Соопштенија

Парични казни за 50 лица во Скопје обвинети за непочитување на здравствените прописи

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе предлози за издавање казнени налози против 50 лица кои го сториле  кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетите не го почитувале полицискиот час, односно не се придржувале кон одлуките за забрана и посебен режим на движење на … Повеќе

Поведена постапка за три лица во Струга

Обвинетите,  во одделни кривично правни настани го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Двајца од нив не ги почитувале мерките и одлуките за забрана на движење на населението, па за време на полицискиот час на 5 и 7 јуни 2020 година, … Повеќе

Парична казна за лице кое не се придржувало на задолжителната самоизолација

Основното јавно обвинителство Битола поднесе Предлог за издавање казнен налог против едно лице кое го сторило кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик и побара од судот да изрече парична казна со определување на висина на казната на 100 дневни глоби, при што … Повеќе

Дваесетмина обвинети за непочитување на полицискиот час

Основното јавно обвинителство Скопје денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлози за издавање казнени налози против вкупно 20 лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Сите обвинети не постапиле согласно Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата … Повеќе

Поднесени обвиненија за разбојништво и кражби во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривични дела – Разбојништво од член 237 став 1 и Разбојничка кражба од член 238 став 1 од Кривичниот законик. Против истото лице и негова соизвршителка е поднесен и Обвинителен предлог за кривично дело – Кражба од член 235 став 1 во врска … Повеќе

Јовески за ТВ Канал 5: Тврдам дека новиот Закон за ЈО обезбедува услови за професионално и неселективно обвинителство

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески во интервју за телевизијата Канал 5 изјави дека и покрај згаснувањето на СЈО , предметите на ова обвинителство ќе добијат завршница. Јовески вели дека обвинителите кои постапуваат по предметите од СЈО ги преземаат неопходните дејствија. Михаела Димовска разговара со државниот јавен обвинител, Јовески.    

Побарана парична казна за скопјанец заради непочитување на самоизолацијата

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице кое не постапило согласно издаденото Решение за задолжителна самоизолација. Против обвинетиот пред надлежен суд е поднесен Предлог за издавање казнен налог за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Обвинителството му предложи на Основниот … Повеќе

Јовески за МИА: Обвинителството е подготвено за примена на одредбите од новиот Закон, предметите на СЈО ќе добијат завршница

Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески во интервју за МИА уверува дека Јавното обвинителство е подготвено и со целосна посветеност и залагање ќе пристапи кон примената на одредбите од новиот Закон за јавно обвинителство што денеска стапи на сила. Законските решенија, како што посочува, содржат добра основа за современо јавно обвинителство, како надлежен орган за гонење … Повеќе

Чичко осомничен за малтретирање малолетни брат и сестра

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Запуштање и малтретирање на малолетно лице од член 201 став 1 од Кривичниот законик. На 28 јуни, осомничениот 46-годишник, со грубо запоставување на својата должност за грижа и воспитување, малтретирал две деца … Повеќе

Скопјанец обвинет за тешка кражба на златен накит

По спроведена претходна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје до надлежен суд поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Тешка кражба од член 236 став 1 точка 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот, на 09.12.2019 година, провалил во куќа на улица „Финска“ во Скопје, насилно отворајќи ја заклучената врата од балконот со нож. По … Повеќе

Предадена донацијата од Амбасада на САД за правосудството за справување со Ковид-19

Амбасадорката на САД Н.Е. Кејт Мари Брнз денеска во Јавното обвинителство на Република Северна Македонија ја предаде донацијата од Соединетите Американски Држави, преку Бирото за меѓународна борба против наркотици и спроведување на законите (ИНЛ). Донацијата со вредност од 35.000 американски долари е наменета како поддршка за намалување на ширењето на КОВИД-19. „Ова е едно исклучително … Повеќе

Побарани парични казни за непочитување на здравствените прописи во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе предлози за издавање казнени налози против 16 лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Од нив, 15 не постапиле согласно Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија, односно … Повеќе

Еден осомничен за недозволено држење оружје и муниција

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради основано сомнение дека сторило кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот на возраст од 38 години, во својот дом на улица „Дижонска“ … Повеќе

Жител на Арачиново обвинет за убиство на сопругата

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривичните дела – Убиство од член 123 став 2 точка 2 и Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот 39-годишник, на 29 април, во семејниот дом во селото Арачиново, при вршење … Повеќе

Српски државјанин обвинет за тешки дела против безбедноста во сообраќајот

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен предлог против еден државјанин на Република Србија за кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 4 во врска со член 297 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот на 18 … Повеќе

Отфрлена кривичната пријава за лекарска грешка во случајот со пациентот Булент Ибрахим

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Решение за отфрлање на кривичната пријава против три физички и две правни лица за Тешки дела против здравјето на луѓето од член 217 став 2 во врска со член 207 став 1 од Кривичниот законик, а во врска со смртта на лицето Булент Ибрахим. Кривичната пријава од … Повеќе

Поведена постапка за полов напад врз дете

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, жител на битолско село, за сторено кривично дело –  Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години од член 188 став 1 од Кривичниот законик. Истовремено, јавниот обвинител до Основниот суд Битола поднесе Предлог за определување притвор за осомничениот, бидејќи постојат … Повеќе

Поведени постапки против вкупно 23 лица во Скопје, предложени парични казни

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе предлози за издавање казнени налози против 22 лица кои не го почитувале полицискиот час, односно донесената Одлука за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија. Сите се обвинети дека го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 … Повеќе

Две лица во Скопје осомничени за тешка кражба на кипер

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица поради основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело – Тешка кражба од член 236 став 2 во врска со став 1 точка 1 и во врска со член 22 од Кривичниот законик. Осомничените, на возраст од 39 и … Повеќе

Седумдесет лица во Скопје обвинети за непочитување на полицискиот час

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје денеска поднесе предлози за издавање казнени налози против вкупно 70 лица обвинети за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Сите обвинети не постапиле согласно Одлуката за забрана и посебен режим за движење на … Повеќе