Соопштенија

Пет лица под истрага за спроведените јавни набавки во Државната изборна комисија

По спроведена севкупна предистражна постапка, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување, при вршење на јавни набавки, од чл.353 ст.5 во врска со ст.1 од Кривичниот законик, надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување истражна постапка … Повеќе

Скопјанец обвинет за обид за разбојништво и за кражби

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Разбојништво од член 237 став 4 во врска со став 1 и во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик. Обвинетиот 31-годишен скопјанец, на 19.02.2020 година, влегол во супермаркет на ул. „11-ти Октомври“ и со употреба на огнено оружје … Повеќе

Шпански државјанин обвинет за поседување дрога

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице кое се товари дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот, 35-годишен шпански државјанин со престојувалиште во Скопје, на 28 октомври, на улицата „Цветан Димов“ во Скопје, … Повеќе

Поведена постапка заради трговија со дрога

Основното јавно обвинителство Струга поведе постапка против државјанин на Република Албанија поради постоење основано сомнение дека го сторил кривичното дело – Неовластено производство и пуштање  во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичнот законик. При претрес извршен на 30.10.2020 година, во близина на магистралниот пат, во правец … Повеќе

Истрага за силување во Делчево

Основното јавно обвинителство Кочани поведе постапка против едно лице за сторено кривично дело – Силување од член 186 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот на 31.10.2020 година во вечерните часови, насилно влегол во семејната куќа на оштетената, каде со употреба на сила ја присилил на обљуба. Јавниот обвинител по донесување на Наредбата за спроведување на … Повеќе

Поведена постапка за обид за убиство

Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице , поради постоење основано сомнение дека го сторило кривичното дело – Убиство од член 123 став 3 во врска со член 19 од Кривичниот законик. Осомничениот на 29.10.2020 година, во канцеларија на извршител во Гевгелија, со умисла се обидел да лиши од … Повеќе

Наредба за истрага против четири лица

Постапувајќи по поднесената кривична пријава од Управата за финансиска полиција, надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против четири лица. Три лица како соизвршители се осомничени дека сториле кривично дело Измама на штета на средства на европската заедница од член 249-а … Повеќе

Истрага за шпански државјанин кај кого била пронајдена дрога

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело –  Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот, 35-годишен шпански државјанин со престојувалиште во Скопје, на 28 октомври, на … Повеќе

Скопјанец обвинет за тешки кражби

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје денеска поднесе Обвинителен предлог против едно лице за продолжено кривично дело – Тешка кражба од член 236 став 1 точка 3 во врска со член 45 од Кривичниот законик. Искористувајќи исти или слични околности, тој во текот на месец септември сторил повеќе временски поврзани дејствија кои … Повеќе

Обвинение за извршени две разбојништва во аптеки во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице кое се товари дека сторило две кривични дела – Разбојништво од член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Имено, обвинетиот 38-годишен скопјанец, на 10 септември, влегол во аптека на улица „Васил Главинов“ во Скопје и на вработената и се заканил … Повеќе

Скопјанец обвинет за недозволена трговија со марихуана

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт за 37-годишно лице кое се товари дека го сторило кривичното дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. На 14 октомври, при претрес во домот на обвинетиот во Драчево, полицијата … Повеќе

Поведена истрага против турски државјанин кој пренесувал хашиш во автомобилот

Основното јавно обвинителство Охрид донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, турски државјанин, за кој постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот, на 25 октомври, во возилото Цитроен кое го управувал, … Повеќе

Истрага за пронајдена импровизирана лабораторија за марихуана и масло од канабис во Гевгелија

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија поведе истражна постапка за две лица за кои постои основано сомнение дека ги сториле кривичните дела – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 и Овозможување на употреба наркотични дроги од член 216 став 1 од Кривичниот законик. … Повеќе

Кумановец под истрага за недозволена трговија со кокаин

Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. На 22 октомври, осомничениот 28-годишен кумановец, движејќи се во близина на влезот … Повеќе

Обвинение за поранешен градоначалник

Основното јавно обвинителство Велес поднесе Обвинителен акт против поранешен градоначалник на Општина Чашка за кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 од Кривичниот законик. На обвинетиот му се става на товар дека во својство на службено лице – градоначаник на општина Чашка ја искористил својата службена положба и овластување и … Повеќе

​Обвинение за кражба на мобилен телефон

Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Кражба од член 235 став 1 од Кривичниот законик поднесе денеска Основното јавно обвинителство Скопје. Обвинетиот се товари дека на 15 октомври, на автобуска постојка на булеварот „Крсте Мисирков“, одзел мобилен телефон вреден 30.000 денари од една оштетена. Тој ја забележал оштетената која се упатила кон … Повеќе

Наредена истрага за Перење пари и други приноси од казниво дело

По повеќемесечна предистражна постапка, надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во текот на вчерашниот ден донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против шест лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело – Перење пари и други приноси од казниво дело од чл.273 од Кривичниот законик … Повеќе

Двајца дебарчани и еден албански државјанин под истрага за 5,480 кг марихуана

Врз основа на вештачењата извршени по наредба на обвинителството и прибраните докази, надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, денеска издаде Наредба за спроведување на истражна постапка против еден албански државјанин и двајца дебарчани. Постои основано сомнение дека осомничените во текот на месец јули годинава, сториле кривично дело „Неовластено … Повеќе

Поднесено обвинение за поседување дрога и муниција

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за продолжено кривично дело –  Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори  од член 215 став 1 во врска со член 45 и за кривичното дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи по … Повеќе

Поведена истрага за недозволена трговија со марихуана

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. На 14 октомври, при претрес во домот на осомничениот 37-годишник во Драчево, … Повеќе