Односи со Јавноста

Поднесен обвинителен акт за 11 лица во предметот во јавноста познат како „Удар"

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Основниот суд Скопје 1 – Скопје поднесе Обвинителен акт, како и предлог за продолжување на мерките притвор, куќен притвор и за определување на мерки на претпазливост против 11 лица. Со обвинението лицето Д.А. првообвинет се товари дека сторил кривично дело „Злосторничко здружување” од чл.394 … Повеќе

Основното јавно обвинителство Кавадарци изврши увид на лице место за сообраќајната несреќа кај Росоман

Денес во 12.30 часот случена е тешка сообраќајна несреќа во која живот го загуби едно лице. До несреќата дошло откако патничко моторно возило Форд Фиеста со скопски регистарски таблички , движејќи се на патот, кај местото викано Камендолска спирка во близина на Росоман се исклучило од колоната возила сакајќи од левата коловозна лента да сврти … Повеќе

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против две лица за повеќе кривични дела, меѓу кои и за фалсификување на исправа

Со поднесениот обвинителен предлог обвинетиот З.Б. се товари дека сторил кривично дело Изработување и набавување оружје и средства наменети за извршување на кривично дело од член 395 ст.1 вв со чл.22 , кривично дело Фалсификување на исправа од член 378 ст.3 вв со чл.22 вв со чл.45, кривично дело Злоупотреба на лични податоци од член … Повеќе

Одржана консултативната средба со граѓански организации кои имаат активности поврзани со изборите

Привремената Комисија за следење на изборни нерегуларности при Јавното обвинителство на Република Македонија денеска одржа консултативна средба со граѓанските организации кои имаат активности поврзани со изборните процеси. Целта на средбата беше да се договори начинот на меѓусебното комуницирање, а во насока на превенирање и постапување по противзаконити дејствија што евентуално би биле сторени при организирањето … Повеќе

ПОВИК ЗА КОНСУЛТАТИВНА СРЕДБА СО ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ

Јавното обвинителство на Република Македонија организира консултативна средба на која ќе стане збор за начинот на работа на новоформираната привремена Комисија за следење на изборни нерегуларности. Средбата ќе се одржи меѓу претставници на формираната Комисија и на граѓанскиот сектор кои имаат активности поврзани со изборните процеси. Целта е да се договори начинот на меѓусебното комуницирање, … Повеќе

Основното јавно обвинителство Скопје побара Притвор и за едно од осомничените лица кои беа опфатени со предходните дејствија во т.н. предмет „Фабрика за афери“

Осомниченото лице опфатено со дејствијата на надлежното обвинителство на почетокот од преземањето на дејствијата во предметот т.н. Фабрика за афери се сомничи за три кривични дела и тоа:  Изработување и набавување оружје и средства наменети за извршување на кривично дело од член 395, Фалсификување исправа од член 378  и Злоупотреба на лични податоци од член … Повеќе

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција се спогоди со шестмина од предметот „Ќелија“

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска се спогоди со шестмина од обвинетите кои ја признаа вината во случајот познат во јавноста како „Ќелија“. Шестмината обвинети за сторено кривично дело „Учество во странска војска, полиција, паравоени или параполициски формации“ од член 322-а од Кривичниот законик се спогодија да им се изрече … Повеќе

Предлог за определување мерка притвор и за последното задржано лице од акцијата во т.н. предмет Фабрика за афери

Осомниченото лице е изведено пред судија на претходна постапка, каде надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство – Скопје поднесе Предлог за определување на мерка Притвор. Осомничениот се товари дека сторил три кривични дела и тоа – Изработување и набавување оружје и средства наменети за извршување на кривично дело од член 395, Фалсификување исправа од член … Повеќе

Продолжува постапувањето на Основното јавно обвинителство Скопје по денешната акција

За едно од лицата кои денес во спроведување на акцијата за предметот познат како „Фабрика за афери“ беа лишени од слобода, надлежен јавен обвинител поднесе Предлог за определување на мерка притвор. Лицето се товари за сторено кривично дело – Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 од Кривичниот законик. … Повеќе

Основното јавно обвинителство – Скопје продолжува со истражни дејствија за т.н. „Фабриката за афери“

По барање на Основното јавно обвинителство – Скопје и по издадена наредба од надлежен суд утринава беше извршена координирана акција за наоѓање на нови дополнителни материјални докази во предметот кој во јавноста е познат како „Фабрика за афери“. Претресот е извршен на повеќе локации во Скопје и околината, при што се пронајдени и одземени: компјутер, … Повеќе

