Жител на Добридол обвинет за нелегално приредување игри на среќа

Жител на Добридол обвинет за нелегално приредување игри на среќа

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен акт против едно лице кое се гони за кривично дело – Приредување игри на среќа без лиценца односно дозвола од надлежен орган од член 156 став 3 од Законот за игри на среќа и забавните игри. Обвинетиот 33-годишник, во деловен објект лоциран во семејната куќа во сопственост на неговиот … Повеќе

Двајца обвинети за употреба на фалсификувани пари во Гостивар

Обвинителен акт против едно лице за продолжено кривично дело – Фалсификување пари од член 268 став 1 во врска со член 45 поднесе Основното јавно обвинителство Гостивар, додека уште едно лице се товари за помагање при извршување на истото кривично дело. Првообвинетиот, во три наврати во текот на септември 2020 година, во продавници, аптеки и … Повеќе

Жител на Скудриње обвинет за узурпација на недвижност во државна сопственост

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Узурпација на недвижност, согласно член 225 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот 45-годишник, на местото викано Осој во атарот на селото Скудриње, во близина на регионалниот пат од Ростуше кон Дебар, зазел во владение земјиште во … Повеќе

Родители со закани сакале да спречат синот да биде казнет за неносење маска, побарана условна осуда

Против две лица на возраст од 40 и 43 години Основното јавно обвинителство Битола поднесе предлог за издавање казнен налог за кривично дело – Спречување на службено лице во вршење службено дејствие од член 382 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. На 20.10.2020 година, на пазарот во Битола, двајца полициски службеници … Повеќе

Предложени парични казни за непочитување на полицискиот час во Битола

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапки и поднесе предлози за издавање казнени налози против вкупно 12 лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетите, во различни временски периоди и на различни локации биле затекнати при непочитување на прописите со кои како … Повеќе

Скопјанец обвинет за употреба на фалсификуван негативен тест на коронавирус

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје достави Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Фалсификување исправа од член 378 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот 38-годишник од Скопје, на 14 мај, на граничниот премин Меѓународен аеродром Скопје се обидел да оствари излез од државава тако што прикажал … Повеќе

Тројца обвинети за нарушување на полицискиот час во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе предлози за издавање казнени налози против три лица кои го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетите постапиле спротивно на прописите со кои се определуваат мерки за превенција на коронавирусот, па за време на важечкиот полициски … Повеќе

IN MEMORIAM

Во Скопје денеска, на 73-годишна возраст, почина Коста Петровски, поранешен јавен обвинител во Јавното обвинителство на Република Северна Македонија. Петровски беше роден на 16.11.1947 година во Скопје. Дипломирал на Правниот факултет во Скопје во 1971 година. Во 1976 година беше избран за заменик јавен обвинител во Општинското јавно обвинителство Скопје, а од 1985 до 1989 … Повеќе

Поведени постапки за употреба на фалсификувани ПЦР тестови

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапки против две лица за кривично дело  – Фалсификување исправа од член 378 став 1 од Кривичниот законик. За еден од обвинетите до Основниот кривичен суд Скопје поднесен е обвинителен предлог, додека за другиот – предлог за издавање казнен налог со кој се предлага парична казна од … Повеќе

Предложени парични казни за непочитување на полицискиот час во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе предлози за издавање казнени налози против шест лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетите биле затекнати при непочитување на полицискиот час. Спротивно на одлуката со која се забранува движење на населението во одредени делови на … Повеќе

Непочитување на полицискиот час во Скопје – четворица обвинети

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапки против четири лица за непочитување на полицискиот час во Скопје. Обвинетите, во посебни кривично-правни настани, биле затекнати како се движат на различни локации во градот во часовите кога, согласно прописите со кои се определуваат мерки за спречување на ширењето на коронавирусот, движењето на населението е забрането без посебна дозвола. … Повеќе

Истрага против италијански државјанин за откриена дрога во неговиот багаж на скопскиот аеродром

Наредба за спроведување истражна потапка против едно лице донесе Основното јавно обвинителство Скопје поради основано сомнение дека осомничениот 38-годишен италијански државјанин сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. На 17 мај, на Меѓународниот аеродром Скопје, при личен преглед … Повеќе

Обвинение против двајца косовски државјани за тешка кражба во Скопје

Обвинителен предлог против двајца државјани на Косово поднесе Основното јавно обвинителство Скопје, за кривично дело – Тешка кражба според член 236 став 1 точка 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик. Како соизвршители, двајцата косовски државјани на возраст од 37 и 41 година, обвинетите влегле на територијата на државава преку граничниот премин Блаце … Повеќе

Истрага за пронајдено оружје и муниција во Жабени

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 41-годишен жител на Жабени за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот, на 12 мај, во неговиот … Повеќе

Предложени парични казни за непочитување на полицискиот час во Велес

Основното јавно обвинителство Велес до Основен суд Велес поднесе предлози за издавање казнени налози против девет лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 од Кривичниот законик. Обвинетите постапиле спротивно на прописите со кои се определени мерки за спречување на ширењето на коронавирусот, односно го нарушиле полицискиот … Повеќе

Обвинение против Гостиварец за ширење расистички и ксенофобичен материјал на Фејсбук

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем од член 394-г став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот 65-годишник, револтиран од политички настани, на 15.03.2019 година на својот личен профил на социјалната мрежа Фејсбук … Повеќе

Предложени парични казни за непочитување на здравствените прописи во гостиварско

Гостиварското обвинителство поднесе предлози за издавање казнени налози против девет лица за кривично дело  – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Шестмина обвинети, од кои петмина од Форино и едно лице од Гостивар, не ги почитувале решенијата со кои здравствените власти им одредиле задолжителна изолација … Повеќе

Поранешен градоначалник на Чашка обвинет за несовесно работење во службата

Основното јавно обвинителство Велес до надлежниот суд поднесе Обвинителен акт против поранешен градоначалник на Општина Чашка за продолжено кривично дело – Несовесно работење во службата од член 353-в став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. На обвинетиот му се става на товар дека како службено лице, градоначалник на општината Чашка во периодот од … Повеќе

Кумановец осомничен за разбојничка кражба и напад врз полициски службеници

Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека ги сторило кривичните дела – Разбојничка кражба по член 238 став 1 и Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста од член 383 став 2 во врска со со став 1 од Кривичниот законик. … Повеќе

Петмина обвинети за прекршување на полицискиот час во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе предлози за издавање казнени налози против пет лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија согласно член 206 став 1 од Кривичниот законик. Во одвоени кривично-правни настани, обвинетите биле затекнати на различни локации во градот при непочитување на важечкиот полициски час. Со ова тие постапиле … Повеќе