Настани

Јавните обвинители на одбележување на Меѓународниот ден за борба против корупцијата

Организациската поставеност на Јавното обвинителство и улогата на јавните обвинители во борбата против корупцијата беше тема на предавањето што го одржа Основниот јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Скопје Гаврил Бубевски пред студентите на Меѓународниот балкански универзитет во Скопје, како дел од активностите за одбележување на 9 Декември – Меѓународниот ден за борба против корупцијата. … Повеќе

Конференција по повод 75 години НАТО – активности на обвинителството во борбата против сајбер криминалот

Капацитетите на јавните обвинителства во справувањето со најчестите кривични дела кои потпаѓаат под таканаречениот сајбер-криминал ги презентираше основниот јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Скопје Гаврил Бубевски на денешната конференција “НАТО – 75 години единство, соработка и колективна одбрана: Безбедносни предизвици за Европа”, што во организација на Фондацијата Конрад Аденауер се одржа денеска во Министерството … Повеќе

Коцевски: Јавно ја осудувам секоја форма на притисок и закани кои се насочени кон замолчување на новинарите и влијание врз нивната работа

Јавниот обвинител на Република Сееврна Македонија Љупчо Коцевски денеска се обрати на настанот посветен на одбележувањето на Меѓународниот ден за ставање на крај на неказнивоста на нападите врз новинарите, што се одржа во просториите на Здружението на новинарите на Македонија. Во продолжение, интегрален текст од говорот на Јавниот обвинител Коцевски на настанот: „Почитувани присутни, Кога … Повеќе

Коцевски и Боднар договорија соработка меѓу јавните обвинителства на Република Северна Македонија и Република Полска

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски денеска во Варшава, Република Полска потпиша Меморандум за соработка со неговиот полски колега, генералниот јавен обвинител Адам Боднар. Со Меморандумот се воспоставува основа за поблиска соработка меѓу обвинителствата на двете држави, пред се во областите кои вклучуваат размена на експертиза и оперативно искуство од специјализирани обвинителства, студиски … Повеќе

Панел-дискусија “Младите против корупцијата” во Битола

Како да се препознае и каде да се пријави корупција? Колку е важен личниот интегритет за справување со коруптивните влијанија? Дали обвинителите се соочуваат со притисоци и закани кога постапуваат? Ова се дел од прашањата кои што ги поставуваа средношколците и студентите на панел-дискусијата “Младите против корупцијата – градење на култура на интегритет и отчетност … Повеќе

Средба Коцевски-Вал

Меѓусебната соработка на Јавното обвинителство и Мисијата на ОБСЕ беше тема на денешната средба на Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски со амбасадорот Килиан Вал, шеф на Мисијата ОБСЕ во Скопје. Притоа амбасадорот Вал го запозна обвинителот Коцевски со планираната реформа на Мисијата на ОБСЕ во Скопје и новата тригодишна стратегија, во рамките … Повеќе

Презентиран систем за безбедно ракување и размена на класифицирани информации

Во просториите на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, пред Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски, основниот јавен обвинител на ОЈО Скопје Гаврил Бубевски,  министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев и директорката на Оперативно-техничката генција Марија Јаническа денеска беше презентиран акредитиран комуникациско информациски систем за … Повеќе

Делегација на македонското Јавно обвинителство на Регионална конференција на ОБСЕ

Интегритетот и транспарентноста на правосудството беа во фокусот на дводневната регионална конференција на ОБСЕ за мониторинг на судските процеси што се одржа во Будва и на која учествуваше Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски, заедно со основниот јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Ислам Абази и … Повеќе

Коцевски на Регионална конференција на јавните обвинители за постапките за воени злосторства

Јавниот обвинител на Реублика Северна Македонија Љупчо Коцевски и претседателот на Здружението на јавните обвинители Елвин Вели, на покана на домаќинот – црногорското Врховно државно обвинителство, учествуваа на Регионална конференција на јавните обвинители за соработка во постапките за воени злосторства што се одржа во Подгорица. На конференцијата, организирана со поддржа од Прогрмата за развој на … Повеќе

