Обвинение за татко и син кои неовластено држеле оружје и дрога

Обвинение за татко и син кои неовластено држеле оружје и дрога

Основното  јавно обвинителство Скопје до Основниот суд Скопје 1 Скопје поднесе Обвинителен акт против две лица – татко и син, кај кои при претрес беше пронајдено огнено оружје и дрога. На таткото му се става на товар дека сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори … Повеќе

Истрага против пет лица за Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување на истрага против пет лица – двајца македонски и тројца албански државјани. Постои основано сомневање дека лицата сториле кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 … Повеќе

Соопштение

Со пресуда на Основниот суд Скопје 1 Скопје, која се однесува на обидот за убиство на пратеникот Зијадин Села, за виновни беа огласени седум обвинети лица кои добија затворски казни. Во текот на кривичната постапка, присуството на сите обвинети лица од нивното лишување од слобода беше обезбедено со мерка притвор, меѓу кои и на обвинетото … Повеќе

Меѓународна криминална група осомничена за кражби во сефови во македонските банки

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување истражна постапка против седум лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело – Тешка кражба од член 236 и кривично дело – Злосторничко здружување од член 394 од Кривичниот законик. Станува збор за меѓународна криминална група составена од четворица … Повеќе

Отворена истрага за трговија со дете

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување истражна постапка заради основано сомнение дека е сторено кривично дело – Трговија со дете предвидено и казниво по член 418 – г став 1 од Кривичниот законик. Осомничените во поединечни случаи, најпрвин го прифаќале и засолнувале 16-годишното … Повеќе

Склучени спогодби со двајца обвинети за Криумчарење мигранти

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција склучи Спогодби со две лица обвинети за Криумчарење мигранти по член 418-б став 2 во врска со член 22 од Кривичниот законик. Согласно склучените Спогодби, на дваесет и три годишниот македонски државјанин и деветнаесет годишната косовска државјанка, им е изречена алтернативна … Повеќе

Поднесено обвинение за поранешен градоначалник

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци денеска до Основниот суд Неготино поднесе Обвинителен предлог против обвинетиот, со кој го товари за сторено кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 2 во врска со став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик. Обвинителството утврди дека обвинетиот во … Повеќе

Основното јавно обвинителство Охрид побара притвор за лицето кое нападна вработени во охридската противпожарна служба

Четириесетгодишен вработен во охридската противпожарна служба утринава нападнал повеќе негови колеги и е осомничен дека извршил неколку кривични дела. Откако влегол во простории на Територијалната противпожарна единица во Охрид, тој со дрвен стап нападнал негов колега, удирајќи го во пределот на главата. Притоа на оштетениот му нанел тешки телесни повреди од животно загрозувачка природа. Продолжувајќи … Повеќе

Обвинителен акт за лицето кое криумчареше злато

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице,  27-годишна државјанка на Република Турција поради сторено кривично дело – Криумчарење од член 278 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Обвинетата делото го сторила на 18 декември, околу 20 часот на аеродромот во Скопје, кога избегнувајќи ја царинската контрола пренела непријавена … Повеќе

Побаран притвор за осомничениот од Бутел кој продавал дрога

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице поради постоење основано сомнение дека извршило кривично дело Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 од Кривичниот законик. Покрај донесената Наредба за спроведување на истражна постапка, надлежен јавен обвинител до судија на претходна постапка од Основниот суд Скопје … Повеќе

Поведена постапка за лице кое е учесник во два одделни кривично правни настани во Кичево и Струга

Основните јавни обвинителства од Гостивар и Струга координирано преземаат дејствија против осомничен кој изврши убиство во Кичево, а со уште едно лице се обиде да изврши  разбојништво и силување во Струга. Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 46-годишен сторител на кривично дело Убиство од член 123 … Повеќе

Едно лице под истрага за убиството во скопската населба Даме Груев

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради постоење основано сомнение дека сторило кривично дело – Убиство од член 123 став 1 од Кривичниот законик. Како што укажуваат досега прибавените докази во постапката, осомничениот, на 28.12.2018 година, на улица „Шарпланинска“ во Скопје со умисла лишил од живот едно лице. … Повеќе

Основното јавно обвинителство Скопје гони едно лице за две разбојништва

Осомничениот првото разбојништво го сторил на 4 декември годинава  во аптека на Зегин Фарм ДООЕЛ Скопје која се наоѓа на Бул. Митрополит Теодосиј Гологонав во Скопје. Тој околу 18.45 часот влегол во аптеката со црна маска на лицето и полн шприц во раката, се заканил на вработената по што одзел 9790,00 денари. Второто разбојништво го … Повеќе

Основното јавно обвинителство Скопје ги истражува причините за смртта на пронајденото лице

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје синоќа изврши увид на лице место во населбата Даме Груев, каде беше пронајдено безживотно тело на едно лице. Јавниот обвинител веднаш издаде наредби за прибирање на сите траги пронајдени на лице место и нивно вештачење, а телото на починатиот беше предадено на обдукција. До телото на починатиот … Повеќе

Извршен увид во семејна куќа во Прилеп каде синоќа жена беше лишена од живот

Во центарот на Прилеп, во населбата Тризла, синоќа доцна по расправија од живот била лишена 33-годишна прилепчанка. Сторител е нејзиниот партнер со кого живеела во вонбрачна заедница. Осомничениот на возраст од 36 години со неколку убоди од нож во пределот на градниот кош ја усмртил сега починатата. Настанот се случил во присуство на десет годишното … Повеќе

Надлежен обвинител ја истражува сообраќајната несреќа во која животот го загуби едно лице

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар заедно со екипа од Министерството за внатрешни работи врши увид на местото каде вечерва се случи сообраќајна несреќа во која животот го загуби едно лице. Според првичните информации, несреќата се случила откако автобус со гостиварски регистарски ознаки удрил во пешак кој се движел по магистралниот пат Гостивар – … Повеќе

СООПШТЕНИЕ

Основните јавни обвинителства согласно Законот за амнестија доставија мислење по поднесените барања за амнестија до Основниот суд Скопје 1 Скопје. Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска ги достави мислењата по преостанатите 17 барања за амнестија. Дадено е позитивно мислење по 3 барања. Мислење дека лицата кои побарале амнестија не ги … Повеќе

Соопштение

Ја известуваме јавноста дека денеска во Јавното обвинителство пристигнаа вкупно 66 барања за амнестија доставени согласно Законот за амнестија од страна на Основниот суд Скопје 1 Скопје. Во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција пристигнаа 29 барања, од кои до овој момент е дадено позитивно мислење за 12. Во Основното јавно … Повеќе

Доставен предлог за задолжително психијатриско лекување на 20-годишното момче кое ја лиши од живот неговата баба

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот суд Скопје 1 Скопје достави Предлог за изрекување мерка на безбедност – задолжително психијатриско лекување и чување во здравствена установа на едно лице, обвинето дека сторило кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2 во врска со член 12 став 1 од … Повеќе

Поднесено обвинение за учество во странска војска, паравоени или параполициски формации

Надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, по спроведена истражна постапка поднесе Обвинителен акт против седум македонски државјани. На лицата им се става на товар дека сториле кривично дело – Учество во странска војска, паравоени или параполициски формации, предвидено и казниво по член 322-а став 3, а едно … Повеќе