ДЕМАНТ

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција најостро реагира и ги демантира информациите објавени во неколку медиуми, во врска со наводно спроведување на контра – акција со вршење влијание на вработените во Централниот регистар, а со цел да не се појавеле на работа. Истакнуваме дека ширењето вакви шпекулации ја доведува во заблуда … Повеќе

Јавниот обвинител на Република Македонија на отворањето на конференција за борба против тероризмот во Скопје

Јавниот обвинител на Република Македонија Марко Зврлевски денеска ги поздрави присутните учесници на тридневната регионална конференција „Взаемна правна помош, екстрадиција и истраги за комјутерски криминал во контекст на борбата против тероризмот и учеството во странски терористички војски“, што започна денеска во Скопје. Во своето обраќање, г-динот Зврлевски истакна дека борбата против тероризмот и учеството во … Повеќе

СООПШТЕНИЕ

Ја известуваме јавноста дека во насока на заштита од криминални или други против законски дејствија, а во смисла на превентивно делување, Јавниот обвинител на Република Македонија донесе Одлука за формирање на привремена Комисија за следење на евентуални изборни нерегуларности што би биле сторени при организирањето и спроведувањето на изборниот процес на 5 јуни 2016 година. … Повеќе

Јавниот обвинител на Република Македонија г. Марко Зврлевски ја пречека романската обвинителка Лаура Кодрута Ковеси

Јавниот обвинител на Република Македонија г. Марко Зврлевски денеска беше домаќин на Лаура Кодрута Ковеси – главна обвинителка во Националниот директорат за антикорупција во Република Романија. Целта на посетата беше запознавање на обвинителите и размена на искуства. На средбата стана збор за организациска поставеност на обвинителствата при што беа утврдени сличности во истата. Имено, местоположбата … Повеќе

Основното јавно обвинителство – Струмица истражува даночно затајување, поднесен предлог за определување на мерка – Притвор за две лица

Основното јавно обвинителство – Струмица по поднесената Кривична пријава од Управата за финансиска полиција – Скопје против едно правно лице и две лица од Струмица поради основано сомневање дека сториле кривично дело – Даночно затајување од чл. 279 ст.2 вв со ст.1, вв со чл. 22 вв со чл.45 од Кривичниот законик, донесе Наредба за … Повеќе

Тешка сообраќајна незгода на патот Прилеп-Градско

Попладнево околу 15 часот, на магистралниот пат Прилеп-Градско се случи тешка сообраќајна незгода, во која животот го загуби петгодишно девојче. Несреќата се случила кога автомобил Форд Фиеста со велешки регистарски таблички излетал од коловозот и се превртел. Во автомобилот, освен девојчето, патувале и нејзиниот татко, баба и дедо. Останатите патници не се повредени. Се работи … Повеќе

Основното јавно обвинителство – Скопје апелира да не се изнесуваат шпекулации за смртта на девојката во Аеродром

Основното јавно обвинителство – Скопје ги прибира информациите за расветлување на смртта на девојката во Аеродром, која почина откако падна од висококатница.  Се очекува доставување на комплетните податоци од страна на МВР на РМ – СВР Скопје  од делот на спроведените полициски истраги и прибраните известувања од сите граѓани кои имале сознанија за овој настан, … Повеќе

Основното јавно обвинителство Скопје ги расветлува причините за смртта на девојката од скопски Аеродром

Основното јавно обвинителство Скопје започна со спроведување дејствија веднаш по смртта на девојката во Аеродром, која почина откако падна од висококатница. Донесена е Наредба согласно член 247 од Законот за кривична постапка, со која телото на покојната е предадено на Институтот за судска медицина и медицинска деонтологија при Медицинскиот факултет во Скопје за да се … Повеќе

Македонски државјанин под истрага за криумчарење 13 мигранти, меѓу кои и две деца

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје, постапувајќи по Кривичната пријава на Министерството за внатрешни работи од 04.03.2016 година донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против 26 – годишен македонски државјанин.  Истражната постапка е поради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело Криумчарење мигранти од чл.418-б ст.4 в.в. со … Повеќе

Се води постапка против едно лице кое нападна јавен обвинител во Тетово

Вчера во Основниот суд – Тетово додека во постапка по предмет се објавувала пресудата, едно од присутните лица во судницата извршило напад над надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Тетово. Имено, осомничената која е роднина на осуденото лице, вербално се заканувала на јавниот обвинител и физички го нападнала. По интервенција на судската полиција осомничената … Повеќе