Потпишан меморандум за соработка и воспоставување на ЛЕРМС системот за меѓуинституционална размена на информации

Потпишан меморандум за соработка и воспоставување на ЛЕРМС системот за меѓуинституционална размена на информации

Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, Министерството за внатрешни работи, Царинската управа, Управата за финансиска полиција, Управата за финансиско разузнавање и Агенцијата за управување со одземен имот потпишаа меморандум за воспоставување систем за евиденција, податоци и управување со предмети – ЛЕРМС, финансиран од Европската Унија. Со системот се воспоставува соработка и интероперабилност, а се зајакнува … Повеќе

Македонско-француската правосудна соработка – тема на средбата на Савески со францускиот амбасадор и судијата за врски со регионот

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Ненад Савески денеска беше домаќин на делегација предводена од амбасадорот на Република Франција во земјава Кристоф Ле Риголер. На средбата јавниот обвинител се запозна со назначениот судија за врски на Франција во регионот на Југоисточна Европа. На средбата присуствуваа и Сесилија Мароние, француски технички експерт во Министерството за правда … Повеќе

Савески учествуваше на форум на балканските државни обвинители во Анталија

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Ненад Савески учествуваше на 5. Работен форум на државни јавни обвинители од балканските земји, што се одржа во Анталија, Р.Турција. На форумот, Савески имаше излагање на тема “Финансирање тероризам, перење пари и конфискација на незаконски стекнатиот имот”. Во излагањето, тој се осврна на искуствата на нашата земја во борбата … Повеќе

Поефективно презентирање на доказите и зголемена транспарентност – ОБСЕ позитивно го оценува обвинителството во постапките за организиран криминал и корупција

Јавното обвинителство дополнително ги надградува добрите практики за редовна комуникација со јавноста, објавувајќи соопштенија, резимеа и организирајќи брифинзи за случаите опфатени од страна на Регионалниот проект за набљудување судски процеси во Западен Балкан, кој го спроведува ОБСЕ со финансиска поддршка од Европската Унија. Јавниот обвинител Елвин Вели од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, претседателот … Повеќе

Завршна посета на амбасадорот на ОБСЕ Вал во Јавното обвинителство

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Ненад Савески денеска го прими на завршна средба амабасадорот Килиан Вал кој го завршува својот мандат како шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје. На средбата, Савески изрази благодарност за континуираната поддршка што ја дава оваа организација за повеќе проекти од исклучителна важност за Јавното обвинителство, кои се однесуваат … Повеќе

СООПШТЕНИЕ

Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија, Јавното обвинителство на Република Северна Македонија и Здружението на јавните обвинители бараат од Уставниот суд итно да ги стави на дневен ред и да ги разгледа поднесените иницијативи за оценување на уставноста на одредбите од Законот за изменување и дополнување на Законот за платите на јавните обвинители, … Повеќе

Билатерални средби со претставници на обвинителствата од Јужна Америка за соработка во борбата против трговија со луѓе

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Ненад Савески и јавни обвинители од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција кои постапуваат во предмети за кривичното дело – Трговија со луѓе денеска остварија билатерални средби со претставници на обвинителствата од Бразил, Колумбија и Венецуела кои во нивните земји постапуваат по ваков вид на … Повеќе

Савески на отворањето на регионална конференција на УНОДЦ за прекугранична соработка и заштита на жртвите на трговија со луѓе

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Ненад Савески денеска се обрати на отворањето на Регионалната експертска средба посветена на зајакнувањето на прекуграничната соработка и заштитата на странските жртви на трговија со луѓе во Западниот Балкан, што во организацијата на Канцеларијата на Обединетите нации за борба против дрога и криминал (УНОДЦ) се одржува во Скопје. “Трговијата … Повеќе

Претставување на кандидатите за Основен јавен обвинител на ОЈОГОКК

На 53-тата седница денеска, Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија им овозможи на петмината пријавени кандидати за Основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција да се претстават пред Советот и пошироката јавност и да ги презентираат своите програми за работа. Нивното претставување беше снимено од страна … Повеќе

