Обвинети дилери на марихуана во гостиварско Здуње

Обвинети дилери на марихуана во гостиварско Здуње

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен акт против две лица од гостиварското село Здуње, кои се товарат за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик. Првиот обвинет од засега непознато … Повеќе

Поднесено обвинение за даночно затајување

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен акт против едно физичко и едно правно лице за кривичните дела – Даночно затајување и Фалсификување или уништување на деловни книги. Во периодот од 22.12.2016 до 20.05.2018 година, со намера да избегне плаќање на давачка на која е обврзан со закон, првообвинетиот, во својство на … Повеќе

Двајца гостиварци обвинети за непочитување на решенијата за домашна изолација

За сторено кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија согласно член 206 став 1 од Кривичниот законик, Основното јавно обвинителство Гостивар поведе постапка против две лица. Првиот обвинет од село Голема Речица, на кого му бил определен задолжителен здравствен надзор и домашна изолација, не постапил согласно решението на здравствените власти, па … Повеќе

Жител на Желино осомничен за две разбојништва во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишен жител на Желино за кого постои основано сомнение дека сторил две кривични дела – Разбојништво од член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик. На 28 февруари, осомничениот и уште едно засега непознато лице влегле во такси возило на … Повеќе

Притвор за шверц на дрога на граничниот премин Деве Баир

Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот, на 7 март, при излез од државава на граничниот премин Деве … Повеќе

Побарани парични казни за палење на бугарското знаме во Вевчани

Основното јавно обвинителство Струга, по спроведена претходна постапка, поднесе Предлог за издавање казнен налог за три лица за кривично дело – Повреда на угледот на странска држава од член 181 од Кривичниот законик. Обвинетите, на 14 јануари, за време на самоиницијативниот собир на граѓани по повод верскиот празник Св.Василиј во Вевчани, со намера за исмејување … Повеќе

Се врши увид во зградата во која настана пожар во Гостивар

Основното јавно обвинителство Гостивар врши увид на местото на настанатиот пожар во станбена зграда во Гостивар. Во моментов се очекува пристигнување и на специјална екипа од Одделот за криминалистичко – технички испитувања и вештачења при МВР, со цел испитување на причините за пожарот во кој, како последица на задушување, животот го загуби едно дете на … Повеќе

Тројца обвинети за користење лажни ПЦР тестови за да ја напуштат државава

Против двајца турски и еден швајцарски државјанин Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителни предлози заради кривично дело – Фалсификување исправа согласно член 378 став 1 од Кривичниот законик. Во одвоени кривично-правни настани, обвинетите го сториле делото така што на пасошката контрола на Меѓународниот аеродром Скопје, при излез од државава, прикажале лажни потврди за негативни ПЦР … Повеќе

Поведена постапка заради пронајдена дрога во патна торба

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 52-годишен жител на Битола, поради постоење основано сомнение дека го сторил кривичното дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. При извршен преглед од службени лица на 11.3.2021 година, … Повеќе

Извршен увид на местото каде во сообраќајна несреќа животот го загубија две лица

Jавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола заедно со увидна екипа од СВР Битола и ОВР Ресен и со вештак од областа на сообраќајот изврши увид на самото место каде вчера околу 13:40 часот се случи сообраќајна несреќа во која животот го загубија две лица. На магистралниот пат А-3 Битола Ресен поточно на м.в. Долна … Повеќе

Едно лице обвинето за оддавање службена тајна

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице кое се товари за продолжено кривично дело – Оддавање службена тајна согласно член 360 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик. Во повеќе наврати во текот на јули 2020 година во Скопје, обвинетиот, на возраст од 56 години, и … Повеќе

Предложени парични казни за употреба на фалсификувани потврди за ПЦР тестови

Основното јавно обвинителство Скопје до надлежниот суд поднесе предлози за издавање казнени налози против вкупно 12 лица заради кривично дело – Фалсификување исправа согласно член 378 став 1 од Кривичниот законик. Во одвоени кривично-правни настани, обвинетите го сториле делото така што на пасошката контрола на Меѓународниот аеродром Скопје, при излез од државава, прикажале лажни потврди … Повеќе

Обвинение за силувањето во Гостивар

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен акт против  49-годишник од Гостивар, поради сторено кривично дело – Силување од член 186 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот, на 19 декември, околу 21 часот, со употреба на сила и закана ја присилил на обљуба оштетената. Тој ја однел во неговата куќа во Гостивар, каде физички ја нападнал … Повеќе

Притвор заради полов напад врз деца

Основното јавно обвинителство Кавадарци поведе постапка против 41-годишно лице, за кое постои основано сомнение дека го сторило кривичното дело – Полов напрад врз дете кое не наполнило 14 години од член 188 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик. Осомничениот на точно неутврдени датуми во текот на првата половина на 2020 година, … Повеќе

Жител на Долнени осомничен за полов напад врз дете

Основното јавно обвинителство Прилеп донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 21-годишен жител на село Дебреште, општина Долнени, за кривично дело – Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години од член 188 став 1 од Кривичниот законик. Надлежниот јавен обвинител одлучи да поведе истрага, бидејќи постои основано сомнение дека на 7 март, во атарот на … Повеќе

Поднесено обвинение за недозволено поседување дрога и муниција

По  спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе Обвинителен акт против едно лице кое се гони за кривичните дела – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори  од член 215 став 1 и Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи по член 396 … Повеќе

Соопштение

Јавното обвинителство активно постапува за утврдување кривична одговорност во предметите поврзани со групите „Јавна соба“ оформени на социјалната мрежа „Телеграм“. Во предметот во јавноста познат како „Јавна соба 1“, Основното јавно обвинителство Скопје на 05.02.2021 година донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кривично дело – Производство и дистрибуција на детска порнографија … Повеќе

Шест лица обвинети за употреба на фалсификувани потврди за негативен ПЦР тест

Петмина македонски и еден турски државјанин се обвинети за кривично дело – Фалсификување исправа согласно член 378 став 1 од Кривичниот законик. Според обвинителните предлози поднесени од Основното јавно обвинителство Скопје, обвинетите го сториле делото при обид да ја напуштат територијата на Република Северна Македонија, кога на пасошката контрола на Меѓународниот аеродром Скопје прикажале лажни … Повеќе

Медицинска сестра обвинета за примање награда за противзаконито влијание

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Примање награда за противзаконито влијание од член 359 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетата, на возраст од 54 години, во периодот од 23 до 28.09.2020 година, како медицинска сестра на Универзитетската клиника за ортопедија при ЈЗУ ТОАРИЛ УЦ, … Повеќе