Соопштенија

Извршен увид за обид за убиство и самоубиство

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци  заедно со увидна екипа од Министерството за внатрешни работи, изврши увид во куќа во село Шивец каде беше пронајдена жена на возраст од 84 години со тешки телесни повреди.  Според првичните сознанија, повредите ги направил нејзиниот 73 – годишен сопруг, користејќи секира и други опасни орудија. По извршеното … Повеќе

Притвор за осомничен за недозволена трговија со марихуана

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 40-годишен скопјанец за кого постои основано сомневање дека сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. На 2 декември, при личен преглед на осомничениот, овластени … Повеќе

Поведена постапка заради разбојничка кражба

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 48 – годишен гостиварец поради постоење на основано сомнение дека го сторил кривичното дело – Разбојничка кражба од член 238 став 4 во врска со став 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик. Осомничениот делото го сторил на 30.11.2020 година, околу 13.30 … Повеќе

Обвинение за неколку кражби на велосипеди во Скопје

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице кое се товари за продолжено кривично дело – Тешка кражба од член 236 став 1 точка 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик. Во периодот од 23.10 до 21.11 обвинетиот со умисла извршил повеќе временски поврзани дејствија кои претставуваат повеќекратно … Повеќе

По поднесено обвинение, државјанин на Албанија осуден за употреба на фалсификувана лична карта

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против албански државјанин за кривично дело – Фалсификување исправа согласно член 378 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот, на 16 ноември, на Меѓународниот аеродром Скопје, при излез од државава, употребил како вистинска лажна италијанска лична карта. Од личната карта била отстранета оригиналната фотографија … Повеќе

Обвинение за недозволено поседување марихуана

Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори согласно член 215 став 1 од Кривичниот законик поднесе денеска Основното јавно обвинителство Скопје. Обвинетиот е 29-годишен скопјанец кај кого, при претрес на 12 ноември, биле пронајдени 27,65 грама марихуана. Дрогата била скриена … Повеќе

Двајца скопјани под истрага за трговија со дрога

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори согласно член 215 став 1 од Кривичниот законик. На 30 ноември, во домот во кој престојувал, првиот осомничен, 34-годишен … Повеќе

Притвор заради дрога и оружје

Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка против 24-годишен жител на село Челопек, Брвеница, поради основано сомнение дека ги сторил кривичните дела  „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и распрскувачки материи“ од член 396 став 2 во врска со став 1 и „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ … Повеќе

Поднесено обвинение за убиство при вршење семејно насилство

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Убиство според член 123 став 2 точка 2 во врска со член 12 став 2 од Кривичниот законик. Обвинетиот, во состојба на битно намалена пресметливост предизвикана од психичко нарушување и зависност од опијати, при вршење семејно насилство, … Повеќе

Две лица под истрага за разбојништво во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело – Разбојништво од член 237 став 4 во врска со став 1 и во врска со член 22 од Кривичниот законик. На 27 ноември осомничените дошле пред простории на финансиско друштво … Повеќе

Отфрлена кривична пријава за повреда на авторско право и пиратерија

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Решение за отфрлање на кривичната пријава поднесена од пет македонски телевизии против едно физичко лице и едно правно лице за кривични дела – Повреда на авторско право и сродни права од член 157 и Пиратерија на аудиовизуелно дело од член 157-б од Кривичниот законик. Одлуката е донесена бидејќи пријавените дела … Повеќе

Еден обвинет за обид за полов напад врз 10-годишно девојче во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице на возраст од 70 години, кое се товари за кривично дело – Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години согласно член 188 став 1 во врска со член 19 (обид) од Кривичниот законик. Обвинетиот, на 7 октомври, на улицата „Индира Ганди“ во Скопје, … Повеќе

Предложени парични казни за организација на масовни собири во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе предлози за издавање казнени налози против три физички и едно правно лице за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 од Кривичниот законик. Првите двајца обвинети, татко и син од Скопје, на 13 септември во дворот на семејната куќа организирале приватен собир – … Повеќе

Извршен увид за сообраќајната незгода во Кавадарци

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци заедно со увидна екипа од ОВР Кавадарци изврши увид на самото место каде вчера околу 17.00 часот се случи сообраќајна несреќа во која животот го загуби едно лице. На регионалниот пат Кавадарци, кај градските гробишта, се случила сообраќајна незгода помеѓу трактор Урсус со приколка, управуван од 24 – … Повеќе

За фалсификување исправа обвинет албански државјанин

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против 28-годишен државјанин на Република Албанија, кој се гони за кривично дело – Фалсификување исправа од член 378 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. На 6 ноември, на Меѓународниот аеродром Скопје, при чекирање на билетот, лажна исправа употребил како вистинска. Тој искористил лажен француски … Повеќе

Скопското обвинителство поведе истрага за извршени разбојништва

Наредба за спроведување истражна постапка донесе Основното јавно обвинителство Скопје денеска против 30-годишен државјанин на Република Италија со жителство во Скопје, за кого постои основано сомнение дека сторил четири кривични дела – Разбојништво од член 237 став 4 во врска со став 1, како и еден обид за разбојништво согласно член 237 став 4 во … Повеќе

Обвинение за татко и син – дилери на кокаин

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во текот на вчерашниот ден до Основниот кривичен суд – Скопје поднесе Обвинителен акт против двајца жители на населба Ченто. Обвинетите, татко (49) и син (22), се товарат дека сториле кривично дело – „ Неовластено производство и пуштање во промет на наркотична  дрога, психотропни супстанции … Повеќе

Обвинение за поседување оружје во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот 30-годишник, на 30 октомври, во неговиот дом на улица „Методија Андонов Ченто“, неовластено држел пиштол V.BERNADELLI GARDONE V.T. со калибар 7,65 … Повеќе

Притвор за скопјанец кај кого беа пронајдени марихуана, екстази и амфетамин

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Во домот на осомничениот 37-годишник, на улица „Народен фронт“, при претрес … Повеќе

Албански државјанин обвинет за фалсификување исправа

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен предлог против 22-годишен државјанин на Република Албанија за кривично дело – Фалсификување исправа според член 378 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот употребил лажна исправа како вистинска, односно при излез од земјава, во авион на авиокомпанијата Визер за Лондон, … Повеќе