Соопштенија

СООПШТЕНИЕ

Комисијата за следење на евентуални изборни нерегуларности при Јавното обвинителство на Република Македонија ја известува јавноста дека будно ги следи сите случувања за време на изборниот процес и денеска за време на гласањето. Во сите јавни обвинителства во Република Македонија, покрај редовните дежурства, организирани се и дополнителни дежурства од јавни обвинители со цел приоритетно, итно … ПовеќеСООПШТЕНИЕ

Основното јавно обвинителство Охрид утврдува кривична одговорност за смртта на двегодишното дете од Охрид

Основното јавно обвинителство Охрид го доби Секциониот протокол од извршената судско медицинска експертиза на двегодишното дете кое почина во август годинава на детското одделение во Медицинскиот Центар Охрид. Патолошко хистолошката дијагноза и резултатите од токсилошките анализи укажуваат дека смртта кај детето настанала поради воспаление на двете белодробни крила, по што инфекцијата навлегувајќи во крвта предизвикала … ПовеќеОсновното јавно обвинителство Охрид утврдува кривична одговорност за смртта на двегодишното дете од Охрид

Под истрага 24 лица за злоупотреба на Договори за закуп на земјоделско земјиште и исплата по Програмата за финансиска подршка во земјоделството​

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во текот на денешниот ден спроведе координирана акција со МВР на РМ Оддел за сузбивање на организиран и сериозен криминал. Акцијата за сузбивање на кривични дела против службената должност и овластувања сторени на штета на Буџетот на Република Македонија е спроведена во повеќе населени места … ПовеќеПод истрага 24 лица за злоупотреба на Договори за закуп на земјоделско земјиште и исплата по Програмата за финансиска подршка во земјоделството​

Консултативна средба со граѓански организации на привремената Комисија за следење на евентуални изборни нерегуларности

Привремената Комисија за следење на евентуални изборни нерегуларности на локалните избори 2017 година, што е формирана во рамките на Јавното обвинителство на Република Македонија, денеска одржа консултативна средба со граѓански организации. На средбата беа поканети претставници на граѓанските организации кои го следат изборниот процес. Целта на средбата беше тие директно да се запознаат со начинот … ПовеќеКонсултативна средба со граѓански организации на привремената Комисија за следење на евентуални изборни нерегуларности

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција пресече канал за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги и организирано криумчарење мигранти

Во текот на денешниот ден, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција спроведе координирана акција со Министерството за внатрешни работи на подрачјето на Скопје, Велес и Тетово. Преземени се дејствија за процесуирање на поднесената кривична пријава од страна на МВР против шест лица поради постоење на основано сомнение дека сториле кривични дела … ПовеќеОсновното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција пресече канал за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги и организирано криумчарење мигранти

Формирана привремена Комисија за следење на евентуални изборни нерегуларности на локалните избори

Јавното обвинителство на Република Македонија, во рамки на своите надлежности, а во насока на претстојното спроведување на локалните избори закажани за 15 октомври 2017 година, формираше привремена Комисија за следење на евентуални изборни нерегуларности. Задача на комисијата е да го следи постапувањето по евентуални изборни нерегуларности поврзани со постоење на кривични дела од Глава 16 … ПовеќеФормирана привремена Комисија за следење на евентуални изборни нерегуларности на локалните избори

Основното јавно обвинителство Скопје ја прошири истрагата за еден од осомничените за случувањата во Собранието на Република Македонија

Во текот на вчерашниот ден Основното јавно обвинителство Скопје до судија на претходна постапка поднесе предлог за определување на мерката Притвор за осомничениот по сите основи и тоа: поради постоење на опасност од бегство, попречување на истрагата и можност за повторување на кривичното дело. Предлогот е поднесен бидејќи од досега прибавените докази од страна на … ПовеќеОсновното јавно обвинителство Скопје ја прошири истрагата за еден од осомничените за случувањата во Собранието на Република Македонија

Поднесено обвинение за лицето кое пукаше во поранешен министер за здравство

Основното јавно обвинителство – Скопје, по завршената истрага, поднесе Обвинителен акт против лицето Љ.С. кое на 01.06.2017 година пукаше во поранешен министер за здравство. Лицето се товари за две кривични дела – Убиство од член 123 во врска со член 19  и Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 … ПовеќеПоднесено обвинение за лицето кое пукаше во поранешен министер за здравство

Средба на В.Д. Јавниот обвинител на Република Македонија Спасоска со амбасадорката Гловер

В.Д.  Јавен обвинител на Република Македонија Лилјана Спасоска денеска оствари средба со амбасадорката Одри Гловер, шеф на Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР за набљудување на локалните избори во Република Македонија. На средбата се разговараше за чекорите што ги презема Јавното обвинителство на Република Македонија во насока на заштита од криминални и други противзаконски дејствија поврзани со процесот … ПовеќеСредба на В.Д. Јавниот обвинител на Република Македонија Спасоска со амбасадорката Гловер

Основното јавно обвинителство – Гостивар го расветлува нападот во Кичево

Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство – Гостивар изврши увид во центарот на Кичево, на местото каде вчеравечер,​ се случи вооружен инцидент во кој се ранети три лица. Според првичните сознанија до инцидентот дошло кога лицето А.А од зад грб испукало неколку куршуми од пиштол кон А.А и А.Д. При нападот со лесни телесни повреди … ПовеќеОсновното јавно обвинителство – Гостивар го расветлува нападот во Кичево

