Односи со Јавноста

Поднесено обвинение за убиство и обид за убиство во Арачиново

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд – Скопје поднесе Обвинителен акт против три лица. Еден од обвинетите се товари за кривично дело – Убиство од член 123 став 1, додека сите тројца се обвинети за кривично дело – Убиство од член 123 став 1 во врска со член 19 (обид) од Кривичниот законик. … Повеќе

Финансиските истраги – тема на работна посета во Врховното државно обвинителство на Република Словенија

Делегација на Република Северна Македонија предводена од Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески од 4 до 7 јуни престојуваше во работна посета на Република Словенија . Целта на посетата беше да се добие увид во функционирањето на словенечкиот систем за финансиски истраги особено во однос на успешната конфискација на имот стекнат на нелегален … Повеќе

Кумановец под истрага за трговија со марихуана и амфетамин

Основното јавно обвинителство Куманово отвори постапка против едно лице кое е осомничено дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот 19-годишен жител на Куманово во својот дом неовластено заради продажба држел наркотична дрога марихуана со вкупна … Повеќе

Едно лице под истрага за разбојништво во Крива Паланка

Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради постоење основано сомнение дeка сторило кривичнo делo – Разбојништво од член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот 24-годишен жител на Крива Паланка, на 4 јуни влегол во стан во сопственост на едно оштетено лице и … Повеќе

Побаран притвор за уште едно лице кое учествувало во убиство

По преземање на истражни дејствија од страна на надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, денеска е донесена Наредба за спроведување истражна постапка против второ пријавеното лице за убиството на лицето П.С. Обвинителството издаде наредби до МВР за вршење дополнителни проверки и од јавниот обвинител беа испитани повеќе сведоци. Врз основа на направените проверки … Повеќе

Побаран притвор за разбојникот кој се обиде да одземе мобилен телефон на случаен минувач

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за сторено кривично дело – Разбојништво од член 237 став 1 во врска со член 19 од Кривичниот законик. Осомничениот на 16 мај годинава, околу 22.00 часот на бул. „Крсте Петков Мисирков“ со употреба на сила се обидел да одземе туѓ подвижен … Повеќе

За објавените снимки на Фејсбук профил ќе постапува Основното јавно обвинителство Кичево

Основното јавно обвинителство Скопје за натамошно постапување  согласно член 26 став 7 и член 40 став 2 од Законот за кривична постапка, ја достави до Основното јавно обвинителство Кичево кривичната пријава против едно лице за сторени кривични дела – Неовластено прислушкување и тонско снимање од член 151 став 2 во врска со став 1 и … Повеќе

Со фалсификувани документи преку измама до потрошувачки кредити

Десет лица се опфатени со Наредби за поведување истражни постапки донесени од Основното јавно обвинителство Прилеп, а по поднесени кривични пријави од страна на Министерството за внатрешни работи. Во одделни настани, но на ист начин, со намера да прибават противправна имотна корист со лажно прикажување на факти ги довеле и ги оддржувале во заблуда вработените … Повеќе

Извршен е увид на местото каде две лица го загубија животот при вршење ископ

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје заедно со увидни екипи на Министерството за внатрешни работи извршија увид на лице место во општина Чаир каде напладне две лица починаа при вршење ископ. Несреќата се случила откако бил направен ископ на потегот од станбена зграда до улицата Ресенска со цел поставување на одводна канализација. Четири … Повеќе

Отворена истрага за убиство на лице кое се водеше како исчезнато

Надлежен обвинител од Основното јавно обвинитлство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради основано сомнение дека сторило кривично дело – Убиство од член 123 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот, 27-годишен жител на Скопје, делото го сторил на 11 декември 2018 година, околу 2 часот, откако претходно се сретнал со сега … Повеќе

Обвинителството одлучи дека нема место за кривичен прогон за неправилности во функционирањето на вториот пензиски столб

