Соопштенија

Поведена постапка за разбојништво во менувачница

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, поради постоење основано сомнение дека сторило кривично дело  -Разбојништво од чл.237 ст. 1 од Кривичниот законик. На 20 септември, осомничениот влегол во спортска обложувалница на бул. „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје и со нож во раката се заканил на вработениот, барајќи од … Повеќе

Негувателка осомничена за запуштање и малтретирање на две деца

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице осомничено за кривично дело – Запуштање и малтретирање дете од чл.201 ст.1 од Кривичниот законик. Во временскиот период од 1 до 27 ноември, осомничената ангажирана за негување и чување на две деца на возраст од три години, грубо ја … Повеќе

Отворена истрага против негувателка заради малтретирање дете

Oсновното јавно обвинителство Скопје отвори истражна постапка против едно лице за кривично дело – Запуштање и малтретирање на дете од чл.201 ст.1 од Кривичниот законик. Осомничената на 21 ноември, во игротека во еден угостителски објект, малтретирала двегодишно дете за кое била ангажирана како негувателка. Притоа таа повеќепати го удрила детето кое се здобило со телесни … Повеќе

Двајца скопјани обвинети за тешка кражба од возило

Oбвинителен предлог против две лица кои како соизвршители сториле кривично дело – Тешка кражба од чл. 236 ст.1 т.1 во врска со чл.22 од Кривичниот законик поднесе Основното јавно обвинителство Скопје. Обвинетите, на 18 ноември, на ул. „Њуделхиска“ во Скопје, на паркинг простор пред еден супермаркет, се приближиле кон паркиран автомобил „Форд фокус“ со тетовски … Повеќе

Поведена истрага за разбојништво во маркет

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомневање дека сторило кривично дело – Разбојништво од чл. 237 ст.1 од Кривичниот законик. Со закана дека непосредно ќе нападне врз животот и телото на две оштетени лица, осомничениот, на 20 ноември, одзел пари од маркет на ул. … Повеќе

Соопштение

Јавното обвинителство на Република Северна Македонија ги следи реакциите по донесената одлука на Апелациониот суд Скопје за замена на мерката притвор со куќен притвор за обвинето лице во случајот „Рекет“. Како единствен државен орган кој е надлежен за кривично гонење и се грижи за законитоста на кривичниот прогон, јавното обвинителство нагласува дека ги почитува судските … Повеќе

Муниција и дрога пронајдени во дом на скопјанец

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривични дела – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 и Неовластено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи од … Повеќе

За изнуда и лихварство под истрага две лица

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица, осомничени дека како соизвршители сториле кривично дело – Изнуда од чл. 258 ст.1 во врска со чл. 22 од Кривичниот законик. За едно од лицата постои основано сомневање дека сторило и кривично дело – Лихварство од чл. 260 ст.1 од Кривичниот законик. … Повеќе

Кумановското обвинителство отвори истрага за пронајдената дрога и оружје

Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка против лице на возраст од 66 години, со двојно државјанство – на Република Северна Македонија и Република Србија, поради основано сомнение дека ги сторило кривичните дела – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 и Неовластено изработување, држење, посредување … Повеќе

Поведена постапка за полов напад врз дете

Основното јавно обвинителство Гостивар поведе постапка против лице за кое постои основано сомнение дека извршило кривично дело – Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години од член 188 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот во повеќе наврати во текот на 2019 година искористил погодни прилики и извршил полови дејствија врз жртвата – дете … Повеќе

Притвор за лице во Кичево кај кое беше пронајдена марихуана

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомневање дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од чл.215 ст.1 од Кривичниот законик. При претрес во домот на осомничениот во Кичево, во подрумска просторија на улицата „Мехмед … Повеќе

Жителка на Кавадарци под истрага за продажба на дрога во Скопје

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомневање дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од чл.215 ст.1 од Кривичниот законик. На 14 ноември, при претрес во домот каде што времено престојувала … Повеќе

Поведена постапка за убиство во Арачиново

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, осомничено дека сторило кривично дело – Убиство од чл. 123 ст.1 од Кривичниот законик. На 18 август, во село Мојанце, Арачиново, со употреба на огнено оружје со калибар од 7,62Х25мм, осомничениот го лишил од живот Зилбехар Ајвази. На критичниот ден, осомничениот седел … Повеќе

Поведена постапка против дилер на дрога

Основното јавно обвинителство Прилеп донесе Наредба за спроведување истражна постапка против жител на Прилеп, на возраст од 43 години, за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од чл.215 ст.1 од Кривичниот законик. Врз основа на наредба издадена од Основниот суд Прилеп, во домот на осомничениот на … Повеќе

Реакција на Основното јавно обвинителство Скопје за предметот со отуѓеното државно земјиште во Центар

До Основното јавно обвинителство Скопје, од страна на двајца подносители – физички лица, во март 2015 година беше поднесена кривична пријава против четири лица, а во септември 2016 година беше поднесено и проширување на пријавата против уште едно лице за кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 од Кривичниот законик. … Повеќе

Поднесено обвинение за поседување рачна бомба

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. При претрес на домот на обвинетиот во Арачиново, на 18 октомври, во фиока во плакар кој се … Повеќе

Основното јавно обвинителство Прилеп работи на утврдување на причините за сообраќајна несреќа во која загина едно лице

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп, заедно со екипа од крим-техника од МВР ПС Прилеп, вчера изврши увид на патот Прилеп-Македонски Брод, во близина на селото Ропотово, каде се случи сообраќајна несреќа во која едно лице го загуби животот. Според првичните сознанија, до несреќата дошло кога патничко моторно возило марка „Опел Астра“, од … Повеќе

Обвинение за поседување оружје, муниција и дрога

По сеопфатна истражна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против 30-годишен скопјанец за сторени  кривични дела  – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори предвидено и казниво по член 215 став 1  и  Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 2 … Повеќе

Отфрлена иницијативата за кривично гонење на ректор поднесена од Државната комисија за спречување на корупцијата

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Решение за отфрлање на иницијативата за поведување постапка за кривично гонење поднесена од Државната комисија за спречување на корупцијата против ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје. По спроведена предистражна постапка, надлежен јавен обвинител констатираше дека нема основано сомнение дека пријавениот ги сторил кривичните дела – Злоупотреба на … Повеќе

Тројца Пакистанци и еден македонски државјанин осомничени за криумчарење мигранти

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против четири лица. Лицата, еден македонски и тројца пакистански државјани се осомничени дека како соизвршители сториле кривично дело Криумчарење мигранти предвидено и казниво по член 418 – б став 3 во врска со став … Повеќе