Побаран притвор за лице осомничено за убиство на свиреп начин

Основното јавно обвинителство – Скопје издаде Наредба за спроведување на истражна постапка за едно лице, осомничено дека сторило кривично дело – Убиство на свиреп начин. Лицето се сомничи дека е одговорно за пожарот на ливада во с. Љуботен што се случи на 04.08.2017 година. При гаснење на пожарот беше пронајден човечки труп. По издадените наредби … ПовеќеПобаран притвор за лице осомничено за убиство на свиреп начин

Основното јавно обвинителство – Гостивар ги истражува причините поради кои починала пронајдената жена

Првичната информација со која започна увидот на лице место од страна на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Гостивар беше дека е пронајдена жена која настрадала како последица на сообраќајна несреќа. Сведоци виделе возило што го напушта местото на кое веднаш потоа е пронајден трупот. Извршувајќи го увидот во соработка со увидна екипа, јавниот … ПовеќеОсновното јавно обвинителство – Гостивар ги истражува причините поради кои починала пронајдената жена

Основното јавно обвинителство – Скопје започна постапка против четири лица за разбојништво

Јавниот обвинител кој постапува во предметот, донесе Наредба за спроведување на истражна постапка за четири лица на кои им се става на товар дека сториле кривично дело – Разбојништво од член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Настанот за кој се води постапка се случил на 30 август во раните … ПовеќеОсновното јавно обвинителство – Скопје започна постапка против четири лица за разбојништво

Предложен притвор за сторителот на убиството во Црниче

Основното јавно обвинителство – Скопје поднесе предлог за определување на мерката Притвор за лицето кое вчера смртно го рани својот татко. Надлежниот обвинител ценеше дека се исполнети сите законски основи за предлогот и тоа постоење на услови за бегство на осомничениот, за вршење на влијание врз сведоци, а утврдена е и опасност за повторување на … ПовеќеПредложен притвор за сторителот на убиството во Црниче

Поднесен обвинителен акт против гинекологот кој презентирал состојба на лажна симулирана бременост на пациентка

Основното јавно обвинителство – Скопје поднесе Обвинителен акт против лицето Н.Д., по професија доктор специјалист по гинeкологија и акушерство, кој во периодот од месец септември 2015 до април 2016 година презентирал состојба на лажна симулирана бременост на пациентка врз која претходно спровел биолошки потпомогнато оплодување. Обвинетиот се товари дека сторил кривично дело – Тешки дела … ПовеќеПоднесен обвинителен акт против гинекологот кој презентирал состојба на лажна симулирана бременост на пациентка

Јавното обвинителство од понеделник со ново работно време

В.Д. Јавен обвинител на Република Македонија денес донесе Одлука за утврдување на ново работно време во јавните обвинителства во Република Македонија. Ново утврденото работно време кое ќе се применува од 4 септември 2017 година (понеделник) започнува во 7:30 часот и трае до 15.30 часот. Одлуката за утврдување на работното време ќе се применува во Јавното … ПовеќеЈавното обвинителство од понеделник со ново работно време

Основното јавно обвинителство – Скопје постапува за расветлување на нападот врз екипата на НОВА ТВ

Основното јавно обвинителство – Скопје прими известување од страна на Министерството за внатрешни работи во врска со настанот случен на 23 август, кога при извршување на работните задачи беше нападната новинарската екипа на интернет порталот НОВА ТВ . По приемот на известувањето, Основното јавно обвинителство – Скопје веднаш оформи предмет и истиот го распореди кај … ПовеќеОсновното јавно обвинителство – Скопје постапува за расветлување на нападот врз екипата на НОВА ТВ

Основното јавно обвинителство – Велес работи на откривање на причините за сообраќајната несреќа на туристички автобус

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Велес синоќа изврши увид на лице место на автопатот Велес-Скопје каде што се случи тешка сообраќајна несреќа во која туристички автобус излета од патот и се преврте. Причините за несреќата се утврдуваат. По наредба на јавниот обвинител, од возачот на автобусот е земен примерок на крв за анализа … ПовеќеОсновното јавно обвинителство – Велес работи на откривање на причините за сообраќајната несреќа на туристички автобус

Едно лице осомничено за убиство во Велес

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Велес изврши увид на лице место во семејна куќа, во која што утрово околу 02:00 часот е извршено кривично дело убиство. Настанот се случил кога 46-годишниот С.В. со тврд предмет, најверојатно чекан, ја скршил влезната врата на неговите соседи, влегол во собата каде спиела ќерката и ја … ПовеќеЕдно лице осомничено за убиство во Велес

Основното јавно обвинителство – Струга работи на расветлување на убиство

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Струга, заедно со увидна екипа од СВР Охрид – ПС Струга вчера изврши увид на лице место каде што беше убиен сопственик на ресторан. Според првичните информации, убиството околу 17 часот го извршил непознат сторител со истрели од огнострелно оружје, на терасата на ресторанот „Аква блу“ во Струга. Од лице место … ПовеќеОсновното јавно обвинителство – Струга работи на расветлување на убиство