Роден е 1935 година во Охрид. Дипломирал на Правниот факултет во Скопје 1959 година.
Во јавно обвинителската работа е од 1967 година кога е назначен за Заменик на јавниот обвинител во Општинското јавно обвинителство во Охрид, по што е именуван за Општински јавен обвинител во Охрид (1969-1974), а подоцна и за Окружен јавен обвинител во Окружното јавно обвинителство во Скопје.
Функцијата Јавен обвинител на Социјалистичка Република Македонија ја извршува од 1984 до 1989 година кога е избран за Републички секретар за внатрешни работи и член на Извршен совет на Социјалистичка Република Македонија.
Во 1991 година е избран на функција Заменик јавен обвинител на Република Северна Македонија која ја извршува до 1992 година.