Средба Коцевски – Коп

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски денеска го прими во проштална посета Амбасадорот на Кралството Холандија во земјава Дирк Јан Коп за да му се заблагодари за соработката, посветеноста и за придонесот што тој го даде за време на својот мандат за достигнување на европските стандарди во нашата земја во многу клучни области, … Повеќе

„ЕУ – Владеење на правото“ – Работен состанок на истражителите од сите истражни центри во јавните обвинителства

Во организација на проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото“, во Јавното обвинителство на Република Северна Македонија денеска се одржа работен состанок на истражителите од истражните центри формирани во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и во основните јавни обвинителства во Скопје, Куманово и во Тетово. На состанокот се анализираше … Повеќе

Јакнење на соработката меѓу Јавното обвинителство и Комитетот за истраги на воздухопловни несреќи и сериозни инциденти

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски денеска оствари средба со истражители од Комитетот за истраги на воздухопловни несреќи и сериозни инциденти, предводени од претседателот на ова тело Зоран Илиевски. На средбата беа разгледани можностите за соработка и идна координација меѓу двете институции во постапувањето по несреќите и сериозните инциденти кои можат да ја … Повеќе

Шефицата на Набљудувачката мисија на ОБСЕ/ ОДИХР во посета на Јавното обвинителство

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски денеска оствари средба со Шефицата на Набљудувачката мисија за изборите на ОБСЕ/ОДИХР Џилиан Стирк. На средбата присуствуваа и јавниот обвинител Џељаљ Бајрами, претседател на Комисијата на Јавното обвинителство за следење на евентуални изборни нерегуларности, како и Елена Коваљова, правен аналитичар од ОДИХР. На состанокот, Коцевски ги запозна … Повеќе

Јавното обвинителство се координира со останатите институции за обезбедување фер и демократски изборен процес

Координација на активностите за успешно спроведување на претстојните избори, со поддршка од сите институции кои се дел од овој процес, беше тема на денешниот состанок на Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски со претседателот на Владата на Република Северна Македонија Талат Џафери. На средбата присуствуваше и јавниот обвинител Џељаљ Бајрами, претседател на Комисијата … Повеќе

Коцевски со претставниците на ЕУ Проектот за јакнење на борбата против криумчарење мигранти и трговија со луѓе

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски ги прими претставниците на Проектот „ЕУ поддршка за јакнење на борбата против криумчарење мигранти и трговија со луѓе во Западен Балкан (EU4FAST), предводени од Ерик Винкен, проект –менаџер од холандскиот Центар за меѓународна правна соработка (CILC). Винкен, заедно со меѓународниот обвинителски советник од Словенија Аленка Ранзингер Сагмајстер, … Повеќе

Претставници на Јавното обвинителство и на ДКСК на работна средба за следењето на изборниот процес

Со цел ефикасна координација меѓу двете институции при следење на претстојниот изборен процес, претседателот на Комисијата за следење на евентуални нерегуларности и кривични дела поврзани со изборите, јавниот обвинител Џељаљ Бајрами и претставници на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија вчера одржаа прв работен состанок со претставниците на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) … Повеќе

Средба меѓу Јавното обвинителство и ДКСК

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски заедно со неколкумина јавни обвинители денеска оствари средба со претседателката и членовите на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) на која беа разгледани можностите за подобрување на соработката меѓу двете институции. Притоа, претставниците на Јавното обвинителство и на ДКСК се договорија да го разгледаат и да … Повеќе

Коцевски на средба со Декер

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски денеска се сретна со заменик амбасадорот на Кралството Холандија во нашата земја Роберт Декер со кого разговараше за приоритетите и предизвиците во работата на јавните обвинителства. Коцевски особено се осврна на процесот на дигитализација и подготовка на новиот систем за управување со предметите во Јавното обвинителство, како … Повеќе

Средба Коцевски-Вал

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски денеска оствари средба со амбасадорот Килијан Вал, шеф на Мисијата ОБСЕ во Скопје, со кого разговараше за сите аспекти на меѓусебната соработка, пред се опфатени со Меморандумот за разбирање за заеднички проектни активности на Јавното обвинителство и Мисијата на ОБСЕ. Амбасадорот Вал му честиташе на јавниот обвинител … Повеќе