Годишен извештај за работата на јавните обвинителства во 2025 година
Целосен текст на извештајот
Целосен текст на извештајот
Јавното обвинителство на Република Северна Македонија денеска го промовираше новото лого, односно новиот симбол на институцијата, кој беше усвоен од Колегиумот на републичкото обвинителство. Логотипот е конструиран врз прецизна геометриска структура со цел да се обезбеди визуелна рамнотежа, стабилност и препознатливост во сите формати и апликации. Колорниот систем е составен од темно сина и златна … Повеќе
Јавното обвинителство на Република Северна Македонија и Канцеларијата на Генералниот обвинител на Република Португалија потпишаа Меморандум за соработка во повеќе клучни области од заеднички интерес. Меморандумот во Лисабон го потпиша Генералниот обвинител на Република Португалија Амадеу Гера, додека од македонска страна во Скопје свој потпис стави Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Ненад Савески. Денеска, … Повеќе
Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Ненад Савески денеска во Сараево учествуваше на Третиот консултативен форум на државни и специјални обвинители од Западен Балкан што се одржува во организација на Европравда. На состанокот учествуваше и основниот јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција Ислам Абази. Само со координирани дејствија, со … Повеќе
Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Ненад Савески и амбасадорката на Словачката Република Ивета Хрицова на заедничка средба ги разгледаа можностите за идна соработка особено во областа на реализацијата на европските реформи во работата на Јавното обвинителство. Меѓу клучните активности во претстојниот период, преку контакти со словачкото обвинителство, ќе биде иницирана размена на искуства во … Повеќе
Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Ненад Савески денеска оствари средба со италијанскиот амбасадор во земјава Паоло Палминтери. Соработката на Јавното обвинителство со Република Италија е екстензивна, а Италија како еден од најсилните поддржувачи на Македонија во ЕУ е силно заинтересирана за областа владеење на правото. Италијанскиот амбасадор пред државниот обвинител ги презентираше досегашните активности … Повеќе
Претставниците на Регионалниот проект на ОБСЕ за мониторинг на судски постапки од областа на корупцијата и организираниот криминал денеска остварија средба со Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Ненад Савески, со кого разговараа за областите во кои овој проект ја следи и поддржува работата на обвинителството. Државниот обвинител им се заблагодари за досегашните активности, нагласувајќи … Повеќе
Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Ненад Савески денеска оствари средба со директорката на Оперативно- техничката агенција ОТА Марија Јаническа на која дискутираа за соработката меѓу двете институции, клучна како гарант на ефикасноста на системот за следење на комуникациите за потребите на кривичната постапка со почитување на основните човекови слободи и права. Двајцата оценија дека … Повеќе
Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Ненад Савески и претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата Адем Чучуљ денеска го потпишаа новиот Меморандум за соработка меѓу двете институции во следните три години. Како клучен дел од документот се активностите за развивање, унапредување и имплементација на системот на интегритет во Јавното обвинителство, што се спроведува … Повеќе
Без високо ниво на институционална отвореност јавноста нема можност соодветно да ги разбере и да ги оцени нашите одлуки, истакна Јавниот обвинител на РСМ Ненад Савески во своето обраќање на конференцијата “Транспарентноста како клучен фактор во работата на Советот на jавните обвинители на Република Северна Македонија”, во организација на Проектот “Поддршка на ЕУ за владеење … Повеќе
Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Ненад Савески денеска ја посети Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“, каде со директорката Ирина Трајкоска – Стрезоски разговараше за интензивирање на соработката меѓу двете институции. Соработката во следниот период ќе се фокусира на зголемување на можностите за обуки на јавните обвинители и на јавнообвинителските службеници за … Повеќе
Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Ненад Савески денеска го прими во посета Армен Григоријан, шеф на мисијата на УНДП во земјава. На средбата разговараа за досегашната соработка и за плановите и можностите за нејзино проширување во повеќе области. Мисијата на УНДП е фокусирана на поддршка на активностите за транзициска правда, социјална кохезија и јакнење … Повеќе
Во посета на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија денеска беа студенти на Правниот факултет “Јустинијан Први”, од студиската група – Односи со јавност, предводени од раководителот на Катедрата, професорката Јасна Бачовска – Недиќ. Јавниот обвинител на РСМ Ненад Савески ги запозна студентите до плановите за зголемување на транспарентноста и за јакнење на довербата во … Повеќе
Јавното обвинителство на Република Северна Македонија и Комитетот за истрага на воздухопловни несреќи и сериозни инциденти (КИНСИВ) потпишаа Меморандум за соработка со цел унапредување на соработката и размената на информации поврзани со истраги на воздухопловни несреќи и сериозни инциденти. Меморандумот го потпишаа Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Ненад Савески и претседателот на Комитетот Марјан … Повеќе
Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Ненад Савески денеска оствари средба со вршителката на должноста шеф на мисијата на САД во земјава Никол Варнс, со која разговараше за приоритетите од аспект на подобрување на работата и зголемување на ефикасноста на Јавното обвинителство. Савески се заблагодари за континуираната американска поддршка за унапредување на целокупниот систем за … Повеќе
Во рамките на заложбите за поефикасна координација меѓу Јавното обвинителство на РСМ и Врховниот суд на РСМ, државниот јавен обвинител Ненад Савески денеска оствари работна средба со претседателот на Врховниот суд Африм Фидани. Тие разговараа за повеќе прашања кои треба да овозможат поефикасно постапување по предметите во надлежност на највисокиот суд, а по кои постапува … Повеќе
Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Ненад Савески денеска оствари средба со амбасадорката на Кралството Холандија во нашата земја Узлем Џанел, со која разговараше за приоритетите и очекувањата во однос на извршувањето на највисоката јавнообвинителска функција. Амбасадорката Џанел му честиташе на изборот, при што и двајцата се осврнаа на клучните предизвици во поглед на дигитализацијата, … Повеќе
Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Ненад Савески денеска, по повод свеченото одбележување на 34 години од основањето на Царинската управа денеска прими Плакета со повелба што му ја врачи директорот Бобан Николовски во знак на долгорочната соработка меѓу двете институции. Блиската соработка при истражување и кривично гонење на организираниот криминал и нелегалните царински активности … Повеќе
Јавниот обвинител на Република Северна Македонија м-р Ненад Савески денеска оствари работен состанок со тим на Државниот завод за ревизија предводен од Главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски и Заменик-главниот државен ревизор м-р Орхан Адеми. На состанокот беше изразено задоволство од досегашната меѓуинституционална соработка, а се разговараше и за нејзино продолжување и продлабочување со посебен … Повеќе
Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Ненад Савески и директорот на Агенцијата за национална безбедност Бојан Христовски денеска потпишаа Меморандум за соработка меѓу двете институции. Целта на Меморандумот е дополнително развивање и унапредување на соработката меѓу Јавното обвинителство и Агенцијата што треба да овозможи ефективна и ефикасна превенција и кривичен прогон. Покрај зајакнување на законски … Повеќе