Соопштенија

Скопјанец осомничен за убиство во Долно Дупени

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради постоење основано сомнение за кривично дело – Убиство од член 123 став 1 од Кривичниот законик. На 30 јуни, осомничениот скопјанец, во местото Големи Грми во атарот на селото Долно Дупени, Ресен, со употреба на огнострелно оружје, со умисла го лишил … Повеќе

Поднесено обвинение за подмолно убиство во Струмица

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Струмица денеска поднесе Обвинителен акт против едно лице од село Добрејци за кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот, со пресуда на Основниот суд Струмица од 06.02.2020 година веќе е осуден за уште едно такво кривично дело, при што му … Повеќе

Обвинение за предизвикување општа опасност

Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Предизвикување општа опасност од член 288 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот, на 24 јуни, со  оп­што­о­пас­но дејс­твие предизвикал  зна­чи­тел­на опас­ност за жи­во­тот и те­ло­то на тројца оштетени. Додека оштетените седеле во стан на улица „Никола Грчето“ во Чаир, обвинетиот … Повеќе

Соопштение

Поради различните информации во медиумите и на социјалните мрежи за учеството на јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово Лејла Кадриу на место на кое се изведувале работи на водовод во тетовско и повеќе нејаснотии во постапувањето на јавниот обвинител, Јавниот обвинител на Република Северна Македонија денеска писмено побара од Вишото јавно обвинителство Гостивар да … Повеќе

Скопјанец осомничен за разбојничка кражба од угостителски објект

Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Разбојничка кражба од член 238 став 1 од Кривичниот законик донесе денеска јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје. Осомничениот 36-годишник, на 29 јули, затечен во кражба во угостителски објект на улица „Славе Георгиевски – Шнајдер“, употребил сила и нападнал врз телото на … Повеќе

Еден осомничен за пукањето на „Пластичарска“

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело -Тешки дела против општата сигурност предвидено и казниво по член 292 став 1 во врска со член 288 став 1 од Кривичниот законик, како и кривично дело – Недозволено изработување, држење и тргување … Повеќе

Едно лице обвинето за оддавање службена тајна

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за продолжено кривично дело – Оддавање службена тајна од член 360 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик. Во текот на првата половина на јули, како главен и одговорен уредник на интернет портал, обвинетиот направил достапни на јавноста податоци … Повеќе

Скопјанец осомничен за недозволено поседување оружје и муниција

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот, во својот дом на улица „Методија Андонов – Ченто“ во Скопје, неовластено … Повеќе

Предложени парични казни за седум лица во Скопје

Против седум лица Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетите, спротивно на Одлуката за забрана и посебен режим за движење, за време на важечки полициски час, без дозвола се движеле на различни локации во градот. … Повеќе

Шест лица во Скопје обвинети за непочитување на полицискиот час

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе предлози за издавање казнени налози против шест лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетите, во одделни кривично-правни настани, не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија … Повеќе

Поднесено обвинение за непочитување на здравствените прописи во хотел во Маврово

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен предлог против едно правно и едно физичко лице за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи согласно член 206 од Кривичниот законик. Обвинетиот, како одговорно лице во правното лице – хотел во Маврово, на 6 јуни, спротивно на тогаш важечките прописи и упатства со кои беа определени мерки за … Повеќе

Се утврдуваат причините за сообраќајна несреќа со смртни последици кај Радовиш

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш вчера изврши увид на регионалниот пат Радовиш-планина Плачковица, каде во сообраќајна несреќа едно лице го загуби животот. Според првичните сознанија, до несреќата дошло кога мотор марка Јамаха, управуван од едно 38-годишно лице, удрил во патничко моторно возило Фолксваген голф со кој управувал возач на возраст од 28 … Повеќе

Побаран притвор за едно лице заради предизвикување општа опасност

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице поради постоење основано сомнение дека сторило кривично дело – Предизвикување општа опасност од член 288 став 1  од Кривичниот  законик. На 24 јуни, осомничениот со  оп­што­о­пас­но дејс­твие и средс­тво предизвикал  зна­чи­тел­на опас­ност за жи­во­тот и те­ло­то на тројца оштетени. Додека оштетените седеле во стан на улица … Повеќе

Скопјанец осомничен за неовластено држење и продажба на марихуана

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице осомничено за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот 22-годишен скопјанец, во домот во кој живеел во населбата Радишани, на 24 јуни … Повеќе

Вкупно 23 лица во Скопје обвинети за прекршување на полицискиот час

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе предлози за издавање казнени налози против 23 лица, обвинети за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Спротивно на Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија, за време на определeниот полициски … Повеќе

Поведени постапки во Радовиш заради непочитување на здравствените прописи

Основното јавно обвинителство Радовиш поднесе предлози за издавање казнен налог против две физички лица и едно правно лице кои го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 од Кривичниот законик. Имено, едно лице на возраст од 30 години е обвинето затоа што на 15 јуни со товарно моторно … Повеќе

Побарани парични казни за четворица во Велес

Основното јавно обвинителство Велес до Основен суд Велес поднесе предлози за издавање казнени налози против 4 лица кои го прекршиле полицискиот час. Тие се товарат дека не постапиле согласно Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија, со што го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за … Повеќе

Против 14 лица во Скопје поведена постапка за непочитување здравствени прописи

Основното јавно обвинителство Скопје против 14 лица поднесе предлози за издавање казнени налози за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетите без дозвола се движеле за време на важечки полициски час со што не постапиле согласно Одлуката за забрана и посебен режим … Повеќе

Информација за предмети во основните јавни обвинителства по член 205 или 206 од КЗ

Збирна информација за предмети во основните јавни обвинителства по член 205 или 206 од Кривичниот законик, како и по пријави за непочитување на мерки за спречување или сузбивање на опасна заразна болест – коронавирус COVID 19. Датум на ажурирање на податоците:  22.07.2020 година ИНФОРМАЦИЈА АЖУРИРАНА ДО 22.07.2020 ГОДИНА  

Предлог за парични казни за 14 лица во Скопје заради непочитување на полицискиот час

Основното јавно обвинителство Скопје денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлози за издавање казнени налози против вкупно 14 лица обвинети за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетите, во одвоени кривично-правни настани, не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим … Повеќе