Односи со Јавноста

Основното јавно обвинителство – Струга поднесе обвинение за убиството кај Долна Белица, струшко

Кривично правниот настан се случи вечерта на 13 декември минатата година на локалниот пат Струга – Долна Белица, кога при меѓусебна престрелка на две групи едно лице го загуби животот, а две беа повредени. По спроведена сеопфатна истражна постапка, Основното јавно обвинителство – Струга поднесе обвинение против две лица. Обвинетите Б.Б и Е.Б се товарат за … Повеќе

Покренато обвинение против српски државјанин за убиство во Охрид

Основното јавно обвинителство – Охрид до Основниот суд во Охрид поднесе Обвинителен акт против едно лице, државјанин на Република Србија, за сторено кривично дело Убиство од член 123 од Кривичниот законик. Со поднесеното обвинение тој се товари дека на 01.01.2016 година, пред кафе-бар во Охрид, со употреба на физичка сила, лишил од живот едно лице. … Повеќе

Основното јавно обвинителство – Прилеп ги истражува причините за сообраќајната несреќа во која животот го загуби едно лице

На ден 30.05.2016 година околу 01,00 часот случена е сообраќајна незгода на мостот на Градската река во близина на магацините на Центропромет во Прилеп во која учесник е ПМВ марка „Опел Астра“ управувано од лицето Р.У. Возилото се движело во правец од ул.„Леце Котески“ кон ул.„Александар Македонски“ и кога стигнало до мостот удрило во десната … Повеќе

Петмина обвинети за неовластено производство на дрога соочени со доказите ја признаа вината

Соочувајќи се со предочените докази од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, петмина обвинети за сторено кривично дело Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, на првото рочиште ја признаа вината, по што судот донесе  Пресуда по признание на вина. Обвинителството ги товареше обвинетите дека … Повеќе

Потпишан Меморандум за соработка меѓу Јавното обвинителство на Република Македонија и Главното јавно обвинителство при Врховниот суд на Република Турција

Јавниот обвинител на Република Македонија, г. Марко Зврлевски оствари посета на Република Турција при што беа реализирани повеќе билатерални средби. Посетата на Јавниот обвинител на Република Македонија беше во рамките на билатералната соработка што ја има македонското обвинителство со турското јавно обвинителство. При тоа, беше потпишан Меморандум за соработка со кој се потенцира важноста за … Повеќе

Неодамна пронајдениот череп кај Стража е идентификуван, Основното јавно обвинителство – Гостивар продолжува со преземање на дејствија за расветлување на настанот

Резултатите од направената анализа на неодамна пронајдениот череп со DNA view програмата покажаа дека се работи за лице од машки пол на возраст од 30-40 години. Не се пронајдени траги на насилство. Врз основа на компаративна анализа на земените ДНК профили на други лица, добиен е резултат што со веројатност од 99,9% укажува дека пронајдениот … Повеќе

Возач на камион под истрага за криумчарење на 69 мигранти

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција постапувајќи по кривичната пријава од Министерството за внатрешни работи – Регионален центар за гранични работи – Југ, донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против едно лице поради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело – Криумчарење мигранти од чл.418-б ст.4 в.в. со ст.2 … Повеќе

Основното јавно обвинителство – Скопје презема дејствија за расветлување на причините за смртта на Коста Крпач

По случување на настанот во кој лицето Коста Крпач беше пронајден починат со прострелна рана во својот дом, Основното јавно обвинителство – Скопје веднаш ги презеде сите мерки и дејствија за истражување на причините за смртта и околностите под кои истата настапила. Со оглед на тоа што смртта на лицето Коста Крпач во јавноста предизвика … Повеќе

Поднесен обвинителен акт против лекари за смртта на родилката во Гевгелија

По спроведената истражна постапка против четири лица, Основното јавно обвинителство – Велес денеска во Основниот суд во Велес поднесе обвинение против Т.В. – лекар специјалист – анестезиолог вработен во ЈЗУ Општа болница – Гевгелија, В.Ч. и Д.М. – лекари специјалисти по гинекологија и акушерство вработени во ЈЗУ Општа болница – Струмица. Обвинетите се товарат дека … Повеќе

Поведена постапка за кривично дело Полов напад врз дете во Прилеп

Постапувајќи по кривична пријава поднесена од МВР ПС Прилеп, Основното јавно обвинителство – Прилеп поведе постапка против едно лице, на возраст од 70 години за сторено кривично дело Полов напад врз дете од чл.188 ст.1 од Кривичниот законик, затоа што на точно неутврдени датуми во повеќе наврати, од почетокот на 2016 година па до почетокот … Повеќе

