Арачиновец осомничен, во домот криел автоматска пушка

Арачиновец осомничен, во домот криел автоматска пушка

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи според член 396 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Согласно Наредбата за спроведување истражна постапка, осомничениот 26-годишен жител на Арачиново, на 9 септември, во … Повеќе

Скопјанец осомничен за нелегално поседување дрога и психотропни супстанции

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 30-годишен скопјанец осомничен за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. На 9 септември, при претрес во домот во кој престојувал осомничениот на улицата „Методија Шаторов Шарло“ … Повеќе

Соопштение

Во врска со написите објавени во медиумите во текот на денешниот ден, Јавното обвинителство на Република Северна Македонија ја известува јавноста дека експертскиот тим од Федералната криминалистичка полиција на Германија, кој треба да помогне за утврдување на причините за пожарот во модуларниот Ковид центар во тетовската болница, треба да пристигне во земјава во следните неколку … Повеќе

Истрага за илегална препродажба на марихуана и кокаин во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги психотропни супстанции и прекурсори согласно член 215 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик. Првиот осомничен, недостапен на органите на прогонот, заедно со неговиот татко, во … Повеќе

Продолжува увидот по пожарот во модуларната болница во Тетово

За вршење непосреден увид на местото на трагичниот настан во модуларната болница во Тетово, покрај тројца обвинители од Основното јавно обвинителство во Тетово, синоќа излегоа и двајца обвинители од Основното јавно обвинителство од Скопје. На местото на настанот беше и јавниот обвинител на Република Северна Македонија кој присуствуваше и на работата на Кризниот штаб. Во … Повеќе

Истрага за лице осомничено за предизвикување тешка сообраќајна несреќа на магистралниот пат Кичево-Гостивар

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице осомничено за кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот според член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик. На 4 септември, на магистралниот пат Кичево-Гостивар, осомничениот како учесник во сообраќајот … Повеќе

Државниот обвинител Јовески на меѓународен симпозиум во Анкара за постaпувањето на Високите Апелациони судови во Анкара, Република Турција

“Македонскиот правен и законодавен систем ја гарантира независноста на судовите и самостојноста на јавното обвинителство”, истакна Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески кој денеска во Анкара се обрати на Меѓународниот симпозиум за ефикасност на Високи апелациони судови. Во обраќањето Јовески се осврна на постапувањето на јавнитe обвинители во жалбената постапка и обезбедувањето на … Повеќе

Обвинение за полов напад врз дете во Градско

Основното јавно обвинителство Велес поднесе Обвинителен акт против 40-годишно лице од Прилеп за кривично дело – Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години од член 188 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот, на 20.10.2020 година во Градско извршил полови дејствија врз оштетеното девојче на возраст од 13 години. Имено, детето отишло во куќата … Повеќе

Притвор за дилер на марихуана во Гостивар

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истрага и поднесе предлог за определување мерка притвор за лице осомничено за кривично дело – Неовластено производство и промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. На 20 август, во домот на 31-годишниот гостиварец биле пронајдени околу 20 грама … Повеќе

Поведена истрага против дилер на марихуана од Студеничани

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 41-годишен жител на Студеничани кој е осомничен за кривичното дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори според член 215 став 1 од Кривичниот законик. На 18 август, осомничениот во Скопје набавил наркотична дрога – марихуана со … Повеќе

Жител на Дебреште осомничен за разбојништво

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 34-годишен жител на селото Дебреште, кој е осомничен за кривично дело – Разбојништво од член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик. На 16 август, во раните утрински часови, со намера противправно да присвои туѓи подвижни предмети, осомничениот се заканил … Повеќе

​Истрага во Прилеп за полов напад врз дете

Основното јавно обвинителство Прилеп донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, на возраст од 31 година, за кривични дела – Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години од член 188 став 1 и Прикажување порнографски материјал на дете од член 193 став 1 од Кривичниот законик. Имено, јавниот обвинител оцени дека постои основано сомнение … Повеќе

Увид во Табановце каде беа пронајдени починати маж и жена

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово изврши увид во семејна куќа во селото Табановце каде утринава беа пронајдени телата на две починати лица – маж и жена на возраст од 43 и 36 години. Со цел утврдување на причините за смртта на двајцата сопружници јавниот обвинител издаде наредба за обдукција на телата на починатите, … Повеќе

Турски државјани и фирма од Тетово осомничени за обид да избегнат плаќање акциза

Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против двајца државјани на Република Турција и едно правно лице со седиште во Тетово, кои се осомничени за кривично дело – Избегнување на плаќање акциза согласно член 279-б став 1 и став 5 соодветно, а во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик. … Повеќе

Предложена казна за скопјанец кој не почитувал домашна изолација

Основното јавно обвинителство Скопје до надлежниот суд поднесе предлог за издавање казнен налог против едно лице кое не го почитувало решението со кое му било одредено лекување и изолација во домашни услови. Иако со решението од 28.05.2021 година на Државниот санитарен и здравствен инспекторат на 40-годишниот скопјанец му била одредена домашна изолација во траење од … Повеќе

Истрага против две лица за недозволено поседување марихуана во Гевгелија

Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека како соизвршители го сториле кривичното дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик. Првиот осомничен, жител … Повеќе

Предложени парични казни за организација на масовни прослави во ресторан

Против едно физичко и едно правно лице Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка за сторено кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 од кривичниот законик. Обвинетото правно лице – ресторан и неговиот управител на 18.08.2020 година не постапиле согласно прописите со кои беа определени мерки за превенција и … Повеќе

Во Гостивар истрага против тројца за откриено поголемо количество марихуана

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица, двајца македонски и еден албански државјанин, осомничени за кривично дело –  Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори согласно член 215 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот 38-годишен странски државјанин во Република Албанија набавил … Повеќе

Македонец и Словенец под истрага за трговија со дрога во Тетово

Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против еден македонски и еден словенечки државјанин за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Осомничените, на 5 август, во автомобил со тетовски регистарски ознаки пренесувале наркотична дрога – … Повеќе

Еден осомничен за трговија со дрога и напад врз полициски службеници во Гостивар

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик, како и за кривично дело – Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста од член … Повеќе