Односи со Јавноста

Наредено вештачење на пронајдената бомба во Прилеп

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп изврши увид во кафе барот “Кафе Ин” каде вчера вечерта околу 23.30 часот во саксија за цвеќе беше пронајден предмет, налик на бомба. Во присуство на припадници од Одделот за антитерористичка заштита, првично е утврдено дека предметот е бомба која по наредба на јавен обвинител е подигната, … Повеќе

Поведена постапка за две лица кај кои беше пронајдена дрога

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Охрид донесе Наредба за спроведување истражна постапка за две лица поради постоење на основано сомнение дека го сториле кривичното дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик. Осомничените на … Повеќе

Истрага за извршена тешка кражба во Прилеп

Основното јавно обвинителство Прилеп донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомневање дека  заедно со засега непознато лице извршиле кривично дело – Тешка кражба од член 236 став 2 во врска со став 1 точка 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик. Осомничениот вечерта на 24 мај … Повеќе

Се врши увид на местото каде попладнево во сообраќајна несреќа се повредени 33 мигранти

Се врши увид на местото каде попладнево во сообраќајна несреќа се повредени 33 мигранти Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци заедно со екипа од Министерството за внатрешни работи  врши увид на местото викано Пржедски споменик, кој се наоѓа на потегот меѓу Демир Капија и Прилеп, каде попладнево се преврте комбе во кое биле превезувани … Повеќе

Истрага и притвор за криумчарење на 18 мигранти меѓу кои и четири деца

Поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело Криумчарење мигранти од член 418-б став 4 во врска со став 2 од Кривичниот законик, надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, македонски државјанин. Осомничениот прифатил и превезувал 18 илегални … Повеќе

Поведена постапка за разбојништвото кај сендвичарата „Вили“

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против  лицето кое изврши разбојништво во центарот на Скопје кај сендвичарата „Вили“  на 17 јули 2019 година, кога со употреба на сила и закана со пиштол нападнал  две лица – вработени во угостителскиот објект.  Осомничениот откако дошол во задниот дел на сендвичарата, се доближил до вработените и им се … Повеќе

Обвинение за лицето кај кое беше пронајдено оружје и муниција

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице кое се товари дека сторило  кривично дело – Недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот, 65-годишен жител на село Марино, во својот дом неовластено држел полуавтоматски пиштол „Црвена застава … Повеќе

Обвинителен акт за лице кое со измама злоупотреби средства на Европската заедница

Обвинението следи по сеопфатна  истражната постапка водена од јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Скопје, во која се прибрани  материјални и вербални докази, по чие разгледување и анализа е утврдено дека обвинетиот искористувајќи ист траен однос со преземање на временски поврзани дејствија, во текот на временскиот период од 2015 до 2017 година ги извршил кривичните … Повеќе

Обвинение за неовластено држење амфетамини

Јавен обвинител од Основното  јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт  против едно лице за сторено кривичното дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Кај обвинетиот полицијата на 3 јули, при вршење контрола и личен претрес  во возило „Рено Меган“ во … Повеќе

Обвинение за дилер на дрога

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против 39-годишен скопјанец  за сторено кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. На 17 јуни при извршен претрес во домот на обвинетиот, била пронајдена наркотична дрога марихуана во … Повеќе

РЕАКЦИЈА

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција најостро ги осудува написите што се појавија во дел од медиумите кои, повикувајќи се на извори од обвинителството, шират шпекулации за наводно проширување на истрагата и за содржина на одземените материјални докази во предметот за примање награда за противзаконито влијание. Обвинителството ја известува јавноста дека … Повеќе

При претресите во текот на ноќта прибран обемен доказен материјал

Тимот на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во соработка со Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден до раните утрински часови работеше на прибирање на материјални докази поврзани со осомничените во случајот „Примање награда за противзаконито влијание“. Како што веќе обвинителството информираше, извршени се претреси во домот на … Повеќе

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА во Јавното обвинителство на Република Северна Македонија во врска со отворена истрага и предлог за притвор за две лица осомничени за Примање награда за противзаконито влијание

Денеска се одржа Прес конференција во просториите на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, на која пред претставниците на медиумите се обратија Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески, Основниот јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Русковска и првиот заменик на републичкиот јавен обвинител Лилјана Спасоска. Новинарите беа запознаени со новоотворена истражна постапка против две лица, македонски државјани. Лицата се сомничат дека сториле кривично дело „Примање награда за противзаконито влијание“ по чл.359 ст.7 во врска со ст.3 во врска со ст.2 во врска со чл.22 од Кривичниот законик, а едно од нив е осомничено и за кривично дело „Перење пари и други приноси од казниво дело“ по чл.273 ст.1 од Кривичниот законик.

slika_opsto

Повеќе

Двајца обвинети за разбојништво врз мигранти

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против две лица од вкупно петмина за кои имаше донесено  Наредба за спроведување истражна постапка поради  сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело – Разбојништво од член 237 став 1  во врска со член 22 од Кривичниот законик. Двајцата обвинети кои се опфатени со … Повеќе

Поднесено обвинение против лицето кај кое беа пронајдени марихуана и амфетамини

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице, осомничено дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот 36-годишен скопјанец се товари дека неовластено во  дом во кој престојувал на улица „Охридска“ држел … Повеќе

Поднесен Обвинителен акт и Предлог за примена на санкција спрема деца во судир со законот над 16 години за Трговија со дете

Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Основниот кривичен суд Скопје достави Обвинителен акт против едно лице за сторено кривично дело – Трговија со дете од член 418-г став 1 во врска со став 22 од Кривичниот законик. Воедно, до Советот за деца при Основниот кривичен суд Скопје … Повеќе

Поднесено обвинение за скопјанец во чиј дом беа пронајдени дрога и оружје

Основното јавно обвинителство Скопје до надлежниот Основен кривичен суд – Скопје достави Обвинителен акт против едно лице за  сторено  кривично  дело  – Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 2 во врска со став 1 и Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и … Повеќе

Издадена е наредба за вештачење на пронајдената рачна бомба

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп заедно со екипа од крим техника при Министерството за внатрешни работи, Полициска станица Прилеп изврши увид на местото каде денеска беше пронајден предмет – рачна бомба, во близина на кафулето „Кафе ин “ во Прилеп. Во присуство на припадници од Одделот за антитерористичка заштита рачната бомба безбедно … Повеќе

Побаран притвор за дилер на дрога

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за сторено кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик. Осомничениот  од март до јули 2019 година во неколку наврати од … Повеќе

Поведена постапка против три лица за вршење изнуда

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против три лица поради постоење основано сомнение дека сториле кривични дела – Изнуда од член 258 став 2 во врска со став 1, Противправно лишување од слобода од член 140 став 5 во врска со став 1  во врска со член 22 од Кривичниот законик,  а … Повеќе