Основното јавно обвинителство – Скопје ги расветлува причините за смртта на тројцата починати од Волково

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Скопје вчера по примена дојава за пронајдени три тела во с. Волково, веднаш излезе на лице место и изврши увид заедно со екипи на МВР. При тоа е констатирано дека со употреба на огнострелно оружје од живот се лишени три лица од кои две од женски пол. … Повеќе

За Убиство ќе се гони синот кој го претепа татка си во Битола

До Основното јавно обвинителство Битола беше поднесена кривична пријава против едно лице од Битола за кривично дело Убиство од чл. 123 ст. 2 т. 1 и 2 од КЗ. Станува збор за син на жртвата, сега починатиот Т.М. од Битола. Убиството се случило на 15.04.2016 година во 21,00 часот во домот на жртвата. Основното јавно … Повеќе

Основното јавно обвинителство – Гостивар ги истражува причините за несреќата во која беа повредени девет деца и пет возрасни лица

Вчера во попладневните часови, надлежниот обвинител од Основното јавно обвинителство – Гостивар, по телефонско јавување од ПС Гостивар за случена сообраќајна несреќа на локалниот пат Гостивар – с. Падалиште изврши увид на местото на настанот. Поради непристапноста на теренот увидот од страна на јавниот обвинител и полицијата се одвивал во отежнати услови до вечерните часови. … Повеќе

Основното јавно обвинителство Струмица ги расветлува причините за смртта на лицето пронајдено вчера во Радовиш

Увид на лице место изврши дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, заедно со увидна екипа на СВР Струмица, ПС Радовиш, при што е утврдено дека станува збор за покојно женско лице, родено 1948 година. Поради постоење основано сомнение за причините на смртта, јавниот обвинител издаде Наредба за вршење обдукција на телото на покојната, … Повеќе

Поднесен обвинителен акт за 11 лица во предметот во јавноста познат како „Удар"

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Основниот суд Скопје 1 – Скопје поднесе Обвинителен акт, како и предлог за продолжување на мерките притвор, куќен притвор и за определување на мерки на претпазливост против 11 лица. Со обвинението лицето Д.А. првообвинет се товари дека сторил кривично дело „Злосторничко здружување” од чл.394 … Повеќе

Основното јавно обвинителство Кавадарци изврши увид на лице место за сообраќајната несреќа кај Росоман

Денес во 12.30 часот случена е тешка сообраќајна несреќа во која живот го загуби едно лице. До несреќата дошло откако патничко моторно возило Форд Фиеста со скопски регистарски таблички , движејќи се на патот, кај местото викано Камендолска спирка во близина на Росоман се исклучило од колоната возила сакајќи од левата коловозна лента да сврти … Повеќе

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против две лица за повеќе кривични дела, меѓу кои и за фалсификување на исправа

Со поднесениот обвинителен предлог обвинетиот З.Б. се товари дека сторил кривично дело Изработување и набавување оружје и средства наменети за извршување на кривично дело од член 395 ст.1 вв со чл.22 , кривично дело Фалсификување на исправа од член 378 ст.3 вв со чл.22 вв со чл.45, кривично дело Злоупотреба на лични податоци од член … Повеќе

Одржана консултативната средба со граѓански организации кои имаат активности поврзани со изборите

Привремената Комисија за следење на изборни нерегуларности при Јавното обвинителство на Република Македонија денеска одржа консултативна средба со граѓанските организации кои имаат активности поврзани со изборните процеси. Целта на средбата беше да се договори начинот на меѓусебното комуницирање, а во насока на превенирање и постапување по противзаконити дејствија што евентуално би биле сторени при организирањето … Повеќе

ПОВИК ЗА КОНСУЛТАТИВНА СРЕДБА СО ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ

Јавното обвинителство на Република Македонија организира консултативна средба на која ќе стане збор за начинот на работа на новоформираната привремена Комисија за следење на изборни нерегуларности. Средбата ќе се одржи меѓу претставници на формираната Комисија и на граѓанскиот сектор кои имаат активности поврзани со изборните процеси. Целта е да се договори начинот на меѓусебното комуницирање, … Повеќе

Основното јавно обвинителство Скопје побара Притвор и за едно од осомничените лица кои беа опфатени со предходните дејствија во т.н. предмет „Фабрика за афери“

Осомниченото лице опфатено со дејствијата на надлежното обвинителство на почетокот од преземањето на дејствијата во предметот т.н. Фабрика за афери се сомничи за три кривични дела и тоа:  Изработување и набавување оружје и средства наменети за извршување на кривично дело од член 395, Фалсификување исправа од член 378  и Злоупотреба на лични податоци од член … Повеќе