Донесена резолуција во предметот за извидничкиот камп

Донесена резолуција во предметот за извидничкиот камп

Постапувајќи по поднесено известување од СВР Скопје, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје спроведе претходна постапка во која во целост ги испита наводите поврзани со настанот организиран во периодот од 24.09 до 26.09.2021 година од извидничкиот одред „Прв Скопски извиднички одред“ со наслов „Sex Scouts, Rock and Roll“. Притоа, надлежниот јавен обвинител донесе резолуција … Повеќе

Поднесено обвинение за производство и дистрибуција на детска порнографија во Велес

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Велес до Основниот суд во Велес поднесе Обвинителен акт против едно лице на возраст од 22 години за кривично дело – Производство и дистрибуција на детска порнографија од член 193-а став 3 во врска со став 2 од Кривичниот законик. На обвинетиот му се става на товар дека … Повеќе

Обвинение за давање лажен исказ

Основното јавно обвинителство Гостивар до надлежниот суд поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Давање лажен исказ од член 367 став 1 од Кривичниот законик во врска со член 26 став 2 од Законот за извршување. Обвинетиот делото го сторил во својство на должник при спроведување на извршна постапка, при што во … Повеќе

Истрага против дилер на кокаин од Гостивар

Наредба за спроведување истражна постапка против 46-годишен жител на селото Чегране донесе Основното јавно обвинителство Гостивар, бидејќи постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори според член 215 став 1 од Кривичниот законик. Во текот на месец март, осомничениот од непознато лице набавил … Повеќе

Импровизирана лабораторија за производство на марихуана откриена во куќа во Гевгелија, притвор за едно лице

Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека извршило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори според член 215 став 1 од Кривичниот законик. Во една од собите на семејната куќа на улица „Илинденска“ со Гевгелија, … Повеќе

Поведена истрага за недозволена трговија со марихуана во Ресен

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола, постапувајќи по поднесена кривична пријава, донесе Наредба за спроведување истражна постапка против жител на селото Селце, осомничен дека сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. На 22 март во Ресен осомничениот … Повеќе

Соопштение

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија донесе Решение за оддалечување од функцијата за еден јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје за време додека трае дисциплинската постапка поведена против него поради основано сомнение дека сторил – Тешка дисциплинска повреда од член 91 став 1 алинеја 8 од Законот за јавното обвинителство. При вонреден надзор од … Повеќе

Истрага против дилер на дрога во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 22-годишен скопјанец, осомничен дека сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215од Кривичниот законик. Осомничениот, во текот на месецов, од засега непознато лице набавил наркотична дрога – марихуана и кокаин, која ја држел … Повеќе

Татко и син осомничени за тешка телесна повреда со смртни последици

Основното јавно обвинителство Прилеп донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица – татко и син од селото Десово, општина Долнени, за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело – Тешка телесна повреда од член 131 став 4 во врска со став 1 и член 22 од Кривичниот законик. На 19 март, во … Повеќе

Интервју на Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески за емисијата „КОД“

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески во интервју за емисијата „КОД“ одговараше на прашања поврзани со изборот на јавни обвинители во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, како и со повеќе актуелни предмети. Целосното интервју во видеото подолу.

Двајца осомничени демолирале и запалиле казино во Тетово

Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка против две лица осомничени дека сториле кривични дела – Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста од член 383 став 2 во врска со став 1, како и Предизвикување општа опасност од член 288 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. На 18 март, … Повеќе

Истрага против дилер на марихуана во Прилеп

По поднесена кривична пријава од страна на МВР – ОВР Прилеп, Основното јавно обвинителство Прилеп донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 25-годишен прилепчанец за  кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори  од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот, на 17 март неовластено заради продажба … Повеќе

Притвор за осомничена за примање поткуп во Прилеп

Основното јавно обвинителство Прилеп донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Примање поткуп од член 357 став 1 од Кривичниот законик. Осомничената 37-годишна жителка на Прилеп, во својство на службено лице – советник во Државниот инспекторат за земјоделие – Подрачна единица Прилеп, на 16 … Повеќе

Чувал рачна бомба во викендица – поведена истрага против едно лице

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе истражна постапка против 30-годишно лице од скопското село Љубин за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи според член 396 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот, во неговата викенд куќа во селото Јаболце, држел експлозивна материја … Повеќе

Поведена истрага за недозволено поседување дрога и психотропни супстанции во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице од Кратово, со престојувалиште во Скопје, за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори согласно член 215 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот 26-годишник, во станот во кој … Повеќе

Осомничен дилер на хероин во Гостивар

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот, на 14 март, кај себе неовластено држел 6,08 грама хероин … Повеќе

Истрага за пронајден хероин во автомобил на автопатот Скопје-Велес

Кумановец на возраст од 34 години е осомничен дека сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик, додека 37-годишна жителка на Свети Николе е под истрага бидејќи му помогнала при изршувањето на кривичното дело. Основното јавно обвинителство Велес донeсе … Повеќе

Поднесено обвинение за гостиварецот кој ја загрози сигурноста на неговото семејство

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен предлог против едно лице за продолжено кривично дело – Загрозување на сигурноста од член 144 став 2 во врска со став 1 и во врска со член 45 од Кривичниот законик. Обвинетиот 43-годишен гостиварец, вршејќи семејно насилство, во повеќе наврати, со телефонски јавувања и СМС пораки, се заканувал на … Повеќе

Обвинение за насипување земја и за загадување на Охридското Езеро

Основното јавно обвинителство Струга поднесе Обвинителен акт против четири лица за узурпација на недвижност и загадување на животната средина и природата. Првообвинетиот, на 03.03.2021 година, зазел туѓа недвижност која со член 16 од Законот за сопственост и други стварни права е прогласена за добро во општа употреба, а со членовите 1 и 2 од Законот … Повеќе

Истрага за пронајдена марихуана во Велес

Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против лице на возраст од 29 години поради постоење на основано сомневање дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот велешанец, на 11 март, неовластено заради продажба … Повеќе