Притвор за лице во Кичево кај кое беше пронајдена марихуана

Притвор за лице во Кичево кај кое беше пронајдена марихуана

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомневање дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од чл.215 ст.1 од Кривичниот законик. При претрес во домот на осомничениот во Кичево, во подрумска просторија на улицата „Мехмед … Повеќе

Тројца осомничени за кражби на дрзок начин на гостиварскиот пазар

Основното јавно обвинителство Гостивар отвори постапка против три лица, осомничени за две кривични дела – Тешка кражба од член 236 став 1 точка 3 во врска со член 22 од Кривичниот законик. Осомничените, од кои еден државјанин на Република Северна Македонија и двајца државјани на Република Косово, на 29 октомври, со возило марка Фолксваген голф … Повеќе

Три лица во Гостивар осомничени за разбојништво врз камионџија

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица, осомничени дека како соизвршители сториле кривично дело – Разбојништво од член 237 став 4 во врска со став 1 и во врска со член 22 од Кривичниот законик. Осомничените, на 25 октомври, во близина на наплатна станица на автопатот Гостивар-Тетово, замолиле едно … Повеќе

Кичевец осомничен за обид за силување

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице од Кичево осомничено дека сторило кривично дело – Силување од член 186 став 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик. Осомничениот 22-годишник, на 22 октомври, со употреба на сила и закана дека непосредно ќе нападне врз животот и … Повеќе

Поведена постапка против полицаец за злоупотреба на службената положба и овластување

Основното јавно обвинителство Гостивар оформи предмет против едно лице, 50 – годишен полицаец од с.Јанче, општина Маврово и Ростуше, поради основано сомнение дека сторил кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот полицаец го сторил делото на 21 септември, околу 16.20 часот, кога по завршување … Повеќе

Отворена истрага против жител на Кичево во чиј дом беше пронајдена марихуана

Основното јавно обвинителство Гостивар отвори постапка против едно лице, осомничено дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. При претрес во домот на осомничениот во Кичево, на 20 септември, била пронајдена наркотична дрога – марихуана со вкупна нето … Повеќе

Поведена постапка за трговија со дрога

Основното јавно обвинителство Гостивар поведе постапка против едно лице жител на село Долна Бањица, гостиварско, поради постоење основано сомнение дека го сторило кривичното дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот 24-годишен жител на Гостивар, на 31 август набавил и … Повеќе

Јавен обвинител од ОЈО Гостивар заврши со увидот каде рано утринава беше извршено убиство

Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар, по завршениот увид донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, осомничено дека сторило кривично дело – Убиство од член 123 став 1 од Кривичниот закон. При увидот презеде низа дејствија во насока на расветлување на кривично правниот настан, издадени се наредби за прибирање на траги од … Повеќе

Поведена постапка за разбојништвото во гостиварското село Равен

Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар поведе постапка против три лица за кои постои основано сомнение дека во соизвршителство го сториле кривичното дело – Разбојништво од член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик. На 18 август  оштетениот, 72-годишен жител на с.Равен ја поканил осомничената во својот дом. По неа … Повеќе

Истрага за две лица кај кои беше пронајдена дрога

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик. Осомничените, албанските државјани на возраст од 21 и … Повеќе

Поведена постапка за обид за убиство

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради постоење основано сомнение дека сторило кривично дело – Убиство од член 123 став 1 во врска со член 19 од Кривичниот законик. Обидот за убиство за кој обвинителството ја поведе постапката се случил на 2 јули околу 4.30 часот во угостителски … Повеќе

Двајца албански државјани осомничени за трговија со марихуана во Гостивар

Основното јавно обвинителство Гостивар поведе постапка против две лица, државјани на Република Албанија за сторено кривично дело Неовластено производство и пуштање во промет  на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Осомничените на 11 јуни се движеле со патничко моторно возило Фолксваген голф со регистарски ознаки од Република … Повеќе

Одобрен притвор за осомничен за напад врз полициски службеници во Маврово

Основното јавно обвинителство Гостивар отвори постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста од член 383 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот 20-годишен жител на село Леуново, на 21.05.2019 година, бил пријавен дека кршел и … Повеќе

Албански државјанин осомничен за нанесување тешка телесна повреда во село Неготино

Основното јавно обвинителство Гостивар отвори постапка против едно лице осомничено дека сторило кривично дело – Тешка телесна повреда од член 131 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот е државјанин на Република Албанија кој во село Неготино, општина Врапчиште престојувал во напуштена куќа, без регулиран престој во државава. Заедно со него во куќата престојувале уште петмина … Повеќе

Едно лице осомничено дека неовластено држело поголемо количество муниција

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. На 09.05.2019 година, на магистралниот пат Кичево-Гостивар, при … Повеќе

Поднесен обвинителен акт за тројното убиство во Дебар

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен акт против три лица кои се товарат дека биле инволвирани во убиство на тричлено семејство во Дебар. По сеопфатна истражна постапка, обвинителството обезбеди докази дека првообвинетата сторила кривично дело – Убиство од чл.123 ст.3 од Кривичниот законик, додека другите двајца се обвинети за помагање при извршување на истото кривично … Повеќе

Едно лице под истрага за пронајдени растенија канабис во кичевско Лисичане

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, осомничено за сторено кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. При претрес во домот на осомничениот 40-годишник, во кичевското село Лисичане, била пронајдена импровизирана лабораторија за … Повеќе

Обвинение за убиството во угостителски објект во Кичево

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесен Обвинителен акт против едно лице за сторено кривично дело Убиство од член 123 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот на 29.12.2018 година околу 17.00 часот во угостителски објект во Кичево со умисла го лишил од живот сопственикот на објектот. Без посебен повод и причина, откако претходно разговарале за негово работно … Повеќе

Две лица од Дебар осомничени за разбојништво во казино

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело – Разбојништво од член 237 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик. Лицата се осомничени дека како соизвршители на 15.04.2019 година одзеле околу 500.000 денари од казино во Дебар. Притоа, … Повеќе

Обвинителен акт за тројцата кои извршија полов напад врз дете од гостиварско

Поднесениот Обвинителен акт од Основното јавно обвинителство Гостивар опфаќа три лица кои во месеците март и јули во 2018 година извршија обљуба врз дете – жртва, со што сториле кривични дела за кои е запретена затворска казна од најмалку 12 години. Првообвинетиот се товари за сторено кривично дело Полов напад врз дете кое не наполнило … Повеќе