Соопштенија

Основното јавно обвинителство – Скопје поведе постапка против лицето кое пукаше во поранешниот Министер за здравство

Основното јавно обвинителство – Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против лицето кое вчера пукаше во поранешниот Министер за здравство. Осомничениот се гони за сторени две кривични дела и тоа Убиство од член 123 во врска со член 19  и Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 од … Повеќе

Основното јавно обвинителство поведе постапка против едно лице за полов напад врз дете

Осомничениот делото го вршел во периодот од септември до декември 2016 година во времето кога ги користел законски овозможените видувања со своето дете од вонбрачна заедница. Однесувањето на детето создало сомнеж кај мајката која го пријавила случајот. Од тој момент обвинителството ги презеде сите потребни дејствија за прибирање на докази и утврдување на факти во … Повеќе

Основното јавно обвинителство Прилеп ја истражува смртта на пронајденото лице во с. Канатларци

Во близина на стариот задружен дом во с. Канатларци, вчера околу 3 часот во паркирано патничко возило марка Фолксваген Пасат пронајдено е тело на маж со неколку прострелни рани во пределот на градниот кош. Утврдено е дека станува збор за лице родено во 1991 година. Основното јавно обвинителство Прилеп заедно со увидни екипи на Министерството … Повеќе

Охридското обвинителство гони две лица за трговија со дрога

Основното јавно обвинителство Охрид постапувајќи по кривична пријава, донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против едно лице за сторено кривично дело Неовластено  производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 од Кривичниот законик. Дрогата – марихуана со тежина од околу 100 килограми е најдена во патничко моторно … Повеќе

Основното јавно обвинителство – Скопје нареди истрага против лекар за Примање поткуп

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Скопје донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против едно лице, осомничено за сторено кривично дело – Примање поткуп од член 357 став 1 од Кривичниот законик. Лицето е осомничено дека поткупот го примило, извршувајќи ја дејноста лекар. Ценејќи дека се исполнети законските услови, надлежниот јавен обвинител … Повеќе

Соопштение

Спроведувајќи сеопфатна постапка за случувањата во Собранието на Република Македонија на 27.04.2017 година, Основното јавно обвинителство Скопје презеде голем број истражни дејствија и прибави обемен доказен материјал. По разгледување на доказниот материјал, обвинителството утврди дека постои содејство на неколку осомничени во целокупните збиднувања во објектот на Собранието во надворешниот појас и во внатрешноста на објектот … Повеќе

Основното јавно обвинителство – Гостивар го расветлува настанот во с.Чегране

Вчера, во попладневните часови во поле во атарот на с.Чегране се случил кривично правен настан во кој едно лице се здобило со тешки телесни повреди. Имено, при меѓусебна расправија помеѓу двајца браќа, оштетениот го турнал осомничениот на земја и почнал да го удира во пределот на главата. Во еден момент осомничениот извадил џепно ноже и … Повеќе

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка за лицето кое остави експлозивна направа во Собранието на Република Македонија

По прибирање на податоци и доказен материјал, Основното јавно обвинителство поведе постапка против едно лице поради постоење на основи на сомнение за сторени кривични дела Предизвикување општа опасност од член 288 и Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 од Кривичниот законик. Ценејќи дека се исполнети законските основи, надлежен … Повеќе

Управата за финансиска полиција достави пет кривични пријави против поранешни градоначалници

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција од страна на Управата за финансиска полиција прими пет кривични пријави против поранешни градочалници на општините Струга, Свети Николе, Дебар, Студеничани и Долнени, како и против едно физичко и едно правно лице. Кривичните пријави се поднесени поради постоење на основи на сомнение за сторени кривични … Повеќе

Се разоткрива организиран криминал со перење пари

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција оформи предмет против поранешен и актуелен директор на НЛБ Тутунска Банка, поранешен министер, адвокат, нотар и други лица, како и едно лице државјанин на Република Словенија за сторени кривични дела – Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 и Перење пари од член … Повеќе

Основното јавно обвинителство – Скопје донесе Наредба за спроведување на истражна постапка за кривично дело Убиство во обид

