Постапка за три лица кои не се придржувале на забраната за движење во Гостивар

Постапка за три лица кои не се придржувале на забраната за движење во Гостивар

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе предлози за изрекување казнени налози за три лица кои го сториле кривичното дело – Непостапување според здравстевни прописи во време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Двајца од обвинетите на 23 март  во 21.30 часот, а третиот во 22.05 часот,  за време на епидемијата на опасна … Повеќе

Побарана парична казна за жител на Чегране

Основното јавно обвинителство Гостивар до Основниот суд во Гостивар поднесе Предлог за издавање казнен налог против едно лице, обвинето дека сторило кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот од 13 март бил должен да биде во задолжителна домашна самоизолација во траење од … Повеќе

Предлог за издавање казнен налог за гостиварец кој не се придржувал до здравствените прописи

Денеска Основното јавно обвинителство Гостивар во Основниот суд Гостивар поднесе Предлог за издавање казнен налог против едно лице, 58 -годишен жител на с. Добридол,   обвинет дека сторил кривично дело – Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот на 17. март послужувал гости седнати на маси … Повеќе

Побарана парична казна за гостиварец кој не се придржувал до здравствените прописи

Основното јавно обвинителство Гостивар до Основниот суд Гостивар поднесе Предлог за издавање казнен налог против управител на правно лице – угостителски објект,  обвинет дека сторил кривично дело – Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот на 16. март послужувал храна на гостин седнат на маса … Повеќе

Постапка за разбојничка кражба

Oсновното јавно обвинителство Гостивар донесе  Наредба за спроведување истражна постапка за 62-годишен жител на с.Форино, гостиварско поради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело – Разбојничка кражба од член 238 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот на 18 февруари, околу 10.00 часот, затечен во кражба употребил закана дека непосредно … Повеќе

Скопјанец осомничен за трговија со дрога во Гостивар

Основното јавно обвинителство Гостивар поведе постапка против лице од Скопје, на возраст од 26 години, за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело  – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 од Кривичниот законик. Осомничениот, во текот на месец февруари, набавил неодредено количество психотропни супстанции … Повеќе

Турска државјанка осомничена за обид за убиство во Гостивар

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против државјанка на Република Турција со привремен престој во Гостивар поради основано сомнение дека се обидела да стори кривично дело – Убиство од член 123 став 1 во врска со член 19 од Кривичниот законик. На 19 февруари, по претходна расправија, осомничената 24-годишна девојка со … Повеќе

Тројца албански државјани осомничени за трговија со дрога во Гостивар

Основното јавно обвинителство Гостивар поведе постапка против три лица, албански државјани, за кои постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело  – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик. Тројцата, од почетокот на месецов, набавиле … Повеќе

Чеченец осомничен за препродажба на дрога во Гостивар

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице од Република Чеченија, Руска Федерација, поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот 35-годишник, од засега непознато лице, купил … Повеќе

Поведена истрага против 22-годишен гостиварец кај кого беше пронајдена марихуана

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот неовластено заради продажба држел 51,8 грама наркотична дрога марихуана. Помал … Повеќе

Основното јавно обвинителство Гостивар побара притвор за инспектор во УЈП осомничен за примање поткуп

Основното јавно обвинителство Гостивар поведе постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривични дела – Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 и Примање поткуп од член 357 од Кривичниот законик. Осомничениот инспектор во Управата за јавни приходи – Тетово побарал поткуп од 300 евра од сопственик на правен … Повеќе

Наставник осомничен за полов напад врз ученичка

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години од член 188 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот наставник, на 29 јануари, во училиште во селото Чегране, извршил полови дејствија врз ученичка … Повеќе

Скопјанец под истрага за нелегална набавка на хашиш смола и масло од Албанија

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против лице од Скопје осомничено дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Според првичните сознанија, осомничениот 29-годишник, на 13 јануари, од непознато лице во Република Албанија набавил … Повеќе

Основното јавно обвинителство Гостивар работи на расчистување на сообраќајната несреќа во која загина полицаец

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар синоќа изврши увид на местото на сообраќајна незгода на автопатот А2 Тетово-Гостивар на околу 500 метри по местото викано Тумчевишка клучка, во која животот го загуби еден полициски службеник. Според првичните сознанија од увидот, до несреќата дошло кога лице кое управувало со автомобил Форд фокус, со кичевски … Повеќе

Поднесено обвинение за поседување оружје и муниција во дебарско

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен акт против лице осомничено за кривично дело – Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи од чл.396 ст.2 во врска со ст. 1 од Кривичниот законик. На 15.09.2017 година, во домот на обвинетиот во дебарското село Могорче било пронајдено полуавтоматско огнено оружје – … Повеќе

Гостиварец под истрага за трговија со марихуана и кокаин

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од чл.215 ст.1 од Кривичниот законик. На 10 декември полициски службеници се обиделе да извршат личен претрес на осомничениот 22-годишен … Повеќе

Побаран притвор за двајца дилери во Гостивар

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека како соизвршители  сториле кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик. Осомничените на 13-ти декември неовластено … Повеќе

Основното јавно обвинителство Гостивар проверува дали самоубиство на 13-годишна девојка е поврзано со секта

Основното јавно обвинителство Гостивар постапува за утврдување на причините за смртта на 13-годишно девојче од Гостивар, чие безживотно тело беше пронајдено во нејзиниот дом на 25 ноември. Иако првичните сознанија непосредно по настанот упатуваа дека се работи за случај на самоубиство, сепак поради определени индиции, истрагата продолжува со испитување на мотивите кои биле причина за … Повеќе

Поведена постапка за полов напад врз дете

Основното јавно обвинителство Гостивар поведе постапка против лице за кое постои основано сомнение дека извршило кривично дело – Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години од член 188 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот во повеќе наврати во текот на 2019 година искористил погодни прилики и извршил полови дејствија врз жртвата – дете … Повеќе