Основното јавно обвинителство – Тетово​ ​го расветлува обидот за убиство во с. Палатица

Основното јавно обвинителство – Тетово​ ​го расветлува обидот за убиство во с. Палатица

Вчера во попладневните часови, во дворот на Основното училиште „Фан Ноли” во с. Палатица – Општина Желино ученик во седмо одделение се здобил со прострелна рана и е во животна опасност. Настанот се случил кога 17 годишник од Скопје со пријавен престој во с. Палатица истрелал куршум кон седмоодделенецот. Детето поради сериозноста на повредите е … Повеќе

За еден месец Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција разби четири нарко групи

Во координирана соработка со Секторот за криминалистички истраги – единица за недозволена трговија со дрога при Министерството за внатрешни работи, јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција разби уште една група што во изминатиот период се занимавала со препродажба на наркотици. Постапувајќи по поднесената кривична пријава против две лица, надлежниот јавен обвинител денеска … Повеќе

Основното јавно обвинителство – Тетово врши увид во фабрика во која се затруле над 200 лица

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Тетово, заедно со екипа од СВР Тетово и надлежни инспекциски служби врши увид во фирма лоцирана во слободната индустриска зона, во близина на тетовското село Сараќино. Имено, утрово од страна на тетовската клиничка болница во СВР Тетово било пријавено дека во болницата се донесени над 200 затруени лица, … Повеќе

Наредена истрага против три лица за Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, постапувајќи по кривична пријава поднесена од страна на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал – единица за недозволена трговија при МВР, донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против Ф.И. (50) , С.Ф. (50) и М.А. (47), поради постоење на основано сомнение дека … Повеќе

Основното јавно обвинителство – Гостивар трага по напаѓачите на британски државјанин

Во текот на вчерашниот ден на патот од одморалиштето Бунец кон Маврово британски велосипедист бил пресретнат и нападнат од три непознати лица. Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Гостивар зеде изјава од оштетениот и издаде низа наредби во насока на расветлување на настанот. Според исказот на оштетениот, лицата го врзале и го внеле … Повеќе

Поведена постапка против организирана криминална група заради продажба на наркотици

По напатствија од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи започна оперативна акција против организирана криминална група. Групата подолго време се занимавала со продажба на разни видови наркотици на територијата на целата држава. По поднесената кривична пријава против осум лица од Прилеп, Битола … Повеќе

Поведени постапки за изборни нерегуларности

Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција отвори две истражни постапки поврзани со изборни нерегуларности за време на парламентарните избори и изборите за Претседател на Република Македонија одржани во април 2014 година и предвремените парламентарни избори одржани во декември 2016 година. Во истражните постапки опфатени се повеќе лица, помеѓу кои и поранешни високи … Повеќе

Сопругот осомничен за убиство на жена во Битола

Oсновното јавно обвинителство – Битола до судија на претходна постапка при Основен суд – Битола достави Предлог за определување на мерка – притвор против едно лице за сторено кривично дело Убиство од чл.123 ст.2 т.2 од Кривичниот законик. Предлог е доставен поради постоење на основано сомнение дека осомничениот  на 13.03.2017 година,  поради претходно нарушените меѓусебни … Повеќе

Поведена постапка за злоупотреба на службена положба

Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против едно службено лице носител на висока функција во општина Струмица, поради основано сомнение дека сторил кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 5 во врска со став 1  од Кривичниот законик. Осомничениот во … Повеќе

Обвинителен акт против три лица за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе обвинителен акт против три лица – членови на криминална група. На обвинетите им се става на товар дека сториле кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од чл. 215 од Кривичниот законик. Четиричлената група организирала влез … Повеќе

Пронајден осомничениот за убиството во Охрид

Во координирана акција на надлежните органи, лоцирано беше лицето кое е осомничено за извршеното Разбојништво со смртни последици, кое се случи во Охрид на 20 февруари. Лицето е лишено од слобода и по наредба на надлежен јавен обвинител во тек е  преземањето на дејствија за натамошно расветлување на кривично правниот настан. Осомничениот кој потекнува од … Повеќе

Основното јавно обвинителство Охрид истражува сторено разбојништво со смртни последици

Во тек на вчерашниот ден, надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Охрид заедно со екипа на крим техника од МВР, изврши увид на лице место во стан каде беше пронајдено безживотното тело на шеесет и шест годишна охриѓанка. Настанот го пријавила ќерката на почината жена, која откако не можела да ја најде мајка … Повеќе

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција истражува криумчарење на мигранти откриено по случена сообраќајна незгода

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во координација со Основното јавно обвинителство – Струмица,  презема  дејствија за расветлување и документирање на кривично правниот настан со елементи на кривично дело -Криумчарење мигранти од чл.418-б и кривично дело Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од чл.300 од Кривичниот законик. Имено, во текот на вчерашниот ден … Повеќе

Соопштение

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ја известува јавноста дека работејќи континуирано на откривање и гонење на организираниот криминал и корупција, спроведува предистражни постапки за утврдување на постоење на основи на сомневање за организирано извршени кривични дела против изборите и злоупотреби на службените овластувања во вршење на функцијата од страна на … Повеќе

СООПШТЕНИЕ

Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција издаде Наредба за спроведување на истражна постапка против пет лица за сторени кривични дела  – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215, поради основано сомневање дека како организирана група неовластено држеле и продавале наркотична … Повеќе

Соопштение

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ја известува јавноста дека во текот на вчерашниот ден во координација со Министерството за внатрешни работи – Оддел за организиран криминал е спроведена акција. Работејќи на континуирано откривање и гонење на организираниот криминал, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција раководи со … Повеќе

Основното јавно обвинителство Кочани ги истражува причините за смртта на пронајденото машко лице

Утринава во подрумски простории на зградата во која што живеел во Кочани е пронајдено починато машко лице на возраст од 26 години. Веднаш по добивањето на информацијата, надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство Кочани изврши увид заедно со увидна екипа од МВР. Со оглед на тоа што на телото беа најдени видливи траги на насилство, … Повеќе

СООПШТЕНИЕ

По повод објавените натписи, како и заради потреба од објективно информирање и избегнување на шпекулации, Основното јавно обвинителство – Скопје ја известува јавноста дека во врска со изборни нерегуларности има отворено постапка уште во 2016 година. Основното јавно обвинителство – Скопје во работењето постапува неселективно и неповрзано со преземени дејствија на други органи, ја води постапката без … Повеќе

Основното јавно обвинителство Прилеп ги утврдува причините за сообраќајната несреќа во која животот го загуби едно лице

На ден 07.02.2017 година околу 17,00 часот на регионалниот пат Битола-Прилеп кај 112 км се случи сообраќајна незгода помеѓу ПМВ марка „Фолксваген Пасат“ управувано од лице, жител на с.Трн-Битола, на возраст од 31 година, и ПМВ марка „Опел Вектра“ управувано од жител на Прилеп, на возраст од 58 години. На лице место починала сопатничка во … Повеќе

Основното јавно обвинителство – Прилеп го истражува убиството во с.Свето Митрани, крушевско

Денеска околу 8,25 во с.Свето Митрани-Крушево случено е убиство на 44 годишен жител на селото. Телото на убиениот е пронајдено во продавница со две прострелни рани во пределот на градниот кош. Настанот е пријавен во МВР ПС Крушево, за истиот е известен дежурниот јавен обвинител кој изврши увид на местото на настанот заедно со увидна … Повеќе