Побарана парична казна за жител на Чегране

Побарана парична казна за жител на Чегране

Основното јавно обвинителство Гостивар до Основниот суд во Гостивар поднесе Предлог за издавање казнен налог против едно лице, обвинето дека сторило кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот од 13 март бил должен да биде во задолжителна домашна самоизолација во траење од … Повеќе

Побарана парична казна за лекар кој не ги почитувал здравствените прописи во Кавадарци

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе Предлог за издавање казнен налог за едно лице, за продолжено кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик. Обвинетиот, лекар во ЈЗУ Општа болница со проширена дејност – Кавадарци, постапувал … Повеќе

Петмина скопјани обвинети за непостапување според здравствените прописи

Основното јавно обвинителство Скопје денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлози за издавање казнени налози против пет лица, сите за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Имено, по пристигнување од земји со висок и среден ризик на 16, 17 и 18 … Повеќе

Предлог за казнен налог заради непочитување на здравствените прописи во Струга

Основното јавно обвинителство Струга до Основниот суд во Струга поднесе Предлог за издавање на казнен налог против едно лице заради кривично дело– Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот 36-годишен жител на струшкото село Драслајца, на 16 март со камион пристигнал на граничниот премин Табановце … Повеќе

Уште едно лице во Куманово обвинето за непостапување според здравствените прописи

Основното јавно обвинителство Куманово поднесе Предлог за издавање казнен налог за едно лице за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот на 15 март, при влез во државата на граничниот премин Ќафасан, потпишал писмена изјава дека ќе се стави во самоизолација во … Повеќе

Изречена глоба за непочитување на здравствените прописи во Куманово

Основното јавно обвинителство Куманово поднесе Предлог за издавање казнен налог за едно лице кое се товари дека сторило кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот на 16 март, при влез во државата на граничниот премин Деве Баир, потпишал писмена изјава дека ќе … Повеќе

Тројца руски државјани обвинети за обид да ограбат банкомат во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против три лица, државјани на Руската Федерација, за кривично дело – Тешка кражба од член 236 став 1 точка 1 во врска со член 19 и член 22 на Кривичниот законик. Обвинетите, по претходен договор, на 14 март се обиделе да одземат туѓи подвижни предмети – пари, така … Повеќе

Предлог за издавање казнен налог против лице кое не се придржувало до здравствените прописи во Дебриште

Основното јавно обвинителство Кавадарци до Основниот суд Кавадарци поднесе Предлог за издавање казнен налог против едно лице обвинето дека сторило кривично дело – Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот умислено не постапил според писмената наредба на Министерството за здравство со која се определуваат мерки … Повеќе

ЗАДОЛЖИТЕЛНО УПАТСТВО

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, врз основа на член 20 и 25 од Законот за јавното обвинителство, на 14.3.2020 година,  донесе Задолжително упатство. Во продолжение го објавуваме интегралниот текст:   ЗАДОЛЖИТЕЛНО УПАТСТВО СЕ ЗАДОЛЖУВААТ јавните обвинители на Вишите  јавни обвинителства и јавните обвинители на Основните јавни обвинителства извршувањето на функцијата на Јавното обвинителство да ја … Повеќе

Поведена постапка за измамени странски државјани и правни лица

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против четири лица, жители на Ресен, поради сомнение дека како соизвршители, со временски поврзани дејствија сториле продолжено кривично дело – Измама од член 247 став 4 во врска со став 1, во врска со член 45 став 1 од Кривичниот законик. По проверка на наводите од поднесените кривични пријави, … Повеќе

Поднесено обвинение за поседување оружје и муниција

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице на возраст од 34 години за кривично дело  – Неовластено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи од чл.396 ст.1 во врска со чл.22 од Кривичниот законик. Обвинетиот, заедно со уште едно осомничено лице кое се уште е недостапно на органите на прогонот, … Повеќе

Обвинение за смртта на родилката во „Санте плус“

По сеопфатна претходна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице кое се товари дека сторило едно кривично дело – Тешки дела против здравјето на луѓето од член 217 став 4 во врска со член 207 став 3 во врска со став 1, како и едно кривично дело – Тешки дела против … Повеќе

Обвинение за убиство во обид

Основното јавно обвинителство во Велес  поднесе Обвинителен акт против лице на 60-годишна возраст од Богданци за кривично дело Убиство од член 123 став 1 во врска со член  19 (во обид) од Кривичниот законик. Обвинетиот на 11.10.2019 година околу 20.30 часот, под дејство на алкохол од 2,97 прoмили во крвта, во дворот од својата куќа … Повеќе

Поднесено обвинение за кражба во автобус

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против лице на возраст од 59 години за кривично дело – Кражба од член 235 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот на 21 јануари, искористувајќи ја турканицата во автобус кој се движел по булеварот „Партизански одреди“, одзел паричник во кој се наоѓале 1.200 денари, лични документи, една дебитна … Повеќе

Притвор за полов напад врз дете во Тетово

Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка против 19 – годишен тетовец, за сторено  кривично дело – Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години од член 188 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот влегол во зграда, се качил на првиот кат и од прозорецот во ходникот го повикал детето.  Откако детето на возраст од 12 … Повеќе

Едно лице под истрага за убиство и за обид за убиство

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради постоење основано сомнение дека сторил едно кривично дело – Убиство од член 123 став 1 и едно кривично дело – Убиство од член 123 став 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик. Осомничениот на … Повеќе

Скопјанец осомничен за трговија со дрога во Гостивар

Основното јавно обвинителство Гостивар поведе постапка против лице од Скопје, на возраст од 26 години, за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело  – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 од Кривичниот законик. Осомничениот, во текот на месец февруари, набавил неодредено количество психотропни супстанции … Повеќе