Односи со Јавноста

Основното јавно обвинителство Велес ја расветлува тешката железничка несреќа

На ден 23.04.2015 година околу 22.30 часот на железничката пруга Велес – Скопје на околу 2 км по железничката станица Рајко Жинзифов поточно помеѓу оваа станица и стојалиштето Пчиња,  дојдено е до тешка железничка несреќа. Имено, според зборовите на машиновозачот на патничкиот експресен воз бр.334 кој сообраќа на релација Гевгелија-Белград движејќи се во правец кон … ПовеќеОсновното јавно обвинителство Велес ја расветлува тешката железничка несреќа

Основното јавно обвинителство Штип гони четири лица за Оштетување или уништување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости

Четворицата осомничени, од кои двајца државјани на Република Србија, во ноќта помеѓу 18/19.04.2015 година, како соизвршители вршеле недозволени истражувачки работи на верскиот објект – „Хусамедин пашина џамија“ – „Свети Илија“, прогласен за културно наследство. Тие со употреба на сила и подесен алат влегле во верскиот објект и извршиле археолошки ископувања со отстранување на камените плочи … ПовеќеОсновното јавно обвинителство Штип гони четири лица за Оштетување или уништување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости

Јавниот обвинител на Република Македонија оствари протоколарна средба со кинескиот амбасадор

Денес, Јавниот обвинител на Република Македонија г. Марко Зврлевски имаше средба со амбасадорот на Народна Република Кина, неговата екселенција г. Вен Џеншун. На средбата стана збор за поставеноста на јавните обвинителства во Република Македонија и Народна Република Кина и можното воспоставување на идна соработка меѓу обвинителствата.

Второосомничениот за убиството во угостителскиот објект „Баркод“ во Тетово е лишен од слобода

Осомничениот, утринава, самиот се пријавил во Полициската станица Кисела Вода во Скопје, носејќи го со себе и оружјето со кое истакнал дека е извршено убиството. По приведувањето, осомничениот ќе ја издржува мерката Притвор согласно веќе донесеното Решение од страна на Основниот суд – Тетово. Имено, Основното јавно обвинителство -Тетово за осомничениот за извршеното убиство достави … ПовеќеВтороосомничениот за убиството во угостителскиот објект „Баркод“ во Тетово е лишен од слобода

Основното јавно обвинителство – Скопје постигна спогодба за двајца осомничени од предметот „Јустиција“

Надлежниот обвинител од Основното јавно обвинителство – Скопје постигна спогодба со двајца осомничени во предметот „Јустиција“. Денеска спогодбата е верификувана и од страна на Основниот суд Скопје 1 – Скопје, кој согласно договореното со Пресуда на осомничените им изрече условна казна затвор, односно казна затвор од една година која нема да се изврши доколку во … ПовеќеОсновното јавно обвинителство – Скопје постигна спогодба за двајца осомничени од предметот „Јустиција“

Потпишана Спогодба за соработка меѓу Јавното обвинителство на Република Бугарија и Јавното обвинителство на Република Македонија

Capture

Јавниот обвинител на Република Македонија г.  Марко Зврлевски ,  денес беше домаќин на својот бугарски колега г. Сотир Цацаров – Главен обвинител на Република Бугарија. Двајцата обвинители на средбата  ја истакнаа важноста на развојот на меѓусебната соработка и партнерство за прашањата од заеднички интерес, како и важноста од квалитативно унапредување и усовршување на носителите на јавнообвинителската функција .

Со цел да ги зајакнат контактите меѓу јавните обвинители на Република Македонија и Република Бугарија, како и соработката во сите области од дејноста на обвинителството, обвинителите потпишаа Спогодба за соработка меѓу Јавното обвинителство на Република Бугарија и Јавното обвинителство на Република Македонија.

