Двајца жители на гостиварско Здуње осомничени за илегална трговија со марихуана

Двајца жители на гостиварско Здуње осомничени за илегална трговија со марихуана

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица осомничени дека сториле кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори согласно член 215 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик. Во декември 2020 година, првиот осомничен од … Повеќе

Струмичкото обвинителство врши увид за пожарот во ТЦ „Глобал“

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица од 10.00 часот утринава го започна увидот на самото место во ТЦ „Глобал“, каде ноќта на 2 јануари изби пожар. Неопходни услови за вршење  на увид се создадоа денеска поради предупредувања за можни повремени пожари дадени од Дирекцијата за заштита и спасување и противпожарните екипи во текот на … Повеќе

Пронајден починат маж во водите на Вардар во Гостивар, извршен увид

Основното јавно обвинителство Гостивар вчера изврши увид на лице место откако во водите на реката Вардар беше пронајдено безживотно тело на маж на возраст меѓу 30 и 40 години. Првичните сознанија упатуваат дека станува збор за насилна смрт предизвикана од истрели од огнено оружје. Со цел утврдување на причините за смртта како и идентификација на … Повеќе

Новогодишна честитка од еден осомничен за јавен обвинител

Новата година секогаш можност да се сумираат резултатите и да се оценува досега сработеното, но и да се прават планови за периодот што е пред нас. Во годината што измина Јавното обвинителство постапуваше против повеќе од 25.000 полнолетни сторители на кривични дела. Со оглед на тоа што согласно Законот за кривична постапка, основно право и … Повеќе

Уште еден осомничен за пронајдени дрога и оружје во Сингелиќ

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 32- годишен жител на с.Синѓелиќ, Скопје, поради постоење на основано сомнение дека во соизвршителство ги сторил кривичните дела „Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ од член 215 став 1 во врска со член 22 и „Неовластено изработување, држење, … Повеќе

Жителка на Скопје обвинета за поседување оружје

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против 51-годишна жена која се товари дека го сторила кривичното дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 1 д Кривичниот законик. Обвинетата на 9 декември, на булеварот „Александар Македонски“ неовластено држела пиштол марка „Застава“ со калибар 9мм PARA … Повеќе

Обвинение за дилер на марихуана

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против 41-годишен скопјанец за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори според член 215 став 1 од Кривичниот законик. На 14 декември во попладневните часови, во близина на основно училиште … Повеќе

Предновогодишна средба на Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески со шефовите на јавните обвинителства

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, Љубомир Јовески денеска одржа дигитална предновогодишна средба шефовите на обвинителствата. Од самиот почеток на пандемијата, сменет е  начинот на работа, со минимално присуство и со друг приод на движење на странките во обвинителските простории. „Содржина на јавнообвинителската работа се предизвиците и поради тоа уверен сум дека и со овој предизвик … Повеќе

Брифинг на Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, Љубомир Јовески, денеска одржа дигитална предновогодишна средба со  новинарите. Јовески посочи дека 2020 е тешка година за сите, а беше исполнета и со многу предизвици за јавните обвинители бидејќи нивната работа бара постојан  континуитет, целосна посветеност, лична директна комуникација со многу луѓе. „Надлежни сме за гонење на криминалот, а … Повеќе

Поведена истрага за дрога пронајдена при претрес во стан во Скопје

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. На 24 декември, во изнајмен стан на улица „Црвена Вода“, 28-годишниот осомничен неовластено држел … Повеќе

Поднесено обвинение за силување во Скопје

По спроведена истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе Обвинителен акт против скопјанец на 55-годишна возраст, кој се товари дека го извршил кривичното дело – Силување од член 186 став 1 од Кривичниот законик. На 28 септември, обвинетиот со употреба на сила и закана принудил на обљуба една жена. Оштетената ја … Повеќе

Гостиварец осомничен за силување

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Силување од член 186 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот 49-годишник, на 19 декември, со употреба на сила и закана присилил на обљуба една оштетена. Тој ја однел оштетената во неговата куќа … Повеќе

Двајца обвинети за трговија со дрога во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против две лица кои се товарат дека сториле кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори согласно член 215 став 1 од Кривичниот законик. На 30 ноември, во домот во кој престојувал, првиот обвинет, 34-годишен скопјанец, неовластено држел седум најлонски … Повеќе

Обвинение за кражба од црква

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против 38-годишник од Крива Паланка со престојувалиште во Скопје, за кривично дело – Тешка кражба согласно член 236 став 1 точка 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот во периодот меѓу 17 и 18 декември, ја прескокнал оградата и влегол во црквата „Свети Кузман и Дамјан“ во Говрлево, каде забележал … Повеќе

Обвинение за употреба на фалсификувани документи

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против двајца државјани на Република Албанија, кој се гони за кривично дело – Фалсификување исправа од член 378 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. На 19 декември, на Меѓународниот аеродром Скопје, 37-годишниот обвинет и 27-годишната обвинета употребиле лажни исправи – италијански лични карти и … Повеќе

Обвинителен акт за татко и син заради дрога и оружје

Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе Обвинителен акт против две лица, татко и син на возраст од 56 и 33 години, кои како соизвршители го сториле кривичното дело –Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член  215  став 1, а едниот од нив и кривичното дело – Неовластено изработување, држење, посредување … Повеќе

Поведена постапка заради дрога и оружје

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 27 годишен жител на с.Синѓелиќ, Скопје, поради постоење на основано сомнение дека ги сторил кривичните дела „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ од член 215 став 1 и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки … Повеќе

Притвор за професор кој нападнал ученичка

По поднесена кривична пријава од страна на МВР ОВР Прилеп, Основното јавно обвинителство Прилеп донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против 54 – годишно лице  поради постоење на основано сомневање дека го сторил кривичното дело – Обљуба со злоупотреба на положбата од член 189 став 2 од Кривичниот законик. Осомничениот на 17.12.2020 година околу … Повеќе