Јавна расправа на тема: „Јавното обвинителство како ефикасен орган во борба против корупцијата“

Јавна расправа на тема: „Јавното обвинителство како ефикасен орган во борба против корупцијата“

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески се обрати на 107-та седница на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците на Собранието на Република Северна Македонија, во рамките на јавната расправа на тема: „Јавното обвинителство како ефикасен орган во борба против корупцијата“.

Поведена постапка за уцена со компромитирачки фотографии

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против еден жител на селото Орешани за кривично дело – Уцена предвидено и казниво согласно член 259 став 1 од Кривичниот законик. За лицето на возраст од 22 години постои основано сомнение дека, со намера да прибави противправна имотна корист, уценувало своја 26-годишна познаничка дека за неа ќе открие, … ПовеќеПоведена постапка за уцена со компромитирачки фотографии

Еден обвинет, две лица под истрага за поседување оружје во Скопје

По спроведена истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од чл.396 ст.1 од Кривичниот законик. При претрес извршен во домот на обвинетиот во Арачиново, на 07.12.2019 година, било утврдено дека тој неовластено … ПовеќеЕден обвинет, две лица под истрага за поседување оружје во Скопје

Предложено задолжително психијатриско лекување за лице обвинето за братоубиство

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Предлог за изрекување на мерка на безбедност – задолжително психијатриско лекување и чување во здравствена установа за едно лице обвинето дека извршило кривично дело – Убиство од чл.123 ст.2 т.2 во врска со чл.12 ст.1 од Кривичниот законик. Обвинетиот, во вечерните часови на 31 декември, … ПовеќеПредложено задолжително психијатриско лекување за лице обвинето за братоубиство

Oбвинение против сторител на шест кражби во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице кое се товари дека извршило продолжено кривично дело – Тешка кражба од член 236 став 1 точка 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик, како и едно кривично дело – Кражба предвидено и казниво согласно член 235 став 1 од Кривичниот законик. Имено, … ПовеќеOбвинение против сторител на шест кражби во Скопје

Поведена постапка за фалсификување исправи

Основното јавно обвинителство Охрид поведе постапка против седум лица за сторено кривично дело Фалсификување исправа од член 378 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничените турски државјани, кои се роднински поврзани, вчера на аеродромот во Охрид при презентирање на патните исправи за летот Охрид – Лутон користеле фалсификувани израелски пасоши. Со осомничените … ПовеќеПоведена постапка за фалсификување исправи

Скопјанец осомничен дека извршил насилство врз 14-годишно девојче заради скршено огледало

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против лице за кое постои основано сомнение дека извршило кривично дело – Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот 64-годишник грубо навредувал, малтретирал и извршил физичко насилство врз дете на возраст од 14 години. Имено, оштетената со нејзиното семејство биле потстанари … ПовеќеСкопјанец осомничен дека извршил насилство врз 14-годишно девојче заради скршено огледало

Поднесено обвинение за загрозување на сигурноста

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за продолжено кривично дело Загрозување на сигурноста од член 144 став 2 (при вршење семејно насилство) и за едно кривично дело Загрозување на сигурноста од член 144 став 4 (по пат на информатички систем). Од резултатите на вештачењето спроведено по … ПовеќеПоднесено обвинение за загрозување на сигурноста

Работна средба со претставници на Државната комисија за спречување на корупцијата

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески денеска одржа работен состанок со делегација на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) предводена од претседателката Билјана Ивановска. На состанокот беа разменети заемните заложби за подобрување на меѓусебната соработка за прашања од заеднички интерес, особено во насока на поефикасна борба против корупцијата. Договорена е континуирана комуникација … ПовеќеРаботна средба со претставници на Државната комисија за спречување на корупцијата

Очув обвинет за малтретирање на едногодишно дете

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против 34-годишен скопјанец за кривично дело – Запуштање и малтретирање на дете од член 201 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот се товари дека го сторил делото на 23.12.2019 година, околу 12 часот, кога неговата вонбрачна партнерка му го … ПовеќеОчув обвинет за малтретирање на едногодишно дете

Поведена постапка против извршител на тешки кражби во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против лице за кое постои основано сомнение дека извршило шест тешки кражби во Скопје и тоа: пет кривични дела согласно член 236 став 1 точка 1 (со кршење или провалување) и едно кривично дело согласно член 236 став 1 точка 3 (на дрзок начин) од Кривичниот законик. Осомничениот  20-годишник … ПовеќеПоведена постапка против извршител на тешки кражби во Скопје

Истрага за поседување пиштол и муниција без дозвола

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против лице осомничено за кривично дело – Неовластено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 1 од Кривичниот законик. Истрагата е отворена бидејќи полициски службеници, при личен преглед на осомничениот на 20 јануари, утврдиле дека тој во појасот од десната … ПовеќеИстрага за поседување пиштол и муниција без дозвола

Две лица осомничени за изнуда

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица, на возраст од 29 и 28 години, поради постоење основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело – Изнуда од член 258 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик. Осомничените, на 14 јануари, заедно и со намера за себе … ПовеќеДве лица осомничени за изнуда

Скопјанец обвинет за неовластена продажба на марихуана

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од чл.215 ст.1 од Кривичниот законик. Во домот на обвинетиот 38-годишник во Аеродром, на 20.12.2019 година, биле пронајдени 327,88 грама марихуана, шприц со 2,5 милилитри … ПовеќеСкопјанец обвинет за неовластена продажба на марихуана

Поднесено обвинение за обид за разбојништво во аптека во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице кое се бидело да изврши кривично дело – Разбојништво од чл.237 ст.1 во врска со чл.19 од Кривичниот законик. Обвинетиот се товари дека на 27.12.2019 година влегол во аптека на бул. „Климент Охридски“ и се заканил дека непосредно ќе нападне … ПовеќеПоднесено обвинение за обид за разбојништво во аптека во Скопје

Обвинение за скопјанецот кој криел марихуана во дворот на сосетката

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот 27-годишник неовластено заради продажба држел наркотична дрога – марихуана, со вкупна нето маса од 1.521,2 грама. … ПовеќеОбвинение за скопјанецот кој криел марихуана во дворот на сосетката

Притвор за осомничен за загрозување на сигурноста

Одлучувајќи по предлогот на јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје попладнево определи мерка притвор во траење од осум дена за лице осомничено за продолжено кривично дело Загрозување на сигурноста од член 144 став 2 (при вршење семејно насилство), како и за кривичните дела Загрозување на … ПовеќеПритвор за осомничен за загрозување на сигурноста

Еден осомничен за загрозување на сигурноста

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за сторени кривични дела – Загрозување на сигурноста од член 144 став 2 (при вршење семејно насилство), Загрозување на сигурноста од член 144 став 4 (по пат на информатички систем), како и Неизвршување на судска одлука од член 377 став 5. Ценејќи ги сите околности во … ПовеќеЕден осомничен за загрозување на сигурноста

Истрага за обид за убиство во селото Арнакија

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе истражна постапка за едно лице осомничено дека се обидело да изврши кривично дело – Убиство од член 123 став 1 во врска со член 19 од Кривичниот законик. На 30 август 2019 година, осомничениот пред кафе бар на влезот во селото Арнакија со умисла се обидел да … ПовеќеИстрага за обид за убиство во селото Арнакија

Скопјанец осомничен дека неовластено држел марихуана во куќата на неговиот дедо

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, поради постоење на основано сомнение дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот 25-годишник од непознато лице набавил наркотична дрога – марихуана со вкупна … ПовеќеСкопјанец осомничен дека неовластено држел марихуана во куќата на неговиот дедо