Основното јавно обвинителство – Гостивар го истражува вчерашниот настан во кој едно лице го загуби животот

Основното јавно обвинителство – Гостивар го истражува вчерашниот настан во кој едно лице го загуби животот

Надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Гостивар издаде Наредба за спроведување на истрага за синоќешното пукање во Гостивар кога животот го загуби дваесет и шест годишен гостиварец. За расветлување на кривично правниот настан во текот на денешниот ден издадени се низа наредби за вештачење на подигнатите материјални траги и предмети, огненото оружје и … Повеќе

Притвор за лицето кое се обиде да прегази тричлено семејство во Куманово

По предлог на надлежен јавен обвинител од Основното обвинителство – Куманово, судијата на претходна постапка од Основниот суд – Куманово, одреди мерка Притвор во траење од 30 дена за едно лице против кое е донесена Наредба за спроведување на истражна постапка поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело Убиство во обид. Имено, лицето се … Повеќе

Основното јавно обвинителство – Куманово работи на расветлување на несреќата во лифтот

Основното јавно обвинителство – Куманово издаде наредба за вештачење на лифтот во кој вчера загина 6-годишно момче. Вештачењето ќе се врши на Машинскиот факултет во Скопје и треба да ги утврди причините за несреќата. По наредба на надлежен јавен обвинител, лифтот е целосно изолиран и обезбеден со полициско присуство. Во исто време, обвинителот издаде наредба … Повеќе

Притвор за лице осомничено за полов напад врз дете

Надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Битола по добиената кривична пријава против 45 годишен битолчанец донесе наредба за спроведување на истражна постапка. На осомничениот му се става на товар дека сторил продолжено кривично дело „Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години “. Со оглед на природата на кривичното дело и начинот … Повеќе

Осуденик се самозапалил и со автомобил удрил во зградата на Основниот суд – Битола

Околу 3 часот утрово, 67-годишен битолчанец се полеал со бензин и се самозапалил, па со автомобил во кој имало плинска боца од 10 литри удрил во скалите од зградата на Основниот суд – Битола. Плинската боца не експлодирала. Судскиот полицаец успеал да го изгасне лицето кое со тешки телесни повреди е пренесено на клиниките во … Повеќе

Основното јавно обвинителство – Куманово ги истражува причините за смртта на родилката

Надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство -Куманово веднаш издаде Наредба за обдукција на телото на починатата родилка, како и насоки за прибирање на информации за утврдување на причините што довеле до смртта на родилката. Имено, во текот на вчерашниот ден сега починатата 37 годишна родилка од Крива Паланка била донесена во Јавната здравствена установа … Повеќе

Основното јавно обвинителство – Тетово презема мерки за пронаоѓање на напаѓачите кои повредија четворица полицајци

Основното јавно обвинителство – Тетово, во координација со СВР-Тетово презеде дејствија за расветлување на вчерашниот кривично-правен настан во кој при обид за лишување од слобода на осуденик беа нападнати и повредени четворица полициски службеници. При вршење на  увидот на лице место се пронајдени, фотодокументирани и подигнати за вештачење повеќе траги, а се преземаат и мерки … Повеќе

Одобрено обвинение поднесено од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција против девет лица

Во организирана акција координирана од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, навлезено е во трагите на криминална група што извршувала различни дејствија за продажба на наркотична дрога – марихуана. Девет члената група кривичните дела ги сторила во текот на 2015 и 2016 година. По прибирање на доказите и завршување на истражната … Повеќе

Основното јавно обвинителство Охрид поведе постапка против едно лице за полов напад врз дете

Основното јавно обвинителство Охрид донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против едно лице, на возраст од 73 години, жител на Скопје, со престојувалиште во Охрид, за сторено кривично дело од член 188 став 1 од Кривичниот законик – Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години. Осомничениот го сторил делото на 6 јуни … Повеќе

Осум осомничени за кривични дела од коруптивна природа на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција по повеќемесечна оперативна обработка на податоци, прибра докази до степен на основано сомнение за сторени кривични дела со коруптивна природа каде оштетени се студенти од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје. Осомничени се осум лица од кои шест се универзитетски професори, еден демонстратор и … Повеќе

