Соопштенија

Обвинителен акт против 11 лица во предметот „Шпански скали“

По сеопфатна истражна постапка што Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ја започна во јуни годинава, надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд – Скопје достави Обвинителен акт  против 11 лица. На обвинетите им се става на товар дека сториле кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.5, … Повеќе

Обвинение за разбојништвото во заложна куќа

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против две лица кои се товарат за сторено кривично дело – Разбојништво од член 237 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик. Обвинетите како соизвршители, по претходен договор, на 19-ти септември во  заложната куќа „Астра кредити“, на улица „Лондонска“ во Скопје, одзеле туѓи подвижни предмети … Повеќе

Скопјанец обвинет за продолжено неовластено пуштање во промет на хероин и марихуана

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот Кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за продолжено кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од чл.215 ст.1 во врска со чл.45 од Кривичниот законик. Обвинетиот 41-годишен скопјанец, во домот во кој престојувал на бул.„Гоце Делчев“, во … Повеќе

Основното јавно обвинителство Гостивар проверува дали самоубиство на 13-годишна девојка е поврзано со секта

Основното јавно обвинителство Гостивар постапува за утврдување на причините за смртта на 13-годишно девојче од Гостивар, чие безживотно тело беше пронајдено во нејзиниот дом на 25 ноември. Иако првичните сознанија непосредно по настанот упатуваа дека се работи за случај на самоубиство, сепак поради определени индиции, истрагата продолжува со испитување на мотивите кои биле причина за … Повеќе

Се прибираат потребни известувања за објавените аудио записи на „Јутуб“

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција по првичното објавување на аудио снимки на „Јутуб“ објавени на каналот „U6e Big“, отвори предмет по допрен глас. Предметот е земен во работа и по него постапува надлежен јавен обвинител. Издадена е наредба до Министерството за внатрешни работи – Сектор за компјутерски криминал и дигитална … Повеќе

Притвор за осомничен кој се гони за повеќе кривични дела

Oсновното јавно обвинителство Гевгелија поведе постапка против едно лице за сторени три кривични дела и тоа – Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1, Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 и Самовластие од член 392 став 2 во врска со точка 1 од Кривичниот законик. … Повеќе

Поведена постапка за две лица кои пренесувале дрога

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка за двајца соизвршители кои сториле кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ од член 215 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик. Осомничените на 8 декември со возило Опел Вектра пренесувале наркотична дрога – марихуана со вкупна нето тежина од … Повеќе

Истрага против лице кое криело марихуана во дворот на сосетката

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, на возраст од 27 години, поради основано сомнение дека сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот неовластено заради продажба држел наркотична … Повеќе

Соопштение

За правилно информирање на јавноста во поглед на постапувањето на Основното јавно обвинителство Скопје по извршените претреси од страна на МВР во Грчец, Арачиново и на други локации во Скопје врз основа на наредби издадени од судија на претходна постапка на 7 декември, Обвинителството ја известува јавноста дека постапуваше по поднесена кривична пријава против едно … Повеќе

Истрага против едно лице за пронајдено оружје и муниција во Арачиново

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, бидејќи постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од чл.396 ст.1 од Кривичниот законик. Во својот дом во Арачиново осомничениот држел огнено оружје и муниција – еден … Повеќе

Три лица под истрага за трговија со кокаин

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција вчера вечер донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против три лица осомничени дека сториле кривично дело Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори. По неколку месечна соработка со Министерството за внатрешни работи и прибрани … Повеќе

Истрага и притвор за криумчарење на 19 мигранти

Во текот на вчерашниот ден надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои на основано сомнение дека сторило кривично дело Криумчарење мигранти по член 418-б  став 4 во врска со став 2 од Кривичниот законик. Осомничениот во … Повеќе

Притвор за осомничен за криумчарење на 12 мигранти

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои на основано сомнение дека сторило кривично дело Криумчарење мигранти по член 418-б  став 4 во врска со став 2 од Кривичниот законик. Осомничениот со намера да ги превезе до … Повеќе

Едно лице обвинето за четири тешки кражби на дрзок начин во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за сторени четири дела  – Тешки кражби од чл.236 ст.1 т.3 од Кривичниот законик. Обвинетиот на 18 ноември на автобуската станица на Зелен пазар во Скопје на дрзок начин од една оштетена одзел златен ланец во вредност од 25.000 денари, така што се доближил до … Повеќе

Вложена жалба против одлука за замена на мерките за обезбедување во предметот за автобуската несреќа кај Ласкарци

Oсновното јавно обвинителство Скопје вложи жалба на Решението од Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје со кое мерката притвор за две лица обвинети во предметот за сообраќајната несреќа на автобусот на „Дурмо турс“ е заменета со гаранција и определени мерки на претпазливост. Решението на судот се однесува на возачот на автобусот обвинет за кривично … Повеќе

Поведена постапка за пронајдена дрога во дом на скопјанец

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот 38-годишен скопјанец, во неговиот дом во с. Сарај, … Повеќе

Презентирана новата интернет страница на Јавното обвинителство

Јавното обвинителство на Република Северна Македонија ја презентираше новата интернет страница www.jorm.gov.mk, овозможена со финансиска поддршка од Мисијата на ОБСЕ во Скопје. „Јавното обвинителство како орган кој ги гони сторителите на кривичните дела и се грижи за функционирањето на казнениот правен систем, има обврска јасно и транспарентно да ги споделува информациите со јавноста. Објавувањето на … Повеќе

Истрага за кокаин пронајден во Глумово

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, осомничено дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од чл.215 ст.1 од Кривичниот законик. Осомничениот на 4 декември, во својот дом во село Глумово, заради продажба држел наркотична дрога кокаин со вкупна … Повеќе

Обвинение против едно лице за недозволена трговија со хероин

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице, осомничено дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од чл.215 ст.1 од Кривичниот законик. На 20 декември, обвинетиот заедно со едно веќе осудено лице, во автомобилот што го управувал, неовластено заради продажба држеле наркотична дрога … Повеќе

Поднесен Обвинителен акт против судија во Управниот суд

По сеопфатна истражна постапка, надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, денеска, до Основниот кривичен суд во Скопје достави Обвинителен акт против едно лице. Обвинетиот се товари дека како службено лице, судија во Управниот суд на Р.С.Македонија, преземајќи дејствија што не смеел да ги преземе, како и непреземајќи … Повеќе