Правилник за оценување на јавните обвинители

Предновогодишна средба на Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески со шефовите на јавните обвинителства

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, Љубомир Јовески денеска одржа дигитална предновогодишна средба шефовите на обвинителствата. Од самиот почеток на пандемијата, сменет е  начинот на работа, со минимално присуство и со друг приод на движење на странките во обвинителските простории. „Содржина на јавнообвинителската работа се предизвиците и поради тоа уверен сум дека и со овој предизвик … Повеќе

Брифинг на Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, Љубомир Јовески, денеска одржа дигитална предновогодишна средба со  новинарите. Јовески посочи дека 2020 е тешка година за сите, а беше исполнета и со многу предизвици за јавните обвинители бидејќи нивната работа бара постојан  континуитет, целосна посветеност, лична директна комуникација со многу луѓе. „Надлежни сме за гонење на криминалот, а … Повеќе

Поведена истрага за дрога пронајдена при претрес во стан во Скопје

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. На 24 декември, во изнајмен стан на улица „Црвена Вода“, 28-годишниот осомничен неовластено држел … Повеќе

Поднесено обвинение за силување во Скопје

По спроведена истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе Обвинителен акт против скопјанец на 55-годишна возраст, кој се товари дека го извршил кривичното дело – Силување од член 186 став 1 од Кривичниот законик. На 28 септември, обвинетиот со употреба на сила и закана принудил на обљуба една жена. Оштетената ја … Повеќе

Гостиварец осомничен за силување

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Силување од член 186 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот 49-годишник, на 19 декември, со употреба на сила и закана присилил на обљуба една оштетена. Тој ја однел оштетената во неговата куќа … Повеќе

Двајца обвинети за трговија со дрога во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против две лица кои се товарат дека сториле кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори согласно член 215 став 1 од Кривичниот законик. На 30 ноември, во домот во кој престојувал, првиот обвинет, 34-годишен скопјанец, неовластено држел седум најлонски … Повеќе

Обвинение за кражба од црква

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против 38-годишник од Крива Паланка со престојувалиште во Скопје, за кривично дело – Тешка кражба согласно член 236 став 1 точка 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот во периодот меѓу 17 и 18 декември, ја прескокнал оградата и влегол во црквата „Свети Кузман и Дамјан“ во Говрлево, каде забележал … Повеќе

Обвинение за употреба на фалсификувани документи

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против двајца државјани на Република Албанија, кој се гони за кривично дело – Фалсификување исправа од член 378 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. На 19 декември, на Меѓународниот аеродром Скопје, 37-годишниот обвинет и 27-годишната обвинета употребиле лажни исправи – италијански лични карти и … Повеќе

Германски државјанин обвинет за нанесување тешка телесна повреда

Обвинителен предлог против германски државјанин поднесе Основното јавно обвинителство Скопје. Лицето се товари дека сторило кривично дело – Тешка телесна повреда, предвидено и казниво согласно член 131 став 1 од Кривичниот законик. Нa 12 декември, на бензинска пумпа на автопатот Е75, во близина на клучката кај Кадино, тој со умисла тешко телесно повредил едно лице. … Повеќе

Скопјанец обвинет за тешката сообраќајна незгода во Трубарево

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице кое се товари за кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот 72-годишник, на 11 октомври, како учесник во сообраќајот на јавните патишта, управувајќи … Повеќе

Две лица обвинети за измама во Скопје

По спроведена претходна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен предлог против две лица за кривично дело – Измама според член 247 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик. Со цел за себе да прибават противправна имотна корист, обвинетите соизвршители на возраст од 30 и 40 … Повеќе

Истрага за речиси 100 килограми марихуана пронајдени во автомобил на автопатот Скопје – Велес

Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица од Блаце осомничени за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Осомничените, на 15 декември, на автопатот Скопје-Велес, неовластено заради продажба пренесувале наркотична дрога – марихуана … Повеќе

Косовски државјанин обвинет затоа што употребил лажни документи

Против 20-годишен косовски државјанин Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог за кривично дело – Фалсификување исправа од член 378 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. На 12 ноември, на Меѓународниот аеродром Скопје, при пасошка контрола, обвинетиот употребил лажен словенечки пасош и лажна словенечка лична карта. Иако знаел дека документите се … Повеќе

Поведена постапка за измама против две лица од Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против две лица за кривично дело – Измама, предвидено и казниво согласно член 247 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик. Како соизвршители на кривичното дело, лицата на возраст од 30 и 40 години од Долно Свиларе, од кои едниот бил вработен во Агенцијата за национална … Повеќе

Обвинет дилер кој криел дрога во својот автомобил

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот 38-годишник, на 13 ноември, во своето возило Субару форестер неовластено заради продажба држел наркотична дрога … Повеќе

Поднесено обвинение за извршени разбојништва во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против 30-годишен државјанин на Република Италија со жителство во Скопје, за кого постои основано сомнение дека сторил четири кривични дела – Разбојништво од член 237 став 4 во врска со став 1, како и еден обид за разбојништво согласно член 237 став 4 во врска со став 1 … Повеќе

Еден осомничен за пренесување две торби со марихуана кај Прилеп

Постапувајќи по поднесена кривична пријава, Основното јавно обвинителство Прилеп донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице од струшко Калишта за кого постои основано сомневање дека сторил кривично дело –  Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот, на возраст … Повеќе

Обвинение за недозволено поседување автоматска пушка

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Неовластено производство, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 2 во врска со став 1 од Киривичниот законик. Во близина на кафе-бар во негова сопственост, на влезот од селото Буковиќ, обвинетиот 23-годишник … Повеќе