jorm
Основното јавно обвинителство Велес ја расветлува сообраќајната несреќа во која тешко беа повредени три лица
Рано утринава околу 4 часот, во близина на Градската библиотека во Велес се случи сообраќајна несреќа. Велешанец кој управувал со возило Фиат Пунто удрил во тројца пешаци, а потоа во потпорен зид. Од ударот трите лица кои ја преминувале улицата се здобиле со тешки телесни повреди. По насока на дежурен јавен обвинител од Основното јавно … Повеќе
Одржана прва работна средба на Јавниот обвинител на Република Македонија со јавните обвинители од Основното јавно обвинителство Скопје
„Јавните обвинители во Основите јавни обвинителства се столбовите на обвинителската организација и тие треба да се првите заштитници на правната држава и на почитувањето на човековите права“ – со овие зборови се обрати Љубомир Јовески, Јавниот обвинител на Република Македонија на првата работна средба со јавните обвинители од Основното јавно обвинителство Скопје. Говорејќи за поставеноста … Повеќе
Јавен обвинител врши увид на местото каде вечерва едно лице е застрелано
Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје заедно со увидна екипа на Министерството за внатрешни работи врши увид на местото на настанот каде денеска околу 18 часот е застрелано едно лице. Настан се случил во непосредна близина на местото на живеење на сега починатото лице, на улица „Џон Кенеди“ спроти Средното училиште „Цветан Димов“ во … Повеќе
Етички кодекс на јавните обвинители во Република Македонија (Службен весник на РМ, бр. 194 од 25.12.2014)
Етички кодекс на јавните обвинители во Република Македонија
Поведена предистражна постапка за перење пари од страна на високи македонски функционери во Република Србија
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција по допрен глас поведе предистражна постапка заради постоење на индиции за сторено кривично дело Перење пари и други приноси од казниво дело од чл.273 од Кривичниот законик. Предистражната постапка е како резултат на објавените написи од страна на повеќе медиуми во Република Македонија во врска … Повеќе
Основното јавно обвинителство – Скопје издаде наредби за проверка на информациите за кражба на пари и предмети од банкарски сефови
Основното јавно обвинителство – Скопје од 30.11.2017 година постапува по пријавата за наводна кражба на пари и вредни предмети од сефови во Шпаркасе банка. Пријавата е заснована на изјавите на две лица кои тврдат дека во нивните банкарски сефови недостигаат пари и вредни предмети. Оваа пријава веднаш е дадена на работа на дежурен јавен обвинител, кој во насока на … Повеќе
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ќе постапува по кривичната пријава во врска со снимањето на играна серија
Денеска, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција од страна на Управата за финансиска полиција е поднесена кривична пријава против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување од чл. 353 став 5 в.в. став 1 од Кривичниот законик. Лицето како раководен … Повеќе
Притвор за седум лица осомничени за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против двајца државјани на Република Србија и петмина македонски државјани осомничени дека сториле кривично дело Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од чл.215 ст.3 в.в. со ст.1 од Кривичниот законик. На сите … Повеќе
Утврден е идентитетот на двете починати лица од разбојништвото во менувачница
Основното јавно обвинителство Скопје издаде бројни наредби за преземање на дејствија во насока на расветлување на настанот што се случи во менувачница во скопска Кисела Вода, кога сопственикот пукаше во двајца разбојници. Идентитетот на едниот од починатите беше утврден. Во соработка со Министерството за внатрешни работи, утврден е идентитетот и на второто починато лице преку … Повеќе
Откриена најголема лабораторија за производство на синтетички дроги во Југоисточна Европа
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција остварувајќи меѓународна правна соработка во предистражна постапка со Јавното обвинителство за организиран криминал и Министерството за внатрешни работи на Република Србија откри инсталација на најголема лабораторија за неовластено производство на синтетички дроги во Југоисточна Европа. За координирање на паралелна прекугранична истрага и соработка е формиран … Повеќе
Реакција на прилогот на ТВ Алфа
Јавното обвинителство на Република Македонија реагира наводите во прилогот „ЈО: Ако „сликарот“ е службено лице ќе го гониме ние, ако не, Чавков да си тужи сам“, објавен на Вашата телевизија од страна на новинарката Катерина Гетева. Текстот на прилогот содржи целосно произволно толкување и несоодветно парафразирање на писмениот одговор даден од страна на прес-службата на … Повеќе
Триесет и шестмина се гонат за Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција по преземање на сите дејствија за утврдување на фактите во врска со настаните кои се случија на 27 април 2017 година во Собранието на Република Македонија ја заврши предистражната постапка. По разгледување и анализа на прибраниот доказен материјал, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран … Повеќе
Основното јавно обвинителство Скопје го истражува двојното убиство во Кисела Вода
Основното јавно обвинителство Скопје изврши увид на лице место заедно со увидна екипа од крим техника во менувачницата во Кисела Вода каде попладнево при обид за разбојништво две лица беа лишени од живот. Надлежниот јавен обвинител издаде Наредба за обдукција на починатите и за вештачење на прибраниот доказен материјал. Обезбедени се траги од лице место, … Повеќе
Основното јавно обвинителство – Скопје работи на разоткривање на убиецот во Чаир
Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Скопје ги презема сите неопходни дејствија во насока на откривање на сторителот и мотивот за убиството што се случи во петокот вечерта во скопската населба Чаир. Обезбедени се видео записите од камерите што се наоѓаат во околината на местото каде се случи убиството и истите ќе бидат … Повеќе
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција работи на предмет во врска со снимање на играна серија
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција по известување од Управата за финансиска полиција, отвори предистражна постапка во врска со договорот помеѓу Агенцијата за филм и продукциска куќа ангажирана за снимање на играна серија. Надлежниот јавен обвинител ги презема сите неопходни дејствија за утврдување на фактите. Издадени се повеќе насоки и наредби … Повеќе
Се врши увид на местото каде попладнево беше застрелано едно лице
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје го раководи увидот на лице место во скопската населба Аеродром, каде попладнево беше застрелано едно лице. Дежурниот јавен обвинител издаде повеќе насоки и наредби за преземање на потребни дејствија, меѓу кои за прибавување на податоци, обезбедување на траги од лице место и за обдукција на починатото лице. Во … Повеќе
Поднесено е обвинение за обидот за убиство на Зијадин Села
По завршување на сеопфатната истражна постапка и прибирање на сите докази во предметот, Основното јавно обвинителство Скопје денеска до Основниот суд Скопје 1 Скопје достави Обвинителен акт против десет лица за сторено кривично дело Убиство од член 123 став 1 во врска со член 19 во врска со член 22 од Кривичниот законик. Обвинетите сите … Повеќе
Наредена истрага против девет лица
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против девет лица и тоа: – за едно лице за сторени две кривични дела – Несовесно работење во службата од чл.353в ст.3 во врска со ст.1 и од чл. 353в ст.2 од Кривичниот законик – за две лица за сторено кривично дело – Злоупотреба на … Повеќе
Основното јавно обвинителство Скопје презема дејствија за расветлување на незаконска приватизација на земјиште
Поради постоење на основи на сомнение, Основното јавно обвинителство Скопје презема дејствија против повеќе инволвирани лица кои овозможиле незаконско приватизирање на земјиште во сопственост на една општина. На приватизацијата претходела постапка за утврдување на статусот на незаконито изградени три објекти, која била реализирана спротивно на закон. Како резултат на оваа постапка извршена е легализација на … Повеќе