Основното јавно обвинителство – Скопје ја известува јавноста дека до овој момент, идентификувани се две лица инволвирани во нападот на пратеникот З.С. за време на настаните во Собранието на Република Македонија на 27.04.2017г. Од досега прибавените докази, Основното јавно обвинителство – Скопје оцени дека постои основано сомнение дека овие две лица, заедно со други лица, … Повеќе

Основното јавно обвинителство – Гостивар изврши увид во кичевското с. Кленоец каде беше пронајдено починато бебе

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Гостивар изврши увид во кичевското село Кленоец, каде што синоќа беше пронајдено починато бебе на 6-месечна возраст. По наредба на јавниот обвинител, телото на бебето беше дадено на обдукција. Првичните резултати од извршената обдукција укажуваат дека кај бебето, кое имало вродени срцеви аномалии, настанал застој на работата … Повеќе

Основното јавно обвинителство – Скопје работи на расветлување на смртта на лекарка од Клиниката за нефрологија

Основното јавно обвинителство – Скопје изврши увид во станбен објект на ул. „Елисие Поповски Марко“, спроти Клиничкиот центар во Скопје, каде беше пронајдено телото на 53-годишната Ј.М.С., вработена како лекарка на Клиниката за нефрологија во Скопје, и работи на утврдување на причините за нејзината смрт. При увидот кај Ј.М.С. е забележан видлив убод со нож … Повеќе

Реакција

Јавното обвинителство истакнува дека во ниту еден момент не ја опструира истрагата и не ги попречува надлежните органи за документирањето на настаните во Собранието на Република Македонија. Напротив согласно законот, јавното обвинителство дава наредби за откривање на истите и ќе постапи секогаш по сите кривични пријави со кои се документирани потешки  кривични  дела. Воедно, секој … Повеќе

Поднесен обвинителен предлог против девет лица и соодветни мерки за обезбедување

Основното јавно обвинителство – Скопје денеска поднесе Обвинителен предлог против девет лица учесници во нередите во Собранието на Република Македонија. Осомничените се товарат дека сториле кривично дело Учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие од член 384 став 1 од Кривичниот законик. За две од лицата за кои е … Повеќе

Поведена постапка за уште две лица инволвирани во нередите во Собранието

До Основното јавно обвинителство Скопје пристигнаа две кривични пријави поднесени од Министерството за внатрешни работи против две лица за сторено кривично дело Учество во толпа што ќе изврши кривично дело од член 385 од Кривичниот законик. За едното лице, надлежен јавен обвинител по прибирање на доказите ја утврди дадената правна квалификација. Со оглед на обемната … Повеќе

Увидот на местото каде е убиен Градоначалникот на Општина Боговиње е во тек

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Тетово врши увид на местото каде околу 10.40 часот беше убиен Градоначалникот на Општина Боговиње. Според првичните информации, осомничениот го паркирал своето возило во непосредна близина на Општина Боговиње и се упатил кон бурекџилницата од спротивната страна каде во тој момент седел градоначалникот на општината. По кратка … Повеќе

Поднесени Предлози за определување мерки за обезбедување против три лица

Во Основното јавно обвинителство Скопје детално се прегледува доставениот доказен и видео материјал за нередите во Собранието на Република Македонија, со цел утврдување на фактите и кривичната одговорност на инволвираните лица. За едно од лицата за кои МВР поднесе известување, обвинителството цени дека постои основано сомнение дека лицето сторило кривично дело Учество во толпа што … Повеќе

Продолжува постапката против 15 инволвирани во нередите во Собранието на Република Македонија

Основното јавно обвинителство – Скопје, по прибирање на релевантен доказен материјал, за петнаесеттемина инволвирани во нередите кај Собранието на Република Македонија првично започна постапка поради постоење на основано сомнение дека сториле кривично дело – Учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие од член 384 од Кривичниот законик. Во моментов, … Повеќе

Се расветлуваат нередите во Собранието на Република Македонија

Основното јавно обвинителство Скопје ја известува јавноста дека до овој момент се идентификувани петнаесет лица инволвирани во нередите кои се случија во Собранието на РМ. До Обвинителството во врска со овој настан е поднесена кривична пријава од страна на МВР и по неа интензивно се постапува. Во Основното јавно обвинителство Скопје досега се сослушани поголем … Повеќе