Односи со Јавноста

Поведена постапка за две лица кои пренесувале дрога

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка за двајца соизвршители кои сториле кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ од член 215 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик. Осомничените на 8 декември со возило Опел Вектра пренесувале наркотична дрога – марихуана со вкупна нето тежина од … Повеќе

Истрага против лице кое криело марихуана во дворот на сосетката

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, на возраст од 27 години, поради основано сомнение дека сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот неовластено заради продажба држел наркотична … Повеќе

Соопштение

За правилно информирање на јавноста во поглед на постапувањето на Основното јавно обвинителство Скопје по извршените претреси од страна на МВР во Грчец, Арачиново и на други локации во Скопје врз основа на наредби издадени од судија на претходна постапка на 7 декември, Обвинителството ја известува јавноста дека постапуваше по поднесена кривична пријава против едно … Повеќе

Истрага против едно лице за пронајдено оружје и муниција во Арачиново

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, бидејќи постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од чл.396 ст.1 од Кривичниот законик. Во својот дом во Арачиново осомничениот држел огнено оружје и муниција – еден … Повеќе

Три лица под истрага за трговија со кокаин

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција вчера вечер донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против три лица осомничени дека сториле кривично дело Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори. По неколку месечна соработка со Министерството за внатрешни работи и прибрани … Повеќе

Истрага и притвор за криумчарење на 19 мигранти

Во текот на вчерашниот ден надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои на основано сомнение дека сторило кривично дело Криумчарење мигранти по член 418-б  став 4 во врска со став 2 од Кривичниот законик. Осомничениот во … Повеќе

Притвор за осомничен за криумчарење на 12 мигранти

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои на основано сомнение дека сторило кривично дело Криумчарење мигранти по член 418-б  став 4 во врска со став 2 од Кривичниот законик. Осомничениот со намера да ги превезе до … Повеќе

Едно лице обвинето за четири тешки кражби на дрзок начин во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за сторени четири дела  – Тешки кражби од чл.236 ст.1 т.3 од Кривичниот законик. Обвинетиот на 18 ноември на автобуската станица на Зелен пазар во Скопје на дрзок начин од една оштетена одзел златен ланец во вредност од 25.000 денари, така што се доближил до … Повеќе

Вложена жалба против одлука за замена на мерките за обезбедување во предметот за автобуската несреќа кај Ласкарци

Oсновното јавно обвинителство Скопје вложи жалба на Решението од Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје со кое мерката притвор за две лица обвинети во предметот за сообраќајната несреќа на автобусот на „Дурмо турс“ е заменета со гаранција и определени мерки на претпазливост. Решението на судот се однесува на возачот на автобусот обвинет за кривично … Повеќе

Поведена постапка за пронајдена дрога во дом на скопјанец

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот 38-годишен скопјанец, во неговиот дом во с. Сарај, … Повеќе

Презентирана новата интернет страница на Јавното обвинителство

Јавното обвинителство на Република Северна Македонија ја презентираше новата интернет страница www.jorm.gov.mk, овозможена со финансиска поддршка од Мисијата на ОБСЕ во Скопје. „Јавното обвинителство како орган кој ги гони сторителите на кривичните дела и се грижи за функционирањето на казнениот правен систем, има обврска јасно и транспарентно да ги споделува информациите со јавноста. Објавувањето на … Повеќе

Истрага за кокаин пронајден во Глумово

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, осомничено дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од чл.215 ст.1 од Кривичниот законик. Осомничениот на 4 декември, во својот дом во село Глумово, заради продажба држел наркотична дрога кокаин со вкупна … Повеќе

Обвинение против едно лице за недозволена трговија со хероин

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице, осомничено дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од чл.215 ст.1 од Кривичниот законик. На 20 декември, обвинетиот заедно со едно веќе осудено лице, во автомобилот што го управувал, неовластено заради продажба држеле наркотична дрога … Повеќе

Поднесен Обвинителен акт против судија во Управниот суд

По сеопфатна истражна постапка, надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, денеска, до Основниот кривичен суд во Скопје достави Обвинителен акт против едно лице. Обвинетиот се товари дека како службено лице, судија во Управниот суд на Р.С.Македонија, преземајќи дејствија што не смеел да ги преземе, како и непреземајќи … Повеќе

Отворена истрага против двајца осомничени за разбојништво во маркет

Две лица, на возраст од 28 и 30 години, се осомничени дека заедно како соизвршители сториле кривично дело – Разбојништво од чл.237 ст.1 во врска со чл.22 од Кривичниот законик. Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против двајцата за кои постои основано сомнение дека на 2 декември влегле … Повеќе

Скопјанец обвинет за убиство и за обид за убиство

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Убиство од чл.123 ст.1 од Кривичниот законик и за кривично дело – Убиство од чл.123 ст.1 во врска со чл.19 (во обид). Обвинетиот на 14 јуни, во населбата Шуто Оризари, по вербална расправија и физичка пресметка со негов … Повеќе

Промоција на новата интернет страница на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија

Јавното обвинителство на Република Северна Македонија ќе ја промовира новата интернет страница овозможена со финансиска поддршка од Мисијата на ОБСЕ во Скопје. Промоцијата ќе се одржи на брифинг на кој ќе присуствуваат Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески и Амбасадорот Клеменс Која, шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје. Настанот ќе се одржи … Повеќе

Отворена постапка против четири лица за загрозување на сигурноста на полициски службеници

СВР Скопје денеска поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против четири лица за кривично дело – Загрозување на сигурноста од чл.144 ст.3 од Кривичниот законик, во врска со настанот случен на 30.11.2019 година околу 11 часот во хотелот „Александар Палас“ во Скопје. Тројца од пријавените се лишени од слобода, а по четвртиот се … Повеќе

Обвинителен акт против лице кај кое беа пронајдени психотропни супстанции и марихуана

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од чл.215 ст.1 во врска со чл.12 ст.2 од Кривичниот законик. Обвинетиот 20-годишник се товари дека делото го сторил во состојба на битно намалена пресметливост заради хронично психичко … Повеќе