Надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Велес по вчерашното разбојништво во Велес во насока на утврдување на околностите на стореното кривично дело, донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против двајца скопјани и еден велешанец кој е недостапен на органите на прогонот. Сите три лица се осомничени дека сториле кривично дело Разбојништво од чл.237 од Кривичниот законик, а на првоосомничениот му се става на товар и кривично дело – Недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и распрскувачки материи од чл.396 ст.1 од Кривичниот законик.
Обвинение против едно лице кое при вршење семејно насилство се обиде да ја лиши од живот сопругата
Надлежен јавен обвинител поднесе обвинителен акт против четириесет и четири годишниот В.Д. од Скопје за сторено кривично дело Убиство (во обид). Обвинетиот се товари дека на 03.01.2016 година ја нападнал својата сопруга, по што со употреба на нож и сатар и нанел тешки животозагрозувачки телесни повреди. На семејното насилство кое завршило со крвав деликт сведок … Повеќе