Соопштенија

Обвинение заради трговија со дрога

Основното јавно обвинителство Кавадарци до надлежниот суд достави Обвинителен акт против  29 – годишен жител на село Дуброво, Неготино, поради сторено кривичното дело – Неовластено протизводство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот во домот и помошните простории во местото каде живеел неовластено заради продажба … Повеќе

Истрага за речиси 100 килограми марихуана пронајдени во автомобил на автопатот Скопје – Велес

Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица од Блаце осомничени за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Осомничените, на 15 декември, на автопатот Скопје-Велес, неовластено заради продажба пренесувале наркотична дрога – марихуана … Повеќе

Поведена истрага против дилер на марихуана

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 41-годишен скопјанец за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори според член 215 став 1 од Кривичниот законик. На 14 декември во попладневните часови, во близина … Повеќе

Косовски државјанин обвинет затоа што употребил лажни документи

Против 20-годишен косовски државјанин Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог за кривично дело – Фалсификување исправа од член 378 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. На 12 ноември, на Меѓународниот аеродром Скопје, при пасошка контрола, обвинетиот употребил лажен словенечки пасош и лажна словенечка лична карта. Иако знаел дека документите се … Повеќе

Обвинителен акт против девет лица за перење на над девет милиони евра

По сеопфатна истражна постапка, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Основниот кривичен суд –Скопје достави Обвинителен акт против девет лица. На обвинетите К.С., Т.Г. и Р.Д им се става на товар дека сториле продолжено кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.4 вв со ст.3 в.в ст.1, … Повеќе

Поведена постапка заради разбојништво

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против 21 – годишен  жител на Битола, поради основано сомнение дека го сторил кривичното дело – Разбојништво од член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот на 11.12.2020 година, околу 23:50 часот влегол во продавница лоцирана на улицата „Партизанска“ наспроти Клиничката болница во Битола … Повеќе

Поведена постапка за измама против две лица од Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против две лица за кривично дело – Измама, предвидено и казниво согласно член 247 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик. Како соизвршители на кривичното дело, лицата на возраст од 30 и 40 години од Долно Свиларе, од кои едниот бил вработен во Агенцијата за национална … Повеќе

Обвинет дилер кој криел дрога во својот автомобил

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот 38-годишник, на 13 ноември, во своето возило Субару форестер неовластено заради продажба држел наркотична дрога … Повеќе

Поднесено обвинение за извршени разбојништва во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против 30-годишен државјанин на Република Италија со жителство во Скопје, за кого постои основано сомнение дека сторил четири кривични дела – Разбојништво од член 237 став 4 во врска со став 1, како и еден обид за разбојништво согласно член 237 став 4 во врска со став 1 … Повеќе

Еден осомничен за пренесување две торби со марихуана кај Прилеп

Постапувајќи по поднесена кривична пријава, Основното јавно обвинителство Прилеп донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице од струшко Калишта за кого постои основано сомневање дека сторил кривично дело –  Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот, на возраст … Повеќе

Побаран притвор за шестмина осомничени за најдената дрога во Арачиново

Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против шест лица, сите од Скопје, поради постоење на основано сомневање дека како соизвршители го  сториле кривичното дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1, а првоосомничениот и второосомничениот и за сторено едно … Повеќе

Обвинение за недозволено поседување автоматска пушка

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Неовластено производство, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 2 во врска со став 1 од Киривичниот законик. Во близина на кафе-бар во негова сопственост, на влезот од селото Буковиќ, обвинетиот 23-годишник … Повеќе

Турски државјанин обвинет за употреба на фалсификуван пасош

Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе Обвинителен предлог против 65-годишен државјанин на Република Турција, кој се гони за кривично дело – Фалсификување исправа од член 378 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. На 27 ноември, на Меѓународниот аеродром Скопје, при излез од државава, осомничениот употребил како вистинска лажна турска службена патна … Повеќе

Во Тетово поведена постапка против лице кое прегази пешак, па побегна

Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка против едно лице осомничено за кривични дела – Загрозување на безбедноста во сообраќајот од член 300 став 4 во врска со член 297 став 3 во врска со став 1 и Неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода согласно член 301 став 2 во врска со став 1 … Повеќе

Скопјанец обвинет за пет тешки кражби

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за сторено едно кривично дело – Тешка кражба согласно член 236 став 1 точка 1 од Кривичниот законик, како и четири кривични дела – Тешка кражба според член 236 став 5 во врска со став 1 точка 1 од Кривичниот зкаоник. Обвинетиот … Повеќе

Поднесено обвинение за родосквернавење

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против 62-годишен скопјанец, кој се товари за кривично дело – Родосквернавење од член 194 став 1 во врска со член 12 став 2 од Кривичниот законик. Обвинетиот, на 9 ноември во неговиот дом, во состојба на битно намалена пресметливост како резултат на психичка болест – токсикомански алкохолизам, се … Повеќе

Поведена истрага против двајца за пронајдено оружје и муниција во Чифлик

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став1 од Кривичниот законик. На 5 декември бил извршен претрес во домовите на двајцата осомничени во селото Чифлик, при што кај првиот осомничен било … Повеќе

Поведена постапка за повеќе кривични дела за гевгеличанец

Постапувајќи по поднесена кривична пријава, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против лице од Гевгелија, а за сторени едно продолжено кривично дело – Тешка кражба од член 236 став 1 точка 1 , едно кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции … Повеќе

Притвор заради убиство во обид

Основното јавно обвинителство Кавадарци поведе постапка против 43 – годишно лице, привремен жител на село Пепелиште, Неготино, поради основано сомнение дека го сторил кривичното дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик. Осомничениот на 4 декември 2020 година, околу 5.00 часот, во настаната … Повеќе

Предложени парични казни за угостителски објект кој работел спротивно на здравствените прописи

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Предлог за издавање казнен налог против едно физичко и едно правно лице за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 од Кривичниот законик. Обвинетиот, во својство на овластено лице во правното лице во чија сопственост бил угостителски објект, на 3 октомври постапил спротивно … Повеќе