Односи со Јавноста

Истрага против 20-годишен жител на Скопје заради недозволено држење пушкомитралез

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради постоење основано сомнение дека сторило кривично дело – Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи од чл.396 ст.2 во врска со ст.1 од Кривичниот законик. Имено, при извршен претрес во домот на осомничениот од страна на Единицата за … Повеќе

Венецуелски државјанин под истрага за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, постапувајќи по поднесена кривична пријава од Царинската управа, донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на психотропни супстанции и прекурсори од чл.215 ст. 1 од Кривичниот законик. Станува збор … Повеќе

Се расчистува сообраќајната несреќа во која животот го загубија две лица

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола изврши увид на лице место каде синоќа се случи сообраќајна несреќа во која животот го загубија две лица. По дадени наредби од страна на надлежниот јавен обвинител обезбедени се и прибрани траги од лице место. Дадена е и наредба за вршење на сообраќајно техничко вештачење, како и за … Повеќе

Донесена Нaредба за спроведување на истражна постапка за едно лице

Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција вечерва донесе Наредба за спроведување на истражна постапка за  едно лице. Постои основано сомнение  дека лицето сторило кривично дело Здружување заради непријателска дејност од чл. 324 ст.1  од Кривичниот законик. Надлежен обвинител до судија на претходна постапка достави Предлог за определување на мерка притвор. Во моментов се … Повеќе

Заврши увидот на местото на несреќата во Гостивар

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар изврши увид на местото на несреќата во која едно лице им подлегна на повредите. Несреќата се случила денеска околу 13 часот во Гостивар помеѓу ПМВ со кое управувал четириесет и осум годишен гостиварец и ТМВ со кое се пренесувале градежни материјали, управувано од педесет и осум годишен жител … Повеќе

Тринаесет лица се осомничени дека биле инволвирани во престрелка пред казино во Тетово

Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против три лица за сторено кривично дело – Предизвикување општа опасност од чл.288 ст.3 во врска со ст.1 од Кривичниот законик, како и за кривично дело Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи од чл.396 ст.1 од Кривичниот законик. За двајца … Повеќе

Соопштение

Основното јавно обвинителство Скопје започна предистражна постапка по сознанија дека во периодот од 30.09.2016 година до денеска е снимана телефонската комуникација вршена преку фиксната телефонија во објектот на Јавното обвинителство. Имено, по првичните сознанија, снимањето се вршело на двата хард диска на телефонската централа сместена во просториите на Основното јавно обвинителство Скопје, Вишото јавно обвинителство … Повеќе

Откриени двајца разбојници кои минатата година ограбија жена во кривопаланечка Конопница

Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело – Разбојништво од чл.237 ст.1 од Кривичниот законик. Осомничените на 16.10.2017 година насилно влегле во семејна куќа во селото Конопница, Крива Паланка, физички ја нападнале сопственичката удирајќи ја неколкупати по главата и телото … Повеќе

Поднесено обвинение против скопјанец кој се обиде да ја лиши од живот неговата партнерка

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот суд Скопје 1 Скопје достави Обвинителен акт против едно лице за сторено кривично дело – Убиство од чл.123 ст. 2 т.2 во врска со чл.19 (во обид) од Кривичниот законик. Осомничениот се товари дека на 02.09.2018 година, во семејниот дом, со умисла се обидел да ја лиши од живот … Повеќе

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција побара запирање на финансиски трансакции на сметки во Монако

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција од оформувањето на предметот во врска со доделувањето на концесијата за центрите за дијализа во Република Македонија, презема низа активности за расветлување на случајот. Во рамките на постапката, надлежниот јавен обвинител во изминатиот период, дојде до сознанија дека правното лице – концесионер на центрите за … Повеќе

Основното јавно обвинителство Скопје поведе истрага против мајка за запуштање и малтретирање дете

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за сторено кривично дело Запуштање и малтретирање дете од чл. 201 ст.3 во врска со ст.1 во врска со чл.12 ст.2 од Кривичниот законик. Притоа, постои основано сомнение дека осомничената, во периодот од 15.06.2018 до 06.07.2018 година, во … Повеќе

Татко и син под истрага за неовластено држење оружје и дрога

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица – татко и син. За таткото постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од чл.215 ст.2 во врска со ст.1  од Кривичниот законик, како и кривично дело – … Повеќе

Основното јавно обвинителство Гостивар побара притвор за лице кај кое е пронајдено оружје

По оперативни сознанија извршен е претрес на местото каде престојувало осомниченото лице, 30-годишен државјанин на Република Албанија кој илегално престојувал на територијата на Република Македонија. При тоа пронајдени се пушка – калашњиков и рамка со дваесет куршуми, како и повеќе предмети чие потекло се истражува, а за кои постои сомневање дека потекнуваат од извршени други … Повеќе

Притвор за извршител на тешка кражба во Прилеп

По поднесена кривична пријава од страна на МВР ПС Прилеп, во Основното јавно обвинителство Прилеп поведена е постапка против едно лице, државјанин на Република Албанија, поради постоење основано сомневање дека сторил кривично дело Тешка кражба од член 236 став 1 точка 1 во врска со член 19 од Кривичниот законик. Осомничениот ноќта на 20.11.2018 година, … Повеќе

Поведена постапка и побаран притвор за петмина за кривично дело Насилство

Петмината осомничени биле учесници во физичка пресметка во Гостивар, каде на 14 ноември годинава, во 14.00 часот во центарот на градот, на прометната улица „Браќа Ѓиновски“ нападнале две лица употребувајќи физичка сила и дрвени палки. Мотивот за нападот е предмет на натамошно утврдување во истражна постапка која ја води надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство … Повеќе

Основното јавно обвинителство Тетово ќе ја обжали ослободителната пресуда за лекар-гинеколог

Основното јавно обвинителство Тетово во целина останува на наводите дадени во обвинението против обвинетиот лекар-гинеколог за кого Основниот суд Тетово денеска изрече ослободителна пресуда за кривично дело – Тешки дела против здравјето на луѓето кое му се ставаше на товар. Обвинителството цени дека обвинетиот го сторил кривичното дело кое му се става на товар и … Повеќе

Започната предистражна постапка во врска со бегството на Н.Г.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција следејќи ги информациите во врска со бегството на осудениот Н.Г., како и написите на медиумите и интересот на јавноста, оформи предмет  по допрен глас. Во врска со настанот постојат основи на сомневање дека одредени службени лица, злоупотребувајќи ја својата службената положба и овластување, му овозможиле … Повеќе

Поднесен обвинителен акт против пет лица за Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори

По повеќемесечна истражна постапка, надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Основниот суд Скопје 1- Скопје поднесе обвинителен акт против пет лица, македонски државјани. Четворица од обвинетите се товарат дека сториле кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ од чл.215 … Повеќе

Поведена постапка за лицето кое вчера предизвика сообраќајна несреќа со смртни последици за едно лице

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово, заедно со екипа од Министерството за внатрешни работи, вчера вечерта изврши увид на лице место каде што се случи сообраќајна несреќа во која животот го загуби едно лице. Надлежниот јавен обвинител донесе Наредба за спроведување истражна постапка против еден осомничен за сторено кривично дело Тешки дела против … Повеќе

Основното јавно обвинителство Велес поднесе обвинителен предлог за сторени тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот

Основното јавно обвинителство Велес поднесе Обвинителен предлог против едно лице кое се товари за сторено кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од чл. 300 ст.4 во врска со чл.297 ст.3 во врска со ст.1 од Кривичниот законик, како и за кривично дело – Неукажување помош на лице повредено … Повеќе