Соопштенија

Поднесено обвинение за спречување новинарски екипи во вршењето на работата

Основното јавно обвинителство Кавадарци денеска поднесе Обвинителен предлог против 43-годишен жител на Росоман за кривично дело – Спречување службено лице во вршење службено дејствие од член 382 став 3 во врска со став 2 и став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот, на 18 јули, на регионалниот пат Градско-Прилеп во близина на Росоман, спречил новинари и … Повеќе

Мајка осомничена за предизвикување пожар со цел да се прикрие свирепо убиство сторено од синот

Основното јавно обвинителство Скопје постапува по кривична пријава во врска со настанот од 22 септември, кога по предизвикан пожар во стан на улицата „Исаија Маџовски“, беше пронајдено безживотно тело на 36-годишниот сопственик на станот со траги на насилство. Доказите обезбедени до овој момент даваат основано сомнение за еден осомничен како сторител на кривично дело убиство … Повеќе

Албански државјанин под истрага за тешка сообраќајна несреќа кај Дреново

Основното јавно обвинителство Кавадарци донесе Наредба за спроведување истражна постапка против државјанин на Република Албанија со привремен престој во Кавадарци, за кого постои основано сомнение дека сторил – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 1 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик. На регионалниот … Повеќе

Обвинителен акт против полициски инспектор за усмртената мигрантка

По спроведена севкупна истражна постапка, предметен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против полициски инспектор за сторено кривично дело Тешки дела … Повеќе

Скопјанец осомничен дека тешко телесно повредил сосед при расправија

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 37-годишен скопјанец за кривично дело – Тешка телесна повреда од член 131 став 3 од Кривичниот законик. На 24 септември, во скопската населба Илинден, осомничениот со умисла тешко телесно повредил сосед при расправија поради претходно нерасчистени меѓусебни односи. Тој со метален … Повеќе

Истрага за убиство на свиреп начин во Кочани

Основното јавно обвинителство Кочани донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради основано сомнение дека сторил кривично дело –Убиство според член 123 став 2 точка 1 од Кривичниот законик. Осомничениот, на 25 септември, на свиреп начин лишил од живот една жена, нанесувајќи и многубројни убоди со нож. Тој од дома зел кујнски нож … Повеќе

Соопштение

Тим од обвинители од Јавното обвинителство во текот на вчерашниот ден беше во косовското Обвинителство и оствари директна средба за обезбедување докази во врска со предистрагата поврзана со работата на Клиниката за радиотерапија и онкологија. Од косовските органи, преку контакт-точките во Европската правосудна мрежа, се побарани конкретни податоци неопходни за проверка на наводите врз основа … Повеќе

Истрага за двојно убиство во Гевгелија

Oсновното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои сомнение дека сторил две кривични дела  -Убиство од член 123 од Кривичниот законик. Осомничениот 69-годишник, на 24 септември, со умисла ги лишил од живот сопствениот брат и неговата сопруга, со кои живееле во иста семејна куќа со различни влезови. … Повеќе

Откриен предизвикувач на тешка сообраќајна несреќа во Скопје, за половина час сторил три кривични дела   

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 18-годишен скопјанец, за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Одземање на моторно возило од член 242, со одземеното возило сторил кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 2 во врска со … Повеќе

Откриен сторител на тешки кражби во Дојран, поведена постапка

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија поведе постапка против едно лице кое е осомничено за продолжено кривично дело – Тешка кражба од член 236 став 1 точка 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик. Во периодот од мај 2021 до 19 септември 2023 година, искористувајќи исти прилики кога оштетените не престојувале во … Повеќе

Притвор за дилер на дрога од Гевгелија

Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривични дела – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори член 215 став 1 и Овозможување употреба на наркотични дроги од член 216 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот, во … Повеќе

Дрзок напад врз полициски службеници во Струга

Основното јавно обвинителство Струга поднесе предлог за определување мерка притвор против двајца осомничени од селото Велешта, за кои постои основано сомнение дека сториле кривични дела – Спречување на службено лице во вршење службено дејствие по член 382 и Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста по член 383 од Кривичниот законик. Двајцата осомничени … Повеќе

Истрага за обид за убиство во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поведе истражна постапка против 33-годишник од Арачиново, бидејќи постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Убиство според член 123 став 3 во врска со член 19 (во обид). Освен тоа, за осомничениот е поведена постапка и за – Предизвикување општа опасност по член 288 став 1 од Кривичниот законик. На … Повеќе

Предложен притвор за осомничен за силување во струмичко

Основното јавно обвинителство Струмица донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 25-годишник за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Полов напад и силување од член 186 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот го сторил делото на 13 септември, во раните утрински часови, кога влегол во домот на … Повеќе

Соопштение

Тим од јавни обвинители и истражители од Основното јавно обвинителство Скопје преземаат дејствија за испитување на наводите кои првично упатуваат на основи за сомнение за сторени кривични дела против здравјето на луѓето и проневера во службата на Клиниката за радиотерапија и онкологија. Со цел испитување на ваквите наводи, до овој момент од Клиниката е обезбеден … Повеќе

Обвинителствата ефикасни и покрај недоволните човечки и материјални ресурси во 2022 година

Годишниот извештај за работата на јавните обвинителства во 2022 година го анализира обемот на работа на обвинителствата, кои и со намалени човечки ресурси, но со добра организација, не само што го совладаа приливот на нови предмети, туку го намалија заостатокот на нерешените. Така, во извештајната година биле примени пријави против 19.934 познати сторители на кривични … Повеќе

Соопштение

Имајќи го предвид фактот дека со предметот кој се води во врска со Клиниката за онкологија се испитува евентуална повреда на највисокото уставно загарантирано право на здравствена заштита, Основното јавно обвинителство Скопје ќе преземе дополнителни чекори за обезбедување максимална транспарентност и отчетност на постапката. Врз основа на барањето на онколошките пациенти изнесено на средбата која … Повеќе

Откриено автоматско оружје и муниција, истрага против три лица

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица, од кои едно во моментов е недостапно на органите на прогонот. Постои основано сомнение дека тие сториле кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и трговија со оружје или распрскувачки материјали од член 396 став 2 во врска со став 1 од … Повеќе

Поднесено обвинение за грабнување

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против две лица, од кои едното е обвинето за кривично дело – Грабнување од член 141 став 2 во врска со став 1, сторено во соизвршителство, додека второто е обвинето за помагање при извршувањето на кривичното дело. За истиот настан, постапката против уште едно … Повеќе

Скопјанец осомничен за разбојништво

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 47-годишник за кого постои основано сомневање дека сторил кривично дело – Разбојништво според член 237 став 4 во врска со став 1 од  Кривичниот законик. На 4 септември, осомничениот влегол во маркет на булеварот „АСНОМ“ и веднаш се упатил во просторот … Повеќе