомничениот 31-годишник нападнал жена во Кисела Вода и спротивно на … Повеќе

Нареден инспекциски надзор над работите на автопатот Скопје-Куманово, издадено решение за итно запирање

По наредба на јавен обвинител, инспектор за патишта од Државниот инспекторат за транспорт изврши вонреден инспекциски надзор над градежните работи што ги изведува правно лице на автопатот А2, клучка Хиподром-наплатна станица Миладиновци, каде во сообраќајната несреќа која се случи на 2 септември автомобил „Мерцедес“ удри во товарно возило, сопственост на правното лице ангажирано на проектот, … Повеќе

Се испитува одговорноста на две лица за тешка сообраќајна несреќа на автопатот Скопје – Куманово

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Предлог за определување мерка краткотраен притвор за две лица за кои се во тек проверки на сомненијата дека сториле кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 2 во врска со член 298 став 1 од … Повеќе

Пуштена во употреба лабораторија за дигитална форензика во ОЈО ГОКК

Во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, во присуство на заменик амбасадорката на САД Никол Варнс, денеска и официјално е пуштена во употреба лабораторија за дигитална форензика. Со поддршка на Амбасадата на САД се набавени неопходните хардверски и софтверски компоненти за хардверско и софтверско опремување во областа на дигиталната форензика во … Повеќе

Истрага за обид за убиство

Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице осомничено за кривично дело – Убиство според член 123 став 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик и до надлежниот суд поднесе предлог за определување мерка притвор за осомничениот 36-годишник. На 30 август во селото Стримница, пред угостителски … Повеќе

Дилери затекнати при препакување марихуана во тетовско, поведена истрага

Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица, кои како соизвршители сториле кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик. На 28 август, двајцата осомничени, во атарот на селото Палатица, … Повеќе

Истрага за запуштање и малтретирање бебе во Велес

Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против мајката на 6-месечно бебе кое на 12 јули беше пронајдено оставено на клупа на улицата „8 Септември“. Бебето го забележал случаен минувач и го однел во ЈЗУ Општа болница Велес, каде било примено во тешка општа здравствена состојба. Во текот на предистражната постапка, надлежен … Повеќе

Скопјанец осомничен за други полови дејствија врз малолетник

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 58-годишен скопјанец за кого постои сомнение дека извршил други полови дејствија врз дете родено 2008 година, со што сторил кривично дело согласно член 186 став 7 во врска со став 2 и став 1 од Кривичниот законик. Во раните утрински часови денеска, осомничениот во парк во една населба … Повеќе

ОЈО Скопје поднесе жалба на пресудата за автобуската несреќа на “Дурмо турс”

Предметниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до Апелациониот суд Скопје изјави жалба против пресудата К.бр.1407/19 на Основниот кривичен суд Скопје во предметот за автобуската несреќа кај Ласкарци. Според јавниот обвинител, во овој случај, првостепениот суд донесе извонредно значајна пресуда битна за нашиот казнено-правен систем и покажа дека никој не може да ја дерогира … Повеќе

Соопштение

Основното јавно обвинителство Скопје е известено од Министерството за внатрешни работи дека во текот на вчерашниот ден е лишено од слобода едно лице за кое постои сомнение дека било инволвирано во кривично-правниот настан – убиство кај Трговскиот центар „Мавровка“. Во тек се вештачењата на материјалните докази со кои се утврдува основаноста на сомненијата за вклученост … Повеќе

Еден осомничен за убиство, обид за убиство и недозволено поседување оружје

По поднесенa кривична пријава од Министерството за внатрешни работи против едно лице, Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против осомничениот за кривично дело – Убиство по член 123 став 2 во врска со став 1 точка 4, кривично дело – Убиство по член 123 во врска со член 19 (во обид) … Повеќе

Поднесено обвинение за намерното предизвикување пожар кај Патишка Река

Откако спроведе претходна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје денеска поднесе Обвинителен предлог против три лица – татко и неговите два сина, кои се товарат дека заедно сториле кривично дело – Предизвикување општа опасност од член 288 став 1 од Кривичниот законик. За сите тројца е доставен и … Повеќе

Возач на автобус на ЈСП осомничен за предизвикување тешка сообраќајна несреќа

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 51-годишен скопјанец постапувајќи по кривична пријава, бидејќи постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 4 во врска со член 297 став 3  и став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот, на 12 август, како … Повеќе

Поднесено обвинение за првоосомничениот за грабнување и убиство на две лица

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице, кое се товари за: – едно кривично дело – Убиство од чл.123 ст.2 т.1 и т.7 в.в. со чл.22 од Кривичниот законик и  едно кривично дело – Убиство од чл.123 ст.2 т.1 и т.4 в.в. со … Повеќе

Предложени мерки за осомничен за изнуда

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 39-годишник осомничен за кривично дело – Изнуда по член 258 став 1 од Кривичниот законик. На 10 август, со намера за себе да прибави противправна имотна корист, осомничениот со употреба на сериозна закана присилил еден оштетен на штета на својот имот да му даде паричен износ од 7.000 … Повеќе

Татко и два сина осомничени за намерно предизвикување пожар кај Патишка Река

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против три лица – татко и неговите два сина, за кои постои сомнение дека заедно сториле кривично дело – Предизвикување општа опасност од член 288 став 1 од Кривичниот законик. Тројцата соизвршители, со намера да предизвикаат општа опасност за животот и телото на луѓето или за … Повеќе