СООПШТЕНИЕ

Основното јавно обвинителство – Скопје ја известува јавноста дека од досегашниот тек на предистражната постапка во предметот за починатото лице К.К. е утврдено дека станува збор за самоубиство. И покрај тајноста на предистражната постапка, Основното јавно обвинителство – Скопје за утврденото ја известува јавноста, со цел отстранување на шпекулациите. Постапката по предметот во Обвинителството и … Повеќе

Основното јавно обвинителство – Струга поднесе обвинение за убиството кај Долна Белица, струшко

Кривично правниот настан се случи вечерта на 13 декември минатата година на локалниот пат Струга – Долна Белица, кога при меѓусебна престрелка на две групи едно лице го загуби животот, а две беа повредени. По спроведена сеопфатна истражна постапка, Основното јавно обвинителство – Струга поднесе обвинение против две лица. Обвинетите Б.Б и Е.Б се товарат за … Повеќе

Покренато обвинение против српски државјанин за убиство во Охрид

Основното јавно обвинителство – Охрид до Основниот суд во Охрид поднесе Обвинителен акт против едно лице, државјанин на Република Србија, за сторено кривично дело Убиство од член 123 од Кривичниот законик. Со поднесеното обвинение тој се товари дека на 01.01.2016 година, пред кафе-бар во Охрид, со употреба на физичка сила, лишил од живот едно лице. … Повеќе

Основното јавно обвинителство – Прилеп ги истражува причините за сообраќајната несреќа во која животот го загуби едно лице

На ден 30.05.2016 година околу 01,00 часот случена е сообраќајна незгода на мостот на Градската река во близина на магацините на Центропромет во Прилеп во која учесник е ПМВ марка „Опел Астра“ управувано од лицето Р.У. Возилото се движело во правец од ул.„Леце Котески“ кон ул.„Александар Македонски“ и кога стигнало до мостот удрило во десната … Повеќе

Петмина обвинети за неовластено производство на дрога соочени со доказите ја признаа вината

Соочувајќи се со предочените докази од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, петмина обвинети за сторено кривично дело Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, на првото рочиште ја признаа вината, по што судот донесе  Пресуда по признание на вина. Обвинителството ги товареше обвинетите дека … Повеќе

Потпишан Меморандум за соработка меѓу Јавното обвинителство на Република Македонија и Главното јавно обвинителство при Врховниот суд на Република Турција

Јавниот обвинител на Република Македонија, г. Марко Зврлевски оствари посета на Република Турција при што беа реализирани повеќе билатерални средби. Посетата на Јавниот обвинител на Република Македонија беше во рамките на билатералната соработка што ја има македонското обвинителство со турското јавно обвинителство. При тоа, беше потпишан Меморандум за соработка со кој се потенцира важноста за … Повеќе

Неодамна пронајдениот череп кај Стража е идентификуван, Основното јавно обвинителство – Гостивар продолжува со преземање на дејствија за расветлување на настанот

Резултатите од направената анализа на неодамна пронајдениот череп со DNA view програмата покажаа дека се работи за лице од машки пол на возраст од 30-40 години. Не се пронајдени траги на насилство. Врз основа на компаративна анализа на земените ДНК профили на други лица, добиен е резултат што со веројатност од 99,9% укажува дека пронајдениот … Повеќе

Возач на камион под истрага за криумчарење на 69 мигранти

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција постапувајќи по кривичната пријава од Министерството за внатрешни работи – Регионален центар за гранични работи – Југ, донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против едно лице поради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело – Криумчарење мигранти од чл.418-б ст.4 в.в. со ст.2 … Повеќе

Основното јавно обвинителство – Скопје презема дејствија за расветлување на причините за смртта на Коста Крпач

По случување на настанот во кој лицето Коста Крпач беше пронајден починат со прострелна рана во својот дом, Основното јавно обвинителство – Скопје веднаш ги презеде сите мерки и дејствија за истражување на причините за смртта и околностите под кои истата настапила. Со оглед на тоа што смртта на лицето Коста Крпач во јавноста предизвика … Повеќе

Поднесен обвинителен акт против лекари за смртта на родилката во Гевгелија

По спроведената истражна постапка против четири лица, Основното јавно обвинителство – Велес денеска во Основниот суд во Велес поднесе обвинение против Т.В. – лекар специјалист – анестезиолог вработен во ЈЗУ Општа болница – Гевгелија, В.Ч. и Д.М. – лекари специјалисти по гинекологија и акушерство вработени во ЈЗУ Општа болница – Струмица. Обвинетите се товарат дека … Повеќе