Притвор за осомничен за тешки кражби во Велес

Притвор за осомничен за тешки кражби во Велес

Основното јавно обвинителство Велес поведе постапка против 20-годишен велешанец против кого се поднесени три кривични пријави за кривични дела – Тешка кражба од член 236 став 1 точка 1 од Кривичниот законик. Во временскиот период од 10 јануари до 11 април годинава, осомничениот, со совладување препреки, влегол во три куќи во Велес и одзел поголем … Повеќе

Лишен од слобода третиот осомничен за убиството на ракометарот Тот

Министерството за внатрешни работи утринава го извести Основното јавно обвинителство Скопје дека е лишено од слобода лицето А.Ѓ. по кое се трагаше врз основа на издадена Наредба за спроведување истражна постапка за кривично дело – Убиство од член 123 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик. Лицето се предало на органите на … Повеќе

ОЈО Тетово со истрага за недозволена трговија со дрога

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 27-годишен тетовец, осомничен за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. На 8 април, при претрес во семејната куќа на осомничениот, на улицата „29 Ноември“ … Повеќе

Поведена истрага за изнуда во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Изнуда од член 258 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот 43-годишник, во периодот од октомври 2021 година до 11.04.2022 година, со намера за себе да прибави противправна имотна корист, со сериозна закана … Повеќе

Истрага за пронајдена дрога во автомобил на наплатната рампа Сопот

Jавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против лице од Битола на возраст од 34 години, за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот делото го сторил со тоа што на 9 април, … Повеќе

Велешанец осомничен затоа што шетал со пушка на улица

Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 20-годишник од Велес за кого постои основано сомневање дека сторил кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки матери од член 396 став 1 од Кривичниот законик. На 18 февруари, осомничениот неовластено држел огнено оружје – пушка марка „Баикал“ … Повеќе

Истрага против дилер на дрога од Битола, марихуаната ја криел во бебешка количка

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. При претрес во домот на осомничениот на 8 април, во стан на … Повеќе

Притвор за син кој ја уби сопствената мајка во тетовско

Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 45-годишен жител на селото Селце, кој при вршење семејно насилство, со умисла ја лишил од живот сопствената мајка. На 8 април, во дворот на семејната куќа во која живееле, без повод и причина, осомничениот ја нападнал жртвата, нанесувајќи и смртоносен удар со секира. Со … Повеќе

Нападнати полициски службеници во Прилеп, осомничени две лица

Основното јавно обвинителство Прилеп донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело – Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста од член 383 став 3 во врска со став 1 и во врска со член 22 од Кривичниот законик. Осомничените прилепчани, на … Повеќе

Скопјанец осомничен за тешка сообраќајна несреќа со смртни последици

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 26-годишен скопјанец осомничен за – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 2 во врска со член 297 став 1, како и за – Неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода по член 301 став 1 … Повеќе

Одобрување или оправдување на воени злосторства е кривично дело, сторителите ќе бидат санкционирани

Одобрување или оправдување на геноцид, злосторства против човечноста или воени злосторства е кривично дело предвидено во членот 407-а од Кривичниот законик. Имено, законот предвидува дека тој што по пат на информационен систем јавно ги негира, грубо ги минимизира, ги одобрува и оправдува ваквите дела ќе се казни со затвор од една до пет години. Ако … Повеќе

ОЈО Гостивар со обвинение за дилер на хероин

Гостиварското обвинителство, по спроведената истражна постапка, денеска до надлежниот суд поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот 47-годишник, на 14 март, беше затекнат додека кај себе неовластено држел 6,08 грама … Повеќе

Обвинение за нападот врз новинарска екипа во Ѓурѓевиште

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар, по спроведена претходна постапка, поднесе Обвинителен предлог против 50-годишен жител на селото Ѓурѓевиште, општина Врапчиште, кој се товари дека сторил кривично дело – Загрозување со опасно орудие при тепачка или караница од член 133 од Кривичниот законик. На 16 февруари, обвинетиот ги забележал двајцата оштетени – новинар и … Повеќе

Заменик директор во училиште обвинет за малтретирање ученик

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Oбвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Малтретирање во вршење на службата според член 143 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот, на 26.11.2021 година, при вршење на службата како заменик-директор на основно училиште во селото Чегране, постапувал спрема ученик на начин со кој се понижува човечкото достоинство и … Повеќе

Постапка за дилер на кокаин од Џепчиште

Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 40-годишен жител на селото Џепчиште за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. При претрес во домот на осомничениот на 29 март … Повеќе

Лекарка обвинета за несовесно лекување на штитеник во Специјалистичкиот завод – Демир Капија

Основното јавно обвинителство Кавадарци до надлежниот суд поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Тешки дела против здравјето на луѓето од член 217 став 4 во врска со член 207 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Обвинетата, како лекар-специјалист по општа медицина, била ангажирана со договор за повремени … Повеќе

Денот на правосудството одбележан со посета на учениците од СЕПУГС „Арсени Јовков“ во Јавното обвинителство

Како дел од одбележувањето на 31 Март – Денот на македонското правосудство, Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески утрово оствари средба со учениците од Средното економско-правно училиште „Арсени Јовков“ од Скопје, кои оваа учебна година посетуваат практична обука во Јавното обвинителство. Во разговорот Јовески им појасни на учениците дека овој датум се одбележува … Повеќе

Кај тетовец откриена марихуана, донесена наредба за истрага

Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 48-годишен тетовец осомничен за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. При претрес во домот на осомничениот на 29 март биле пронајдени неколку различни пакувања со наркотична дрога … Повеќе

ОЈО Кавадарци изврши увид на сообраќајна несреќа

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци изврши увид на патот Росоман-Кавадарци, на мостот на Црна Река, каде утрово се случи сообраќајна несреќа меѓу трактор и комбе наменето за транспорт на леб од Скопје за Кавадарци. Според првичните сознанија, до несреќата дошло во момент кога тракторот и комбето се движеле во ист правец, еден … Повеќе

Обвинение за полов напад врз дете во Кавадарци, за сторителот предложено и задолжително психијатриско лекување

Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе Обвинителен акт против 19-годишен жител на селото Дреново, осомничен дека сторил кривично дело – Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години од член 188 став 1 во врска со член 19 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот, во периодот од 13.12 до 15.12.2021 година, во состојба на битно … Повеќе