Соопштенија

Истрага за криумчарење на луксузни автомобили, осомничени 20 лица

По спроведена претходна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје денеска поведе истрага против осум лица за продолжени кривични дела – Криумчарење, Прикривање на стоки кои се предмет на криумчарење и царинска измама, Компјутерски фалсификат и Фалсификување исправи. Уште 12 физички и едно правно лице се осомничени за кривични дела кои се гонат во скратена постапка. Меѓу … Повеќе

Соопштение

Jaвното обвинителство инсистира сите политички партии да запрат да ја злоупотребуваат во политички цели истражната постапка во предметот „Феникс“, како и кое било друго постапување на обвинителството. Ги потсетуваме сите политички чинители на пораката што во овој контекст пред само неколку дена ја упати американскиот Стејт департмент -„лидерите на Северна Македонија мора да покажат силни, … Повеќе

Истрага против едно лице за тешка сообраќајна несреќа во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот според член 300 став 2 во врска со член 297 став 1  од Кривичниот законик. Осомничениот 42-годишник од Скопје, на 1 јули, на улицата … Повеќе

Пресконференција во врска со предметот „Скопје 2014“

По опсежно спроведена постапка КО.Бр.9/20, по прибавени докази по пат на меѓународна правна помош од пет странски држави, во текот на вчерашниот и денешниот ден, до судија за претходна постапка поднесени се повеќе барања за претреси и барање за привремено одземање на имот заради обезбедување, замрзнување банкарски сметки и удели како и предлози за определување … Повеќе

Потпишан Меморандум за разбирање за заеднички проектни активности меѓу Јавното обвинителство и Мисијата на ОБСЕ во Скопје

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески и амбасадорот Килијан Вал, шеф на Мисијата ОБСЕ во Скопје денеска потпишаа Меморандум за разбирање меѓу двете институции за спроведување заеднички проектни активности во периодот 2023-2025 година. Целта на Меморандумот е да се создаде правна рамка за идната соработка во клучни области. Соработката меѓу Јавното обвинителство и … Повеќе

Истрага за поттикнување за примање поткуп

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 45-годишен жител на Тетово, вработен во Министерство за одбрана како командир во тетовска касарна, бидејќи постои основано сомнение дека поттикнувал кривично дело –  Примање поткуп од член 357 став 1 во врска со член 23 од Кривичниот законик. Осомничениот, на 18 и 19 мај … Повеќе

Истрага за полови дејствија спрема дете

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради постоење основано сомнение дека сторил полови дејствија врз дете кое не наполнило 15 години од член 188 став 5 од Кривичниот законик. Осомничениот 70-годишник, извршил друго полово дејствие спрема 11-годишно девојче на кое му одржувал дополнителни часови. Надлежниот јавен обвинител до … Повеќе

Јовески и Бесими потпишаа Меморандум за соработка за заштита на финансиските интереси на ЕУ во РС Македонија

Со Меморандум за соработка меѓу Министерството за финансии и Јавното обвинителство се зајакнува меѓуинституционалната соработка со цел сузбивање неправилности, измами, корупција и други незаконски активности насочени против финансиските интереси на ЕУ во РС Македонија. Меморандумот за соработка денеска го потпишаа Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески и министерот за финансии Фатмир Бесими.  Иницијативата за Меморандумите … Повеќе

Истрага за тешката сообраќајна несреќа кај Блаце

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот според член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот 64-годишник од Скопје на 17 јуни … Повеќе

Германец и Албанка осомничени за трговија со дрога на Деве Баир

Германски државјанин на возраст од 49 години и 20-годишна државјанка на Република Албанија се осомничени дека како соизвршители сториле кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик. Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за … Повеќе

Жител на Гевгелија осомничен за серија измами и лажно претставување

Основното јавно обвинителство Гевгелија поведе постапка против едно лице за продолжено кривично дело – Измама од член 247 став 1 во врска со член 45 и кривично дело – Лажно претставување од член 391 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот, во временскиот период од 17.07.2022 година до 15.04.2023 година, во 6 наврати со умисла извршил … Повеќе

Поднесено обвинение за демнење

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за две кривични дела – Демнење од член 144-а од Кривичниот законик, додека уште едно лице се гони за помагање при извршување на наведеното кривично дело. Обвинетиот, во периодот од 26 февруари до 9 мај, повторено неовластено прогонувал, се мешал во личниот живот и настојувал … Повеќе

Поголемо количество оружје и муниција пронајдени кај косовски државјанин во Скопје, поведена истрага

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 37-годишен државјанин на Косово со престојувалиште во Кондово, за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. На 18 … Повеќе

Соопштение

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска го продолжи увидот на местото на тешката сообраќајна несреќа која се случи вчера на патот Скопје-Блаце. По извлекувањето на автомобилот „БМВ“ со косовски регистарски ознаки и трите тела на починатите патници од водите на реката Лепенец ќе биде издадена наредба за обдукција, а јавниот обвинител ги координира … Повеќе

Обвинение против две лица за запленето поголемо количество марихуана на автопатот Гостивар – Тетово

По спроведена истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово поднесе Обвинителен акт против две лица –  31-годишник од Арачиново и 22-годишник од Брест, кои се товарат за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 во врска со член 22 од … Повеќе

Скопјанец осомничен дека со нож тешко ја повредил сопствената сестра

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 55-годишен жител на селото Волково осомничен за кривично дело – Тешка телесна повреда од член 131 став 3 од Кривичниот законик. На 15 јуни, во дворот од семејна куќа во Волково, осомничениот тешко го нарушил здравјето на својата сестра и предизвикал нагрденост. Осомничениот најпрво … Повеќе

Истрага против прилепски возач за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици и неукажување помош на жртвата

Основното јавно Прилеп донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице од селото Славеј за кривични дела – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 2 во врска со член 297 став 1, како и – Неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода од член 301 … Повеќе

Постигната спогодба за уништување археолошко наоѓалиште

Основното јавно обвинителство Битола до надлежниот суд поднесе Предлог – спогодба со едно физичко и едно правно лице кои се товареа за кривично дело – Оштетување или уништување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости од член 264 од Кривичниот законик. Обвинетиот Г.С., како одговорно лице во правното лице – управител … Повеќе

Наредба за спроведување на истражна постапка и притвор за лицето што пукаше во соседите

Во текот на вчерашниот ден јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес поради постоење на основано сомнение дека 61 годишниот жител на с. Подлес, Градско е сторител на кривичните  дела Убиство, Убиство во обид и Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи, донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против него. Ценејќи дека постојат … Повеќе

Поведена постапка за пустошење шуми во скопско

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кое постои сомнение дека сторилo кривично дело – Кражба од член 235 став 3, но и кривично дело – Пустошење на шуми од член 226 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот 29-годишен скопјанец, во периодот од 01.12.2020 до 18.05.2023 година, од парцела во селото Елово … Повеќе