ПовеќеПотпишана Спогодба за соработка меѓу Јавното обвинителство на Република Бугарија и Јавното обвинителство на Република Македонија

Основното јавно обвинителство – Тетово гони две лица за убиството во угостителски објект во Тетово

По доставената кривична пријава од страна на СВР -Тетово, вчера Основното јавно обвинителство – Тетово донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против двајца осомничени  за кривично дело – Убиство.  На 10 овој месец околу 22:00 часот во угостителскиот објект „Баркод“ кој се наоѓа на улицата  ЈНА во Тетово, како резултат на претходна расправија дошло … ПовеќеОсновното јавно обвинителство – Тетово гони две лица за убиството во угостителски објект во Тетово

ПОДНЕСЕНО ОБВИНЕНИЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДЕТСКАТА КЛИНИКА

Основното јавно обвинителство Скопје по утврдување на основаноста на сомнението, поднесе обвинение против едно лице за кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 7 (Убиство на бремено лице). Лицето е обвинето бидејќи на 09.01.2015 год. околу 19,00 час, во кругот на комплекс Клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, во потпокривната просторија на Клиниката … ПовеќеПОДНЕСЕНО ОБВИНЕНИЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДЕТСКАТА КЛИНИКА

Основното јавно обвинителство -Тетово донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против едно лице за сторено кривично дело Убиство

По поднесената кривична пријава од страна на Министерството за внатрешни работи на Република Македонија – СВР Тетово, надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство -Тетово донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против едно лице за сторено кривично дело Убиство во обид . Имено, на 31.03. 2015 година во вечерните часови осомничениот со умисла се … ПовеќеОсновното јавно обвинителство -Тетово донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против едно лице за сторено кривично дело Убиство

Европската Комисија цени дека работата на јавните обвинители може да ја ценат само надлежните основни судови

Јавното обвинителство на Република Македонија достави покана до Европската Комисија за испраќање на меѓународни експерти кои би биле во тек со предметите кои ги води обвинителството, а произлезени од последните актуелни случувања. Иако јавното обвинителство има капацитети и единствена законска недлежност за водење на истражна постапка, сепак ја поканивме Европската Комисија преку свои претставници, а … ПовеќеЕвропската Комисија цени дека работата на јавните обвинители може да ја ценат само надлежните основни судови

СООПШТЕНИЕ

Основното јавно обвинителство Скопје ја известува јавноста дека предметите по јавно објавените наводи од наводно прислушкуваните разговори по службена должност и досега поднесените кривични пријави од СДСМ, се распоредени на 17 јавни обвинители од ова обвинителство. Сите пријави се дадени во работа. По дел од истите досега се преземени определени дејствија, а во тек е … ПовеќеСООПШТЕНИЕ

Основното јавно обвинителство Гевгелија гони три лица за сторени кривични дела Тешка кражба и Тешка кражба во обид

Припадници на така наречената група Проспера се гонат од страна на Основното јавно обвинителство за две кривични дела – Тешка кражба и Тешка кражба во обид. Кривичната пријава беше поднесена од Министерството за внатрешни работи НК-КР Гевгелија. Осомничените на ден 17.03.2015 година по претходен договор, со намера противправно присвојување на туѓи подвижни предмети од поголема … ПовеќеОсновното јавно обвинителство Гевгелија гони три лица за сторени кривични дела Тешка кражба и Тешка кражба во обид

СООПШТЕНИЕ

Јавното обвинителство е единствен и самостоен државен орган кој ги гони сторителите на кривични дела и на други со закон утврдени казниви дела. Јавните обвинители функцијата ја вршат законито, непристрасно и објективно. Во рамки на своите надлежности, а во име на општеството се грижат за ефикасност на кривичноправниот систем. Во своето постапување јавното обвинителство доследно … ПовеќеСООПШТЕНИЕ

28 годишен штипјанец извршил полов напад врз дете кое не наполнило 14 години и продолжено кривично дело обљуба врз немоќно лице

