Поведена постапка против деца за злоупотреба на лични податоци

Поведена постапка против деца за злоупотреба на лични податоци

Основното јавно обвинителство Кавадарци до надлежниот суд поднесе Барање за поведување подготвителна постапка против шест деца во судир со законот за кои постои сомнение дека сториле продолжено кривично дело кое е санкционирано како – Злоупотреба на лични податоци од член 149 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Малолетниците, сите ученици во … Повеќе

Поведена истрага за злоупотреби на Клиниката за онкологија

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 5 лица, од кои две службени лица – поранешен медицински директор на ЈЗУ УК за радиотерапија и онкологија – Скопје и поранешен организациски директор на Клиниката, како и тројца доктори – онколози. Двајцата директори како соизвршители се осомничени за кривично дело – Измама во … Повеќе

ОЈО Куманово изврши увид на лице место на тешка сообраќајна несреќа кај Табановце

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово изврши увид на лице место на тешка сообраќајна несреќа во близина на граничниот премин Табановце во која едно лице го загуби животот. Според првичните сознанија, иницијалниот судар меѓу два автомобили, “Фолксваген поло” со кумановски и “Фолксваген голф” со скопски регистарски таблици, бил предизвикан кога најверојатно возачот на … Повеќе

Скопјанец осомничен за убиство при семејно насилство

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишен скопјанец за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик. На 18 јануари, во семејниот дом во Ново Лисиче, при вршење семејно насилство, осомничениот со умисла ја лишил од живот својата … Повеќе

Претреси во Скопје, лишен од слобода дилер на дрога, ќе биде запленет имот вреден над 600.000 евра

По насоки на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материјали заедно со СВР Скопје – Единица за недозволена трговија со дрога, САЕ Тигар и Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, спроведоа криминалистичко истражување од септември 2023 до јануари … Повеќе

Соопштение

Основното јавно обвинителство Скопје ја известува јавноста дека и покрај тоа што Основниот кривичен суд Скопје вчера информираше дека во предметот за случувањата во М-НАВ Кривичниот совет определил мерки куќен притвор за четворица осомничени, а „против овие решенија странките имаат право на жалба пред Апелациониот суд Скопје во рок од 24 часа од приемот на … Повеќе

Поведена истрага за убиство на дете во Кичево

Основното јавно обвинителство Кичево донесе Наредба за спрoведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Убиство предвидено во член 123 став 2 точка 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот 29-годишник, на 18 декември, при вршење семејно насилство, ја лишил од живот сопствената ќерка родена 2022 година. Тој и нанел … Повеќе

Осуммина осомничени за загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против осум лица за кои постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело – Загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај според член 303 став 2 во врска со член 22 од Кривичниот законик. Осомничените на 4 јануари, со заедничко дејствие на извршување, сториле кривично … Повеќе

Поддршка од Словенија во спроведување на финансиските истраги

Со серија консултации и работилници кои се одржаа во периодот од 18 до 23 декември во Скопје и Дојран се заокружија активностите за 2023 година во рамките на проектот „Поддршка за Поглавјето 24 – Финансиски истраги“, кои овозможуваат размена на најдобри практики меѓу Република Северна Македонија и Република Словенија, взаемни обуки и јакнење на капацитетите … Повеќе

Поднесено обвинение за пукање во Скопје

По спроведена истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против 33-годишен скопјанец за кривични дела – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи од член 396 став 3 во врска со став 1, Насилство од член 386 став 1, како и Предизвикување општа опасност според член … Повеќе

Еден осомничен за грубо насилство по сообраќајна расправија

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Насилство од член 386 став 6 во врска со став 1, како и Предизвикување општа опасност од член 288 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот 65-годишник, на 27.12.2023 година, на булеварот „Јане Сандански“ … Повеќе

Поднесено обвинение против 18 лица за криумчарење луксузни автомобили

Основното јавно обвинителство Скопје ја заврши истражната постапка и поднесе обвинение против 18 физички и едно правно лице за повеќе кривични дела, меѓу кои продолжено криумчарење, фалсификување исправи, компјутерски фалсификат, прикривање стоки кои се предмет на криумчарење и царинска измама, спречување докажување и злоупотреба на лични податоци. Во периодот од август 2020 година до април … Повеќе

Истрага за двојното убиство во Челопек

Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 59-годишен жител на Челопек, кој вчера лиши од живот две лица, а се обидел да убие уште четири лица од истото семејство. Осомничениот се сретнал со оштетените  кога излегле во дворот на куќата и започнал расправија за пат кој го користеле заеднички и за … Повеќе

Двајца скопјани обвинети за противправно лишување од слобода и полов напад

По спроведена истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против двајца 22-годишни скопјани за кривично дело – Полов напад и силување од член 186 став 1, како и Противправно лишување од слобода според член 140 став 5 во врска со став 1 и во врска со член 22 од Кривичниот … Повеќе

Пет лица под истрага за разбојништво во фабрика за канабис во Чегране

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против пет лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело – Разбојништво според член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничените, на 26 ноември, извршиле разбојништво во фабрика за производство на канабис за медицински цели во атарот на … Повеќе

Обраќање на Јавниот обвинител на РСМ Љубомир Јовески на крај од мандатот

“Да веруваме дека правото има моќ; и со таа верба да се осмелиме до крај да ја вршиме нашата должност онака како што ја разбираме” Абрахам Линколн Почитувани граѓани, почитувани колеги, Со гордост, задоволство и чест во изминатите шест години ја извршував функцијата Јавен обвинител на Република Северна Македонија. Во изминатите шест години, Јавното обвинителство … Повеќе

Татко ја загрозил сигурноста на синот, поведена постапка

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес поведе постапка против едно лице за кривично дело – Загрозување на сигурноста според член 144 став 3 во врска со ставовите 1 и 2 од Кривичниот законик. Осомничениот ја загрозил сигурноста на сопствениот син, заканувајќи му се дека ќе го убие и него и целото негово семејство. Синот, … Повеќе

Притвор за двајца соизвршители во разбојништво во Велес

Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против двајца велешани за кои постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело – Разбојништво според член 237 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик. Осомничените, на возраст од 26 и 32 години, на 23 декември наутро, со заштитни маски на … Повеќе

Заврши процесот на адаптација и реконструкција на новиот објект на ОЈОГОКК

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до крајот на месецов ја започнува постапката за префрлање во новиот објект кој беше целосно реновиран и прилагоден за потребите на обвинителството. Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески и основниот јавен обвинител на ОЈОГОКК Ислам Абази вчера извршија обиколка на зградата во која … Повеќе

ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ – 1/2023

ОДЛУКА ЗА ИЗБОР – ОЈО СКОПЈЕ 1 ОДЛУКА ЗА ИЗБОР – ОЈО СКОПЈЕ 2 ОДЛУКА ЗА ИЗБОР – ОЈО РАДОВИШ ОДЛУКА ЗА ИЗБОР – ВЈО ГОСТИВАР ОДЛУКА ЗА ИЗБОР – ОЈО ГЕВГЕЛИЈА 1 ОДЛУКА ЗА ИЗБОР – ОЈО ГЕВГЕЛИЈА 2 OДЛУКА ЗА ИЗБОР – ОЈО КОЧАНИ ОДЛУКИ ЗА ИЗБОР – ЈОРСМ OДЛУКА ЗА ИЗБОР – … Повеќе