



ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
Република Северна Македонија
31010 ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески денеска оствари средба со претседателот на Европравда Ладислав Хамран. На средбата присуствуваа и јавни обвинители од ЈОРСМ , како и јавниот обвинител за врска на Република Северна Македонија во Европравда Ленче Ристоска. На средбата со Хамран, кој воедно е национален член на Република Словачка во Европравда, беше … Повеќе
Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески се обрати на 107-та седница на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците на Собранието на Република Северна Македонија, во рамките на јавната расправа на тема: „Јавното обвинителство како ефикасен орган во борба против корупцијата“.
Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески денеска одржа работен состанок со делегација на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) предводена од претседателката Билјана Ивановска. На состанокот беа разменети заемните заложби за подобрување на меѓусебната соработка за прашања од заеднички интерес, особено во насока на поефикасна борба против корупцијата. Договорена е континуирана комуникација … Повеќе
Годишен извештај за работењето на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија за 2018 година
Почитувани, колеги јавни обвинители, почитувани претставници на медиумите, Зад нас е 2019-та, година во која јавното обвинителство беше поставено пред бројни предизвици. Година во која ја покажавме неселективноста во спроведување на законите, година во којашто на политичарите и моќниците им стана јасно дека одлуките не се носат во нечии кабинети, туку нив ги носат обвинителите … Повеќе
Јавното обвинителство на Република Северна Македонија ја презентираше новата интернет страница www.jorm.gov.mk, овозможена со финансиска поддршка од Мисијата на ОБСЕ во Скопје. „Јавното обвинителство како орган кој ги гони сторителите на кривичните дела и се грижи за функционирањето на казнениот правен систем, има обврска јасно и транспарентно да ги споделува информациите со јавноста. Објавувањето на … Повеќе
Јавното обвинителство на Република Северна Македонија ќе ја промовира новата интернет страница овозможена со финансиска поддршка од Мисијата на ОБСЕ во Скопје. Промоцијата ќе се одржи на брифинг на кој ќе присуствуваат Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески и Амбасадорот Клеменс Која, шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје. Настанот ќе се одржи … Повеќе
Јавното обвинителство на Република Северна Македонија ги следи реакциите по донесената одлука на Апелациониот суд Скопје за замена на мерката притвор со куќен притвор за обвинето лице во случајот „Рекет“. Како единствен државен орган кој е надлежен за кривично гонење и се грижи за законитоста на кривичниот прогон, јавното обвинителство нагласува дека ги почитува судските … Повеќе
Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески и обвинителот за врска со Eurojust Ленче Ристоска остварија средба со Ерик Винкен, проект менаџер на ИПА/2017 Проектот за борба против сериозен криминал во Западен Балкан и со членовите на делегираниот проектен тим за земјава. На средбата се разговараше за неодамнешните активности и идните можности за соработка … Повеќе
Јавното обвинителство на Република Северна Македонија ги презеде предметите од Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите. По преземањето на предметите, доверени се на јавните обвинители кои дотогаш постапувале по конкретните предмети се до определување на надлежно Јавно обвинителство и јавен обвинител кој ќе … Повеќе
Јавното обвинителство, Министерството за внатрешни работи, Управата за финансиска полиција и Царинската управа на Република Северна Македонија во соработка со Германската фондација за меѓународна правна соработка (ИРЗ) и Министерството за правда на Република Хрватска денеска го означија почетокот на имплементацијата на твининг проектот финансиран од Европската унија: „Градење на институционалниот капацитет на истражниот центар“
Општата цел на проектот е подобрување на ефикасноста и делотворноста на кривичната правда преку ефикасно функционирање на истражните центри, кои вклучуваат истражители од различни профили во спроведување брзи, транспарентни и ефикасни предистражни и истражни постапки.
„Во 2018 година беше донесена одлука во која е определен бројот на припадници на правосудна полиција во истражните центри, но тие до овој момент се уште не се заживеани. Овој проект доаѓа во вистинско време“, нагласи Љубомир Јовески, Јавен обвинител на Република Северна Македонија.
Јавното обвинителство на Република Северна Македонија на одржаниот Стручен колегиум на јавните обвинители во Јавното обвинителство на Република Северна Македонија на 05.09.2019 година, го разгледа Известувањето испратено од Јавниот обвинител за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите доставено преку судија на претходна постапка од Основниот кривичен … Повеќе
Јавното обвинителство на Република Северна Македонија ја известува јавноста дека денеска судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави известување од Јавниот обвинител за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, кое го примил преку КПУ Затвор Скопје- Скопје. Во известувањето се наведува дека Јавниот … Повеќе
Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески денеска го прими во официјална посета Генералниот обвинител на Република Казахстан Гизат Дауренбекович Нурдаулетов. На средбата тие разменија искуства и меѓусебно се запознаа со состојбите во јавнообвинителските системи на двете земји, а разговараа и за текот на реформите во правосудството. Нурдаулетов, со декрет на Претседателот на Република … Повеќе
Јавното обвинителство на Република Северна Македонија укажува дека не е време за напади на институциите и нема да дозволи дискредитирање на обвинители и мешање во кривични постапки од страна на политичарите. Изјавата на претседателот на Република Северна Македонија дека дава целосна поддршка на обвинителството и дека ќе ги употреби сите уставни и законски овластувања за … Повеќе