Јавниот обвинител на РСМ на средба со претставници на Канцеларијата на ОН за борба против дрога и криминал (UNODC)

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Ненад Савески денеска ги прими во работна посета претставниците на Канцеларијата на ОН за борба против дрога и криминал (UNODC), со кои разговараше за можностите за унапредување на соработката во повеќе специфични области од областа на борбата против прекуграничниот криминал, размената на информации и спречување на илегалната трговија со … Повеќе

Регионалната соработка меѓу обвинителствата во фокусот на конференција за постапување по предмети за воени злосторства во Скопје

Главните јавни обвинители и обвинители кои постапуваат по предмети за воени злосторства од Западен Балкан, како и претставници на Меѓународниот резидуален механизам за кривични трибунали во Хаг, учествуваат на дводневната Регионална конференција на обвинители за соработка во постапките за воени злосторства, која денес започна во Скопје. Конференцијата ја продолжува традицијата на регионални средби на обвинителските … Повеќе

Јавниот обвинител на РСМ на средба со експертски тим од Словенечката развојна академија

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Ненад Савески денеска оствари средба со експертски тим од Словенечката развојна академија во состав: Андреја Долничар Јерај, програмска и извршна директорка, Јоже Левашич, виш државен обвинител во Р. Словенија, д-р Татјана Драговиќ, експерт за учење кај возрасни и развој на професионални компетенции во правосудството и органите за спроведување на … Повеќе

Средба Савески – Ѓорѓиевски

Јавните обвинители и адвокатите се на спротивставени страни во судница, но на иста страна кога станува збор за почитувањето на човековите права и стандардите на кривичната постапка, заеднички заклучија Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Ненад Савески и претседателот на Адвокатската комора на Република Северна Македонија Лазо Ѓорѓиевски на денешната средба. Од средбата Савески и … Повеќе

Промовиран прирачник за примена на мерката притвор низ призмата на член 5 од Европската конвенција за човекови права

Во просториите на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, Академијата за судии и јавни обвинители денеска го промовираше Прирачникот за примена на мерката притвор низ примата на член 5 од Европската конвенција за човекови права. Изготвувањето на овој Прирачник претставува значаен придонес кон унапредувањето на примената на стандардите утврдени со член 5 од Европската конвенција … Повеќе

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија на средба со претставници на Транспаренси Интернешнл-Македонија

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Ненад Савески оствари средба со претседателот на Транспаренси Интернешнл – Македонија Благоја Пандовски и Генералниот секретар на оваа ортанизација Методи Зајков. На средбата стана збор за можностите за реализација на заеднички активности во насока на зајакнување на соработката од областа на борбата против корупцијата и организираниот криминал. Притоа, ТИ-Македонија … Повеќе

Реакција

Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија, Јавното обвинителство на Република Северна Македонија и Здружението на јавните обвинители изразуваат сериозна загриженост поради непостапувањето на Уставниот суд по поднесените иницијативи за оценување на уставноста на одредбите од Законот за изменување и дополнување на Законот за платите на јавните обвинители, како и Законот за платите на … Повеќе

Државниот обвинител Савески на состанок на високо ниво за предметите поврзани со Скај ЕЦЦ платформата во Париз

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Ненад Савески учествува на состанокот на високо ниво во Париз, Франција, организиран од Европравда и Проектот за кривична правда на Западен Балкан, посветен на прибавувањето, анализата и ефикасното искористување на докази од Скај ЕЦЦ платформата во сложени случаи кои се од областа на организираниот прекуграничен криминал. Заедно со Савески … Повеќе

Средба на Јавниот обвинител на РСМ Савески со директорот на Финансиската полиција Ивановски

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Ненад Савески на денешната средба со директорот на Управата за финансиска полиција Слободан Ивановски разговараше за зајакнувањето на меѓуинституционалната соработка во борбата против финансискиот криминал и корупцијата. На средбата ги разгледаа можностите за унапредување на координацијата и размената на информации помеѓу Управата за финансиска полиција и Јавното обвинителство, со … Повеќе