МЕЃУНАРОДНА ПОЛИЦИСКА ОПЕРАЦИЈА “ КОЛИБРИ “
Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во периодот јули-декември 2019 година, во координација со јавен обвинител од Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција презеде низа мерки и активности за утврдување на активностите на организирана криминална група предводена од двајца македонски државјани. Заради размена на информации и договарање на активности и во рамки на предистражната постапка, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал оствари низа средби и координирани состаноци во Скопје и Мадрид со полициски службеници од Шпанија и ДЕА.Повеќе детали на пресот во 10:15часот мвр зграда 1.
Posted by Министерство за внатрешни работи on Вторник, 24 декември 2019
Прес конференција за меѓународната операција во која беа запленети 700 кг кокаин од Колумбија
Денеска Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и Министерството за внатрешни работи одржаа заедничка Прес конференција во врска со неодамнешната меѓународна операција во која беа лишени од слобода пет лица припадници на организирана криминална група за купување, пренесување и пуштање во промет на кокаин. Целта на меѓународната операција беше сузбивање … Повеќе