Основното јавно обвинителство Скопје донесе резолуција со која е одлучено дека нема место за јавнообвинителско постапување во поглед на кривичната пријава поднесена од Министерството за труд и социјална политика, а во врска со евентуални неправилности во функционирањето на вториот пензиски столб. Кривичната пријава поднесена против непознат сторител се однесуваше на кривично дело – Злоупотреба на … Повеќе

Поднесен обвителен акт против четворица организатори на собраниските настани

По повеќемесечна сеопфатна истражна постапка, надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска до Основниот кривичен суд Скопје, поднесе обвинителен акт против четири лица. На обвинетите им се става на товар дека сториле кривично дело – Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, предвидено и казниво по член … Повеќе

Обвинение за противправно лишување од слобода

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за сторени кривични дела   Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 и Противправно лишување од слобода од член 140 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот, државјанин на Босна и Херцеговина,  при вршење семејно насилство телесно ја … Повеќе

Поднесено обвинение против тројца странски државјани за криумчарење на кокаин

По спроведена истражна постапка, Oсновното јавно обвинителство за гонење на oрганизиран криминал и корупција до Основен суд – Скопје 1 Скопје поднесе Обвинителен акт со Предлог за продолжување на мерката Притвор против двајца државјани на Република Црна Гора и еден државјанин на Перу. На обвинетите им се става на товар дека сториле кривично дело – … Повеќе

Даночен инспектор обвинет за примање поткуп

Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе Обвинителен предлог  против едно лице за сторено кривично дело – Примање поткуп од член 357 став 2 од Кривичниот законик. Обвинетата се товари дека како службено лице – даночен инспектор во Управата за јавни приходи при Министерството за финансии – даночно одделение Кавадарци, побарала парични средства од сметководител на правно … Повеќе

Определен притвор за лице кое нападна полицајци додека извршуваа судска наредба

Осомничениот на 23 мај годинава нападнал двајца припадници на полицијата кои извршувале судска Наредба за негово присилно приведување. Имено, Основниот суд Охрид издал Наредба за присилно приведување на лицето, кое не се јавувало на судски рочишта во судот каде е обвинет за кривично дело Тешка кражба. При обидот на полицајците да го приведат, осомничениот ги … Повеќе

Обвинение за двајца кои извршија тешки кражби во Скопје

Обвинетите по претходен договор, заедно со умисла искористиле слични околности, па со провалување и кршење во два наврати одзеле туѓи подвижни предмети. На 20 мај годинава, околу 13.00 часот провалиле во куќа во Скопје прескокнувајќи ја оградата и влегувајќи преку гаражата во внатрешноста на објектот. При тоа тие одзеле накит и часовници во вкупна вредност … Повеќе

Основното јавно обвинителство Кичево ја расчистува сообраќајната несреќа во која загина моторциклист

Денеска на магистралниот пат кон Охрид, во близина на с. Другово,  се случи сообраќајна незгода во која учествувало товарно моторно возило и еден мотоциклист. Товарното моторно возило Мерцедес со регистарски ознаки од Струмица удрило во моторциклот Сузуки без регистарски ознаки, управуван од лице на возраст од 28 години. Од ударот, мотоциклистот  се здобил со тешки … Повеќе

Поднесено обвинение за обидот за убиство во гостилница во Хиподром

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за сторено кривично дело – Убиство од член 123 став 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик. Осомничениот на 24.02.2019 година со умисла се обидел да лиши од живот едно оштетено лице, така што додека седеле на различни маси во дворот … Повеќе

Потпишан Меморандум за разбирање за спроведување на програма за јавни обвинители и криминал од омраза

Љубомир Јовески, Јавен обвинител на Република Северна Македонија, Наташа Габер-Дамјановска, директор на Академијата за судии и јавни обвинители и амбасадорката Ингибјорг Солрун Гисладотир, директор на Канцеларијата на ОБСЕ за демократски институции и човекови права ОДИХР денеска потпишаа Меморандум за разбирање за спроведување на програма за јавни обвинители и криминал од омраза (ПАХТ Програма). Ценејќи дека … Повеќе