Основното јавно обвинителство Штип донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против 28 годишен штипјанец за сторено кривично дело – Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години и продолжено кривично дело Обљуба врз немоќно лице. Имено, осомничениот од почетокот на 2015 година со претходно договарање за времето и местото на средбата, се среќавал … Повеќе28 годишен штипјанец извршил полов напад врз дете кое не наполнило 14 години и продолжено кривично дело обљуба врз немоќно лице

ВЕЛЕШКОТО ОБВИНИТЕЛСТВО ГОНИ ЕДНО ЛИЦЕ ЗА ПОЛОВ НАПАД ВРЗ МАЛОЛЕТНИК

Основното јавно обвинителство – Велес донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против едно лице за сторено кривично дело – Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години од чл.188 ст.1 од Кривичниот законик. Осомничениот (47), инаку сосед на жртвата (12), на 09.03.2015 година во попладневните часови го повикал момчeто да го превезе со … ПовеќеВЕЛЕШКОТО ОБВИНИТЕЛСТВО ГОНИ ЕДНО ЛИЦЕ ЗА ПОЛОВ НАПАД ВРЗ МАЛОЛЕТНИК

СООПШТЕНИЕ

По последните случувања, континуираните објави на снимки, разговори, изјави од страна на повеќето политички партии, како и по нагласеното препукување кое преку медиумите се прави, а е во врска со кривично правни настани за кое надлежните јавни обвинителства веќе постапуваат, деновиве јавното обвинителство нагласено се повикува да даде конечен одговор. Исто така, се повикува на … ПовеќеСООПШТЕНИЕ

СООПШТЕНИЕ

Основното јавно обвинителство Скопје ја известува јавноста дека кривичните пријави поднесени од СДСМ, Зоран Заев, Радмила Шеќеринска, Стево Пендаровски, Оливер Спасовски, Тито Петковски и Андреј Жерновски, се земени во работа. Притоа се повикани подносителите на кривичните пријави, дел од нив се сослушани пред јавниот обвинител и во тек е преземањето и на други дејствија со … ПовеќеСООПШТЕНИЕ

Основното јавно обвинителство Прилеп донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против едно лице за продолжено кривично дело – Полов напад врз дете.

По поднесена кривична пријава од МВР ПС Прилеп, надлежниот јавен обвинител утврди постоење на основано сомнение, па започна истражна постапка против осомничениот. Имено, осомничениот во временскиот период од месец јуни до месец август 2014 година во повеќе наврати извршил полови дејствија спрема дете во неговиот дом. Сметајќи дека се исполнети законските основи, надлежниот Јавен обвинител … ПовеќеОсновното јавно обвинителство Прилеп донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против едно лице за продолжено кривично дело – Полов напад врз дете.

Поведена постапка против три лица вработени во Здравствен дом Охрид

Основното јавно обвинителство Охрид донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против три лица за сторено продолжено кривично дело – Проневера во службата.  По пријава од Финансиската полиција, надлежниот обвинител утврди постоење на основано сомнение, па започна истражна постапка против осомничените. Осомничените во периодот од 2010 до 2014 година подигале готови средства уплатени на име … ПовеќеПоведена постапка против три лица вработени во Здравствен дом Охрид

СО ЗАТВОРСКА КАЗНА ОД СЕДУМНАЕСЕТ ГОДИНИ ПОТВРДЕНО ОБВИНЕНИЕ НА ЈАВНОТО ОБВИНИТЕЛСТВО

Казната е досудена по поднесено обвинение на Основното јавно обвинителство Скопје, против едно лице за сторено кривично дело Полов напад врз малолетник кој не наполнил 14 години.  Обвинителството постапувајќи по поднесена  кривична пријава од Министерството за внатрешни работи, по прибирање на сите докази и факти во предметот, против осуденото лице поднесе Обвинителен акт и тоа … ПовеќеСО ЗАТВОРСКА КАЗНА ОД СЕДУМНАЕСЕТ ГОДИНИ ПОТВРДЕНО ОБВИНЕНИЕ НА ЈАВНОТО ОБВИНИТЕЛСТВО